TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Повеќе од шест децении исчезнува една заборавена химна за Македонија, која државните власти од минатиот политички систем најстрого ја забранувале. Неа ја пееле учесниците во Втората светска војна, патриотите, иселениците, дури и делегатите на Првото заседание на АСНОМ, но комунистичките власти подоцна ја прогласиле за пробугарска и целосно ја забраниле.
Песната има наслов „Изгреј зора на свободата“, а во неа се пее за слободата на Македонија.
По Втората светска војна комунистите почнале да ја сметаат за бугарофилска, зашто била напишана со бугарски и со македонски зборови, така што оние што ја пееле ги сметале за сепаратисти, бугарофили или за македонски националисти, се потсетуваат нашите еминентни етномузиколози, историчари, поранешни политичари, политички затвореници и стари сограѓани.
Речиси сите ја паметат мелодијата и ден-денес можат да ја запеат „Изгреј зора“, но ретко кој се сеќава на целиот текст.
- Ја пеевме во војната во четириесеттите години, кога тука беа Бугарите, па и малку потоа. Беше песна за слободата на Македонија. Ја пеевме на бугарски*, ама по ослободувањето ја забранија и малкумина имаа смелост да ја запеат. Низ глава ми се врти дека некои и в затвор заминаа оти ги фатиле како ја пеат - ни раскажува 81-годишната Спасенија Б. од Скопје.
Вакво кажување за песната има и нејзиниот брат, Блаже Б. (78), пензиониран лекар, кој во минатиот систем бил затворен на Голи Оток.
- Комунистите почнаа да ја сметаат за пробугарска и затоа забрануваа да се пее и да се свири. Еднаш бев во Галичник, а таму тој ден свиреа некои зурлаџии и тапанџии. Покрај нив беше еден галичанец - учител и тој побара да му ја свират, но зурлаџиите се правдаа дека не ја знаат. Тоа беа педесеттите или шеесеттите години. Галичанецот им ја свиркаше со уста, демек да им помогне да се сетат, но тие се плашеа и не му ја отсвиреа - се потсетува Блаже.
Според домашните историчари и поети, „Изгреј зора“ е адаптација на една стихотворба со наслов „Марш на македонските револуционери“, која како македонска народноослободителна песна во 1943 година ја преадаптирал мистериозно загинатиот револуционер и голем македонски поет, Кочо Рацин.
Неколку професори од Факултетот за музички уметности во Скопје велат оти денес никој не се интересира за „Изгреј зора“, иако некои од нив во минатото ја проучувале. Еден од нив е Ѓорѓи Ѓорѓиев, етномузиколог од ФМУ. Тој оценува дека песната има борбен карактер и е мелодија за војнички марш.
- Песната е со борбен карактер и претставува марш. Имала пролетерска мотивација. Постои теза дека тоа што ние го сметаме за бугарска е всушност руска мелодија, која преку Бугарија била пренесена кај нас, а во Русија дошла можеби преку Франција. Тешко е да се каже чија е оваа песна. Песните немаат сајбија - потпевнувајќи објаснува професорот.
Но, некои негови колеги нервозно одбиваат да разговараат на оваа тема.
- Ајде момче, да не ја компликуваме работата! Никој ништо нема да ти каже за песната - рече еден наш познат етномузиколог, кој сакаше да остане анонимен.
По дузина прочитани историски книги, летописи и документи од времето на АСНОМ и од Втората светска војна, никаде не пронајдовме податоци за „Изгреј зора“. Единственото место каде што најдовме пишан доказ за химната беа неколку броја на весникот „Нова Македонија“ од 1944 и 1945 година. Во еден напис од 30 ноември 1944 година останало запишано: „...Пре негу што започна конференцијата со својата работа, хорот на Младинскиот сојуз, под раководство на другарот Гајдов ги испеа химните „Хеј Словени“ и „Изгреј зора“, кој бева стојејеки изслушани“.
Во друг напис од 3 декември 1944 година од Битола, се пишува: „...Меѓувремено музиката засвирва „Изгреј зора на Слободата“ и другарот Турунджиев го дава знамето со повик: Ова знаме на Илинденското востание Ви го предавам и верувам дека ќе го чувате (силни ракоплесканија)“.
Во една збирка од група автори, со наслов „Македонски народноослободителни песни“, од 1974 година, пак, се вели дека песната е најверојатно од источна Македонија.
Изгреј зора на свободата
Изгреј, зора на свободата,
Зора на вечната борба.
Изгреј в душите и срцата
на всички роби по света!
Тирани, чудо ште направим,
Ниј чуждо иго не трпим,
С јунашка крв ште ви удавим,
И пак ште се освободим!
Јунаци смели пак развиха
Окрвавени знамена;
Комити нови забродиха
Из македонската земја.
Тирани, чудо ште направим...
Ечат гори, полја, балкани
От бојни песни и Ура;
Сноват борците-великани:
Напред, готови за борба!
Тирани, чудо ште направим...
Нас ништо веч не ште уплаши,
И тиј живеем ден за ден...
Свештени са горите наши ;
Из тех свободни ште измрем!
„Изгреј зора на слободата“ била единствената официјална химна што се интонирала пред делегатите на Првото заседание на АСНОМ на 2 Август 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчињски“. На втората страница во весникот „Нова Македонија“ од 2 и 3 август 1945 година пишува за првата годишнина од АСНОМ и интегрално се пренесува атмосферата во салата.
„Иницијативниот одбор за свикуењето на Првото заседание на АСНОМ, бурно поздравен, си го завзима своето место на бината. По тишината која после тоа настапи, громогласно одекна химната „Изгреј зора на Слободата“. Панко Брашнаров, најстариот член на иницијативниот одбор, со тих и дрхтав глас го отвори заседанието“, пишува во весникот.
Химната се пеела и пред народни собири, седници, конференции и празници.
*Недоразбирањето е во тоа што баба Спасенија вели дека во бугарско песната била пеена на бугарски јазик, а не дека песната е напишана на бугарски. За волја на вистината говорот на Македонците во источна Република Македонија со тој на Македонците во Западна Република Бугарија е многу сличен. А тоа што Бугарите го заборавиле својот (татарски) јазик не е наша вина. Воопшто не значи дека ако нешто наше превземал некој друг дека ние треба да се откажеме од тоа. Кога сме на пример кај симболите тоа се златниот лав или шеснаестокракото сонце.