Херојска фантастика

Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Само да пишам дека не ја дочитав, ми се смачи на средина негде и ја баталив. Се префрлив на Stormlight Archive :D



Не бе. Не ми сметаа. Феро беше суштество убиено у поим, не може ни да се квалификува за ваков муабет. Монса беше површна, приглупа, инаетлива, без амбиција и цел живот влечена за ракав од брат и. Тој лик се развиваше кога беше фрлен во ситуација у која сите нејзини слабости дојдоа до израз. Џевра/Џавра беше таа Глокта шо ја самареше на секој чекор, така?

Оваа книга не е таква. Ликовите не се тие. Проблемов се влече од The Heroes и таа типката шо името не и го памтам во Angland. И со Бајаз се носеше таа, сите ги поеба и тоа пази, во провинција на северот, кај шо имаш дивјаци, орки и џинови. Нејзе и дава да раководи со едната страна, а на слабодушно маже и кукавица со другата. Нешто непомирливо со се дотогаш поставено како закон во тој дел од „светот“.
Не е филм, значи. Во First Law имаш типови како Бајаз, Глокта, Јару, Коска...па го имаш Вест, шо е чесен и пристоен млад дечко и го јаде не по негова вина. Па имаш лик како Џезал, наивен глуп морон. Тука сите мажи се глупи. Глуп е синот на таа во Англанд. Глуп е тој синот на тоа слабодушното на северот. Глуп е синот на Џезал. Сите шо си фаќаат работа со Савин излегуат глупи. Башка, жените имаат plot armor. Додека читав, ни на момент не помислив дека нешто ќе и се случи на Савин. Дека ќе ја силуваат, претепаат. Дека тие двете ужасно досадни кокошки на северот ќе ги фатат, па на една око ќе и ископаат. :D
Jа немаше таа тензија. Едната ја спасуваат у тоа градот, двеве ги спасува Shivers таман пред да ги фатат. Том и Џери.



Кур гледа Аберкромби. Ја ти викам ликовите да ги гледаш. Кои се карактерните слабости на Савин? Или на таа во Англанд? На Монса ти ги пишав, еве. И ако ми одговараш, изостави реченици од типот на „многу е амбициозна“.

Аберкромби е исплашен да не биде покажан со прст. Типот е страшно мекотел и, дури и кога му ги читав книгите од првиот серијал и му гледав интервјуа, приметив дека многу, ама многу се труди да докаже колкав тоа феминист е он. Тука има правено ревизии и на крај женските ликови му испаднаа досадни Mary Sue кокошки шо, ете, за жал, живеат у свет у кој глупи мажи натежнуваат на нивната генијалност.
Дочитај ја, па ќе зборуеме. :D
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
Gi ima nekade u mk Mistborn?
Ili nekoj da gi prodava?
@Beric Dondarrion
@Tegla
Ја книги читам на српски. Не на англиски.
Моето издание го купив од Топер, тие ги носат изданијата на Лагуна, која у Србија обично издава ЕФ книги.

Кога ги прочитав за прв пат на Мартин книгите почнав да купувам први делови од разни ЕФ книги. Имам подоста први делови дома. Ништо не ми беше добро како Мартин и Толкин и ниту една ЕФ книга не ја купив понатаму од прв дел. Све ми беше полошо. Сандерсон исто така.
(исклучок е само Аберкромби)

Читај Сандерсон, може тебе ќе ти се свиѓа. YA е, инаку.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
Ја разбирам повремено да стаиш жена на места кај што реалистично не би биле жени. И таа да се понаша како што вообичаено не се понашаат жени, али ова новово на Аберкромби е бре ко да ги гледам новите Star Trek и Star Wars, кај што све воини, терористи, адмирали и генерали се жени.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
Ја разбирам повремено да стаиш жена на места кај што реалистично не би биле жени. И таа да се понаша како што вообичаено не се понашаат жени, али ова новово на Аберкромби е бре ко да ги гледам новите Star Trek и Star Wars, кај што све воини, терористи, адмирали и генерали се жени.
Нека се жени. Ја немам проблем со тоа дека се жени. И во Малазан има жени, во GoT има жени воини, господари, терористи, пирати. Тие жени во тие книги имаат слабости, недостатоци, прават глупости, носат лоши, погрешни одлуки, тие одлуки влијаат на развојот/пропаста на тој лик и не се Mary Sue. Во Малазан, во втората книга, има еден лик, Felisin и тој лик, за мене, е еден од подобро напишаните женски ликови во жанрот. Знаеш зошто? Затоа шо мнозинството од тие шо ја читаат книгата го мразат тој лик. Ќе ти спојлнам малку, за да доловам. Фелисин е богаташка. Благородничка. Ја мава еврејската клетва, завршува у „логор“, во логорот еден од гангстерите шо неформално владеат ја силува цело време, ја користи и како bargaining chip, како сировина со другите затвореници, ама затоа шо и дава да се дрогира и не ја тера да работи, оваа се заљубува у него. Кога тие шо се пратени да ја спасат, ја спасуваат и ја вадат од логорот, оваа ги обвинува дека и го уништиле животот и и' ја одзеле/утепале најголемата љубов, па планира како да ги убие. Е тој лик е носечки столб во таа и четвртата книга од тој серијал.
Савин е кукавички напишана, со страв, со резерва.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
Па, да не се лажеме, ова го чекав долго време.

Ќе има филмска адаптација на книга од Аберкромби. Тоа е книгата од каде што почнав да читам. Четврта е хронолошки, ама ја препорачаа како опција за почнување. После ги прочитав и другите, секако, неколку пати.

Една од подобрите негови книги, која стварно плаче за адаптација, плус се уклопува во woke наративот, без да мора претрпи некои измени.
Сега, фала Богу, они можат и да напраат race-swap секогаш, али со половите не мораат многу да мењаат. Ја секако ќе го серам филмот ако нешто сменат ради идеологија.
Мала надеж пружа тоа што знам дека Аберкромби бил прилично стриктен кога зборувал за евентални адаптации на неговите книги. Плус, он е главен у сценариото, колку што знам.
Лошо е што е он самиот woke, па може свашта да дозволи.

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Воук страња може да очекуваме, но какви времиња дојдоа не очекувам да нема воук страња.
Автоматски споено мислење:

Туку до кај е бе тој дебелиот Мартин со последната книга, аман!

Глупости читам кога ќе ми дојде желба за жанрот, давајте некои препораки...
Еве нешто од мене:

Така така накај жалосно, но употребливо кога нема ништо подобро.
Поминав и куп други, но треба да се потсетам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Собата затоплена, обврските завршени, какаото до мене - почнувам со голем подвиг да го прочитам серијалот Тркалото на Времето од Роберт Џордан (The Wheel of Time) почнувајќи со првата публикувана книга Окото на Светот (The Eye of the World).
Ја заврши серијата? Ако дојде макар до пола тогаш честитки, но прво опиши ја состојбата на тестисите. Веројатноста е дека при процесот на читање ти биле отечени отприлика некаде до величина на лубеници. :D

Мери Сју (цела бригада од нив) среќава woke епска фантазија. Но еј - барем нема лгбт елементи, во „одбрана“ на Џордан тоа дојде нешто подоцна во однос на датумот на пишување на повеќето негови книги (инаку гарант и со тоа ќе се лигавеше)... На крај Сандерсон во последната книга малку го подизвади од *****, колку што може Сандерсон било што да извади од *****. Самиот факт дека серијата заврши е најдоброто нешто во врска со Тркалото на времето. :)
Инаку прилично добар почеток или барем некаде до половина на првата книга. И ако добро паметам го има еден од најдобрите уводни пасуси што сум ги прочитал.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.334
Поени од реакции
19.750
Ја заврши серијата? Ако дојде макар до пола тогаш честитки, но прво опиши ја состојбата на тестисите. Веројатноста е дека при процесот на читање ти биле отечени отприлика некаде до величина на лубеници. :D

Мери Сју (цела бригада од нив) среќава woke епска фантазија. Но еј - барем нема лгбт елементи, во „одбрана“ на Џордан тоа дојде нешто подоцна во однос на датумот на пишување на повеќето негови книги (инаку гарант и со тоа ќе се лигавеше)... На крај Сандерсон во последната книга малку го подизвади од *****, колку што може Сандерсон било што да извади од *****. Самиот факт дека серијата заврши е најдоброто нешто во врска со Тркалото на времето. :)
Инаку прилично добар почеток или барем некаде до половина на првата книга. И ако добро паметам го има еден од најдобрите уводни пасуси што сум ги прочитал.
Две само прочитав, третата ја оставив на пауза за неодредено време. Па океј беа, тоа што очекував и добив генерално но неретко беше малку напорно за читање.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
George R.R Martin announced having almost finished volume 6 "The Wind of Winter" and that he wants to release it next year!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.290
Поени од реакции
29.767
Две само прочитав, третата ја оставив на пауза за неодредено време. Па океј беа, тоа што очекував и добив генерално но неретко беше малку напорно за читање.
Чекај да дојдеш до 87-мата, па ќе зборуваме... :unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom