Херојска фантастика

D

Daedalus

Гостин
- Добро и детално осмислени ликови кои остануваат во карактер, наместо нелогични привремени ретардации (или обратно) заради потребите на мрзливо напишаниот развој кон основниот нацрт на дејствието.
Па ова им е муабетот што го зборат погоре. Тие карактери се толку добро осмислени што лесно можеш да емпатизираш со нив. И ти сакаш да идеш со субјективноста како аргумент пошто „кој со што емпатизира е субјективна ствар, еве баба ми емпатизира со карактери од турски серии, ерго, тоа не е показател за квалитет“, кога све што е показател за квалитет е субјективно како стварите што ги наведе погоре.
Ти сакаш да кажеш дека не е елементот на емпатизирање доволен, дека мора и карактерите да се добро обработени што е точно и според мојот критериум. Ама не си разбрал погоре. Погоре @Идиот на Социјализмот сака да каже дека „бидејќи карактерите се добро обработени, он може лесно да емпатизира со нив и ради тоа делото е добро“, а не „бидејќи тој може да емпатизира со нив, делото е добро“.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
За тие што ги прочитале First Law (не е некој споилер, ако некој друг сака да ѕирне):

Иде Глокта кај Арди и ја начекуе како читала некоја книга (Падот на Создавателот). Му се жали она на него, како книгава била досадна и он потврдува во муабетот.

Тука се гледа критка на Аберкромби кон вообичаениот нереалистичен шаблон на црно-бело при карактеризациите, толку присутен во епската фантастика (што не е случај со него и Мартин, нели). Конкретно кога Арди ја опишува Падот на Создавателот, приметив у ствари што опишува.:) (ваљда сите приметивте)
Иначе исто е познато дека Аберкромби мрзи мапи.


Па, добра фантастика е можна и без детални мапи. Аберкромби си има изградено став за таа работа, како и за авантурите на извесен хобит.
Јас сакам кога има мапи. Ама мапи како мапи, секој од нас може да замачка по неколку. Но иако не секогаш, тие можат да придонесат за продлабочување и разубавување на приказната.

Инаку, во однос на градењето ликови, како тоа го прават Мартин и Аберкромби, мислам дека креативните разлики и потенцијали, стилот на пишување и градење на дејството си наметнуваат сосем разбирливи разлики. Мартин се одлучил за голем број ликови, ми се чини, доста поголем од оној кај Аберкромби. Притоа се нафатил да пишува нашироко и во детали за измислениот му свет, опфаќајќи повеќе теми - религии, политики, истории, хералдика, обичаи и слично.
Кај Аберкромби рамките се потесни, но надоместува со продлабочување на карактерите на ликовите. И на двајцата добро им оди.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Инаку, во однос на градењето ликови, како тоа го прават Мартин и Аберкромби, мислам дека креативните разлики и потенцијали, стилот на пишување и градење на дејството си наметнуваат сосем разбирливи разлики. Мартин се одлучил за голем број ликови, ми се чини, доста поголем од оној кај Аберкромби. Притоа се нафатил да пишува нашироко и во детали за измислениот му свет, опфаќајќи повеќе теми - религии, политики, истории, хералдика, обичаи и слично.
Кај Аберкромби рамките се потесни, но надоместува со продлабочување на карактерите на ликовите. И на двајцата добро им оди.
Баш ова. (y)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да се надоврзам на муабетот за мапи, Мартин, и кој на што се фокусирал:

@Идиот на Социјализмот ете посочи дека Мартин се концентрира на целиот свет отколку карактерите. Да не беше мапата на http://quartermaester.info/ немаше да знам отприлика колку далеку се едни градови од други, особено во Езос. Три дена јавање, 7 дена пеш, мене не ми дава мерка за оддалеченост голема. И, еве показател дека Мартин не внимава многу на приканзите кои ги создава околу ликовите - гледам каде е Мereen на мапата, гледам и каде се другите градови од Slaver's Bay, воедно и Qarth. Ни беше дадено до знаење дека за стореното во Qarth, Калиси нема да спаси жива глава и веќно ќе ја гонат ворлоците, имавме и епизода кога ја најдоа во еден од градовите на Slaver's Bay, Можда беше Astapor, не ми текнува. Од Astapor до Mereen ене колку пат има. Од кога не чувме нешто ново за Qarth? Одеднаш ги снема, ко настаните да не се случени, и како таа вечна опасност што ќе ја демне одеднаш ја снемало или ја баталиле. Колку повеќе одолговлекува Мартин за оваа работа, толку поширок plothole ќе се направи.

Затоа ми се мене лично битни мапи, не само во овој случај, и во многу други. Ми даваат појасна слика за светот. Секако дека можам да се водам на писателот и како он го опишува светот, и деталите во него како кралства или градови, или теренски како изгледа во еден регион како во друг, ама многу полесно градам дводимензионална/тридимензионална слика за светот со присуство на мапа, колку и да е рудиментарна. Сфаќам дека постои и претерирам по тоа прашање, и сам би се обвинил за такво нешто, оти сум map-freak, али за фантазија или научна фантастика по некоја мапа не е на одмет да се има. За џабе не е.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Да се надоврзам на муабетот за мапи, Мартин, и кој на што се фокусирал:

@Идиот на Социјализмот ете посочи дека Мартин се концентрира на целиот свет отколку карактерите. Да не беше мапата на http://quartermaester.info/ немаше да знам отприлика колку далеку се едни градови од други, особено во Езос. Три дена јавање, 7 дена пеш, мене не ми дава мерка за оддалеченост голема. И, еве показател дека Мартин не внимава многу на приканзите кои ги создава околу ликовите - гледам каде е Мereen на мапата, гледам и каде се другите градови од Slaver's Bay, воедно и Qarth. Ни беше дадено до знаење дека за стореното во Qarth, Калиси нема да спаси жива глава и веќно ќе ја гонат ворлоците, имавме и епизода кога ја најдоа во еден од градовите на Slaver's Bay, Можда беше Astapor, не ми текнува. Од Astapor до Mereen ене колку пат има. Од кога не чувме нешто ново за Qarth? Одеднаш ги снема, ко настаните да не се случени, и како таа вечна опасност што ќе ја демне одеднаш ја снемало или ја баталиле. Колку повеќе одолговлекува Мартин за оваа работа, толку поширок plothole ќе се направи.

Затоа ми се мене лично битни мапи, не само во овој случај, и во многу други. Ми даваат појасна слика за светот. Секако дека можам да се водам на писателот и како он го опишува светот, и деталите во него како кралства или градови, или теренски како изгледа во еден регион како во друг, ама многу полесно градам дводимензионална/тридимензионална слика за светот со присуство на мапа, колку и да е рудиментарна. Сфаќам дека постои и претерирам по тоа прашање, и сам би се обвинил за такво нешто, оти сум map-freak, али за фантазија или научна фантастика по некоја мапа не е на одмет да се има. За џабе не е.
Па, ако ти се толку битни мапите (што е супер и ја сум на такво мнение), боље земи ги во предвид Lands of Ice and Fire (ја одма ги нарачав откоа излегоа). Тие се официјални, од Мартин (канон, како што велат).
Оваа што си ја ставил има убава презентација, фино што е интерактивна, али не е баш точна. Официјалните промени ги нема во неа, a и општо, не е точна. Спореди ја со, официјалнава .
Тие мапи излегоа година-две пред енциклопедијата и се комплементарни со неа.

Мапа со размер ретко се наоѓа. А требно е за раздалечини одредување. Оваа мапа е една од многуте неточни, ама има размер и може со шестар да се одреди раздалечина. Нешто со што, на пример не се заебаваат D&D, па затоа у серијата имаме веслање на не-seaman до Кингс Лендинг од Драгонстоун (приближно 900 km), или препловување околу Вестерос in no time и одма стигнување до Дредфут, од страна на Аша. Но, серијата има еден тон нелогичности па боље да ја остајме на мира.

Карт и не е така блиску до Заливот на Робовладетелите (како што можеш да видиш на мапата што ти ја посочив, а спротивно од твојата мапа). Но, сепак не е точно дека нигде ги нема. Тие (Карќаните) дипломатски притискаат цело време у пета книга. Дури и Ксаро доаѓа и и нуди бродови на Дени, у замена за фаќање магла од Заливот.
Во врска со Ворлоците, тие се само една од владеечките фракции од Карт и можно е да дејствуваат со остатокот на карќанската дипломатија/политика, која како што ти посочив е присутна, а има и наговестувања дека е присутна и со воени бродови во Заливот, во помош на Јункаи енд стаф.
Мислам дека Каити од Ашаи е тука, да предупреди и спречи, ако има некое срање од страна на Ворлоците.
 
Последно уредено:

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
@Beric Dondarrion - Фала за линковите, и објаснението. Ќе ги нарачам мапите во скоро време, чим се тие официјалните (оваа мислев е официјална колку-толку затоа што типов тврдеше дека ја апдејтува, ама изгледа дека не е така, а моли за пари за хостинг и нуди пакети книги на продажба преку линкови до амазон и сл.) и/или енциклопедиите (идат заедно?)

Инаку сега сфаќам зошто ми е забуната. Ради серијата прекинав да ги читам книгите, само првата ми е помината. Мислејќи дека серијата се држи до изворниот материјал колку-толку и дека тек сега ќе се оддалечува со новава сезона што доаѓа. Значи ова со Карт е повеќе масло на момциве што ја прават серијава него ли на Мартин. И Ксаро е жив? Ова ми дојде како позитива спојлер :eek: :D.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Уф, и ти ли @Шкорпион?
Љубител на читањето, и на жанров - а не си го читал Мартин поради серијата??

Кардинална грешка бате.
Јас па обратно правам, одбивам да ја гледам филмуваната серија се додека Мартин не ја заврши својата. Не дека не се обидов, но се откажав после неколку епизоди од првата сезона. Премногу измени и импровизации како и во секоја филмска адаптација.


Конкретно чашата ја прелеа моментот кога ликот на Кејт, кој патем е тој на сексуално привлечен црвенокос женски примерок, на жалост е глумен од баба која ни тони шминка никако не и помагаат да се стави во карактерот од книгата.
Ама тоа е само еден од поневажните моменти. Важното е дека книгите се ремек дело, а ти многу губиш што ги пропушташ. Посебно заради второкласна филмска серија.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Уф, и ти ли @Шкорпион?
Љубител на читањето, и на жанров - а не си го читал Мартин поради серијата??

Кардинална грешка бате.

Важното е дека книгите се ремек дело, а ти многу губиш што ги пропушташ. Посебно заради второкласна филмска серија.
Не знам, мене серијата ми е една од поомилените кои сум ги гледал на HBO. Заедно со Penny Dreadful. Книгите ги ставив на страна затоа што Мартин и така е од оние автори што споро пишуваат, а за серијава знаеме дека секоја година има нова сезона без промашај, чисто ради да избегнам потенцијални спојлери решив да ја завршам серијата па после книгите. Сега друго ме грижи. Очигледно е дека има доста разлики во споредба со книгите - гледајќи ја и серијата и читајќи ги книгите паралелно, да не ми се помеша се :D?

Инаку од жанрот читам и познати и непознати автори, и тие што би се нарекле квалитет, и тие кои повеќе создаваат некаков дериватив (квантитет) во жанрот. Не дискриминирам, освен ако испадне ептен лоша приказна понатаму, или ако не ме улови look inside делот или pitch-от, па да поминам понатаму. Така да, Мартин што не е до-читан уопште не е за чудење ако ме познаваш лично :D.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Димензијата на квалитетот на пишувањето на Мартин, е таква да заслепува и ги прави другите да изгледаат бледо покрај него.
На некој може да не му се допаѓа концептот што навидум знае да заличи на тие од телевизиските драми. На друг може да му смета мноштвото од ликови, па тоа да го доживее како „плиткост на истите“. Што се разбира не е точно, пошто Мартин е мајстор за обработка на ликови - кои секогаш се добро и целосно оформени, и секогаш имаат карактер кој го задржуваат или менуваат во однос на тоа како тие самите се менуваат.
Но секому неговото, а според мене - денес на Мартин му нема никој рамен. Ниту приближно.

Основното сценарио на Песната за Ледот и Оганот е многу добро осмислено, и понатаму уште подобро развиено во пошироката приказна. Мартин е секако мајстор на денешницата, автор кој ќе биде читан со децении и векови.
Штета е да се пропушти заради една потпросечна екранизација која колку и да е изгледа интересно, е само блед одраз на пишаното дело. Всушност тоа што со таков тапа кастинг, и со таква лоша адаптација успеале да направат така успешна серија - само зборува колку е квалитетен изворниот материјал.



Очигледно е дека има доста разлики во споредба со книгите - гледајќи ја и серијата и читајќи ги книгите паралелно, да не ми се помеша се :D?
Прв проблем е што не си замислуваш ликовите онака како што Мартин ги смислил и опишал.

Губиш многу не само заради тоа, туку и пошто филмаџиите го адаптираат дејствието на ограничените можности со кои располагаат. За разлика од нив, фантазијата на Мартин е ограничена само од неговиот интелект (кој е светлосни години пред тој на реализаторите на филмската серија).
Еве ти само еден банален пример за лошата адаптација:
Ликот на Кејт за кој зборев, го глуми баба наместо некоја расна црвенокоса милфица, каква опишува Мартин. Сето тоа пошто бабата ја нашле за евтини пари (како и 90% од кастингот).
Ликот на Кејт е битен, и ставањето на несоодветна глумица прави ретардации во нацртот на сценариото. На пример, Малопрстиот од мал е заљубен во Кејт, и понатаму многу дејствија во книгите произлегуваат од тоа.
А таа бабата што ја глуми Кејт, мислам у реду е, можеш да замислиш дека сопругот (единствениот навистина добар каст во серијата) има чуства кон мајката на своите деца - но зошто побогу Малопрстиот би ја сакал таа баба, тоа е целосно неразбирливо. Понатаму ретардирано е што не станува збор за старосна разлика меѓу нив, пошто Малопрстиот и Кејт се врсници (ниту батката е опишан како бабојеб). Понатаму најмалиот син на Кејт има само неколку години, а бабава изгледа како да има барем 60тина години... Итн, итн...

Понатаму, што ќе правиш кога алчните продуценти ќе ја снимат следната сезона ПРЕД МАРТИН ВООПШТО И ДА ЈА ДОВРШИ СЛЕДНАТА КНИГА?? :D

Ќе гледаш некоја алтернативен крај на Песната за Ледот и Оганот, напишан од рандом анонимен сценарист и глумена од потпросечни глумци, режирана од просечен режисер?
Просечна кон потпросечна филмска адаптација на едно тотално надпросечно дело - па уште и со алтернативен крај.

Штета. :(
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не, ќе ги дочитам книгите, работава беше да не ми се смешаат верзиите (не зборам на памет, многумина мешаат ликови и настани од книгите и серијата наизменично). Али ќе пробам сега напоредно се па ќе видиме како ќе иде. Ретко се создава адаптација како што треба, ако гледаме од тој аспект, најчесто затоа што има работи кои не можат да се преведат добро на големото платно. Затоа за серии и филмови се пишуваат оригинални сценарија кои ќе му бидат комплимент на форматот на медиумот. За серијата, we'll have to agree to disagree :). За специфики, како кастинг и отсликување на поедини ликови, во најголем дел се слагам, можело да биде и боље :). За книгите ќе бидеме горе-доле сложни - Мартин е уникатен автор (за мене не е врвен, мада ќе видиме дали тоа ќе се смени после поминување на сите книги), но Толкиен се уште ми е омилен. Читам кога можам, периодов слободното време бидејќи е покракто повеќе го користам во пишување него ли читање, но ако се враќам на претходни навики сакам освен Мартин да фатам нешто и од Аберкромби и Зелазни, одамна се оштрам и за двајцава.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Толкин се разбира е надвор од конкуренција. Но другиве спомнувани низ темава можат само вода да му носат на Мартин. ;)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Бабата Кејтлин е најмал проблем што го има серијата.
Серијата има други, суштински проблеми.

Како и да е, во лошиот пилот глумицата која беше избрана да ја глуми Кејт, беше нешто подобра, барем вака на изглед.
Оваа од Фифти Шејдс оф Греј.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
И таа од линкот е едно 15тина години постара одошто треба, ама барем донекаде проаѓа како милф.
Серијата има многу проблеми, јас само сакав да покажам како лош кастинг ги менува импликациите поставени во книгата. Како што не може бабата да биде врсник со Малопрстиот (или предмет на сексуална посакуваност на некој што не е бабојеб), така не може и повеќето од Северњаците да ги глумат кускуљи од метар и половина (хинт, потомството на Нед Старк). Не заради некаква естетика, туку заради нарушувањето на целата таа репутација на високи горштаци, брутални брут-форс воини од северот, кои војувааат со двораки мечови и секири тешки по два-триесет кила (без дршката). Првиот момент кога ќе испадне заедничка сцена со некој навистина висок глумец, целата работа станува смешна.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
одбивам да ја гледам филмуваната серија се додека Мартин не ја заврши својата.
Ја не знам како може љубител на книгите да ја чека новава сезона. Продуцентите ја масакрираа приказната во последната сезона. Ем изоставија многу битни, круцијални ликови (Мендерли дебелиот како најбитен), ем спојлнаа битни ствари од книгата без да разработат позадина и мотивации на ликовите. Тотално ги обезличија и двете последни книги. Ништо поинакво не очекувам од нареднава, се продава серијата, веќе и друга публика собра, настрана од таа на Мартин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom