Херојска фантастика

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Robin Hobb е pen(is) name на Margaret Astrid Lindholm. Веројатно мислела дека подобро ќе помине кај читателите на фантастиката како маж. ОК. И Џ. К. Ролинг така си мислела, а можеби била и малку инспирирана од Робин. Оваа е автор на еден подолг серијал од кој ги симнав првите три дела, односно првата трилогија (The Farseer Trilogy), која е преведена на српски. Фино пишува, создава неретко интересни ликови и приказната главно не е лоша. Ред династички борби за власт, ред учење разни занаети, ред магија, па пак борби и ете горе-долу вообичаена приказна за жанров со измислен свет сардисан од проблеми.
Не очекувајте спектакл како ASOIAF. Во таа смисла Робин е помалку „амбициозна“, односно се решава за нешто потесни рамки во кои се одвива дејствието, т.е. нуди приказна со нешто помал број ликови меѓу кои се издвојува еден, како централна фигура.

Ми се чини дека е малку подобра од Брендон Сандерсон и можеби за нијанса послаба од Ротфус, ама тоа е мое мислење.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Хах, не сум знаел дека Робин Хоб е женско.
Farseer ми е у план да ја најдам првата и да ја пробам. Некад...
Во меѓувреме на мојата полица се појави уште еден осамен прв дел од неколкулогија, кој нема да добие друштво.
Станува збор за Скиталац однсоно Waylender на Дејвид Гемел.
Аберкромби нешто го фалеше, али сега сфаќам дека тоа фалење било поради пионерството и британството. Во осумдести му се книгиве излезени.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Хах, не сум знаел дека Робин Хоб е женско.
Farseer ми е у план да ја најдам првата и да ја пробам. Некад...
Во меѓувреме на мојата полица се појави уште еден осамен прв дел од неколкулогија, кој нема да добие друштво.
Станува збор за Скиталац однсоно Waylender на Дејвид Гемел.
Аберкромби нешто го фалеше, али сега сфаќам дека тоа фалење било поради пионерството и британството. Во осумдести му се книгиве излезени.
И јас од Гемел присобрав нешто - Legenda, Skitalac, Kralj iza zatvorene kapije. Не ми се читани. Гемел пишувал и историска фантастика (нешто за Троја, па за Парменион и за античките Македонци). Сум ги гледал и по нашиве книжарници, пак во српски/хрватски превод, ама некако не ми се даваа пари за роба која од х причини уште на прв поглед ми е некако сомнителна.

Во продолжение, две интересни видеа:
- Стивен Кинг и Мартин

- Мартин и Робин

и два излети на Џејми Ланистер (од перото на Мартин, разбира се):

Џејми vs Ктулу
Џејми vs Хермиона Гренџер
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
@Сабазиј
Подолго време не сум ја погледал темава, интересно како си напишал за неколку работи кои токму сега ги читам. И прилично добро си ги опишал. :)

The Stormlight Archive секако е лесно четиво. Кај Сандерсон видливо влијанието на Роберт Џордан, не само во стилот, карактерите, главниот негативец со сите намерно необјаснети детали, магискиот систем, туку го има и истиот бизнис модел за серијал со многу продолженија. Магијскиот систем иако плиток е во центарот на случувањата, има сличности со системот од The Wheel of Time, као еве количина магијска енергија и еве протагонистот има ретка можност да ја користи таа енергија и... Само да не бидам погрешно разбран, проблемот не е во концептот туку во плиткоста со која е објаснет.
Како и да е, во генерален недостаток од литература од жанрот, за мене The Stormlight Archive е пролазно добар како аудиобук додека одам до и од работа.


Moментално сум на втората книга од The Farseer Trilogy. Како што кажа ништо спектакуларно, неамбициозно, ликовите не се нешто посебно добри изградени, ама генерално сепак не е лошо четиво. Магијата е поедноставна, но во случајов тоа е добро.
Препорачај нешто од Робин Хоб (или Меган Линдхолм), и ја имам симнато библиографијата.


Интересно е што за Патрик Ротфус имаш високо мислење, јас не сум многу импресиониран од нековиот The Kingkiller Chronicle. Убаво пишува Ротфус, на моменти убава атмосфера прави (посебно во деловите со возрасниот Квоте), но главните црти на дејствието... Главниот лик е вундеркинд, константен overachiever со одбивна арогантност, Чак Норис во облик на тинејџер маѓепсник. Тензичните ситуации во сценариото се мрзливо смислени ретки моменти кога главниот лик некако (воглавно необјаснето, или мрзливо и неуверливо објаснето) не може да се однесува како Чак Норис маѓепсник. Иако е дете од 12-13 години, во него се заљубуваат купишта девојки, па дури и митична вила (чија специјалност е убивање луѓе, преку заведување и до смрт водење љубов со нив ). ;)
За некое време станува заморно, но ќе ја прочитам и третата книга кога ќе испадне.


Предупредување до сите за Џим Бучер, кралот на баналната плиткост. Пробав два негови серијали, The Dresden Files е серијал за детектив за паранормални појави (јај, Дилан Дог), а Codex Alera е нешто како Римската Империја во паралелен магијски свет во кој малтене сите имаат магијски способност (преку контролирање на магијски суштества). Тапа невидена, Codex Alera го симнав по препорака на друг форум и не ни видов дека авторот е истиот од The Dresden Files, инаку никако немаше да дадам шанса на серијалот.


Друго што прочитав во меѓувреме:
- Mistborn серијата од Сандерсон, онака пролазно добра.
- The Powder Mage од Brian McClellan, нешто како епска фантастика со дејствие во време на првата светска војна, време на рана индустријализација и слично. OK e за убивање досада (и без големи очекувања). Почнав лани и еден друг серијал во многу сличен сетинг (повеќе накај вестерн) ама никако да се сетам што и од кој. :)
- The Book of the New Sun oд Gene Wolfe, некои ова го ставаат во SF ама тоа е во некоја позадина, дејството секако повеќе е епска фантастика. Се раскажуваат доживувањата на главниот лик, професионален мачител кој... Ех, серијалот не е ништо посебно, на моменти е досаден, истото важи и за стилот на пишување.


Имаше и неколку други работи, ама не беа сите од жанров а и некако не служи памтењето утрово. :)
 
D

Daedalus

Гостин
Предупредување до сите за Џим Бучер, кралот на баналната плиткост. Пробав два негови серијали, The Dresden Files е серијал за детектив за паранормални појави (јај, Дилан Дог), а Codex Alera е нешто како Римската Империја во паралелен магијски свет во кој малтене сите имаат магијски способност (преку контролирање на магијски суштества). Тапа невидена, Codex Alera го симнав по препорака на друг форум и не ни видов дека авторот е истиот од The Dresden Files, инаку никако немаше да дадам шанса на серијалот.
Ја едно пола од целиот Дрезден Фајлс серијал иам прочитано, можда книгите не се дубоки (не ни мислам дека намерата на Бучер била таква), ама мене ми беа супер забавни.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Изгледа не се изразувам баш најдобро. Под „плитко“ мислам на навредливо едноставни сценарија, навредливо едноставни ликови и заплети, навредливо едноставни решенија во заплетите. Напишано во краток временски лимит, без поправки, без подобрувања.
На пола настан, ма уште порано од пола, веќе знаеш што ќе се случи. А ако некогаш испадне изненадување, тогаш е уште понавредливо глупо.

Не знам, човек некогаш сака и едноставни работи да прочита. Ама јас лично не наоѓам задоволство да го читам Бучер, не само плиткоста туку и клишеата ме замараат. Посебно со тоа љубофните врски на тој батката детективот со новинарката, и флертувањето со бројните женски протагонистки (кои редовно се со тела на секси модели). Дрезден Фајловите ги дотерав до втора, или трета книга од серијалот, и не можев понатаму. Codex Alera па ни до пола не стигнав, ме смори, ми дојде некако познат стилот на замарањето, видов подобро од кој е и што е, и тука баталив.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
@Vanlok

За Ротфус: веројатно ми се допаѓа начинот на пишување, а можеби и заради различноста на главниот лик од нему сродните Х. Потер или Ранд и сл.(наивни и невини, скромни месии, кои не би се истакнувале, ама ете, мораат, за доброто на сите). Свесен сум дека Патрикот не е врв на понудата, но брзо и со леснотија го прочитав, што секако е добра работа. Понекогаш и периодот на читање, расположението при истото си го прават своето.

За Џин Волф: бледо, бледо, побледо здравје. Толку бледо што веќе не се ни сеќавам на приказната за мачителот. Имаше и еден друг роман од него, The Wizard Knight, кој исто помина. А памтам за Волф имам читано дека се работи за неправедно потценет автор и сл.

Од Хоб само трилогијата ја имам читано. Во последно време послабо читам од порано.

Ме чуди зошто Тери Прачет е занемарен кај нас. Човекот напишал околу 40 книги, и барем половината од нив се сосем добри. И покрај специфичната иронија и хумор во неговите приказни сепак е дел од жанров.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Не знам и јас зошто не сум го читал Прачет до сега, можеби си во право, можеби има некое полусвесно потценување (можеби заради одредени филмски екранизации).
Го имам во ебук ридерот, ама сепак кога ќе ги завршам сегашниве занимации на ред ми е Зелазни, него одамна требаше да почнам да го читам а немам појма зошто никако да отворам нешто од него.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Вештац од Шапковски го купив и - не. Исто ко сите други, пати од просек накај подпросечно пишување.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Вичер е тешка тапа. Стилот на пишување е како од разните етнички народни приказни кои сме ги читале по библиотеките како деца. Колекција од кратки настани каде вичерот иде од место до место и решава проблеми.
Мене и баксуз ми беше, го скршив екранот додека го читав. Сега вечно е заглавен е-инк екранот на страната со змејот. :P
 
Член од
1 јуни 2014
Мислења
191
Поени од реакции
281
Првите две книги на Шапковски од Witcher серијалот се раскази, и се сложувам дека се досадни, спори за читање. Друга приказна се наредните 5 книги, односно делот за Гералт и Сири, ова му доаѓа како приквел на The Witcher 3 (кој гејмал знае). Ја читам последната книга моментално и за мене се стварно добри, пошо очекувајќи да бидат како расказите пријатно ме изненадија.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Ајде ќе му дадам уште една шанса... Третата книга велиш?
Само екстра внимание ќе посветам да не го скршам пак екранот на ебук ридерот. ;)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Го имам во ебук ридерот, ама сепак кога ќе ги завршам сегашниве занимации на ред ми е Зелазни, него одамна требаше да почнам да го читам а немам појма зошто никако да отворам нешто од него.
Зелазни е припадник на една постара генерација писатели, ништо чудно денес, да не е толку интересен за читање со оглед на тоа колку жанров напредна во квалитет/квантитет. Може да се случи многу од она што има кај него веќе да си го сретнал кај други, повеќе или помалку добри автори.
На извесен, не секогаш и преочигледен начин, Зелазни има одредено влијание и врз автори како Мартин и Гејмен, кое не мора секогаш да е изразено како позајмување теми, препишување и слично, туку како инспирација пред се'.
Зелазни се има пројавено и како sf автор. Неговиот Господар на светлината ми е еден од најомилените романи воопшто. Во рамките на жанров (херојска/епска фантастика) -се издвојува серијалот Амберски хроники.
Секако Зелазни има и други дела (романи, новели, раскази). Некои од нив се сосем ОК.

Се надевам ќе уживаш во читањето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom