Херојска фантастика

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Херојската фантастика, или херојската фантазија претставува поджанр на фантастичната книжевност, во кој најчесто, но не и исклучително, станува збор за псевдоисториски приказни сместени во измислени светови и/или времиња, каде што магијата и окултното се повеќе правило отколку исклучок.
Херојската фантастика си има своја предисторија во светското (сепак, претежно во европското) фолклорно наследство, во скандинавските митови, во легендите за Артур, Мерлин и за светиот Грал, како и во други слични преданија, па и посредно од еповите како Илијадата и Одисејата итн. Оттаму, не е чудно што во оваа книжевност приказната најчесто се одвива во средновековна атмосфера.

Се разбира, горе напишаното не го отсликува во целост, ниту пак претставува некаква крајна дефиниција за овој поджанр, кој сепак имал доволно време да еволуира во различни книжевни правци и повеќе или помалку успешно да коегзистира со сродните жанрови, како фантастиката или научната фантастика.
Веќе постојат теми за одредени серијали од овој жанр, па дури и за фантастиката општо.
Меѓутоа, сметам дека во последниве неколку децении жанрот успешно се развива, дека има доста писатели кои дале значаен придонес со своето творештво и дека поради тоа, вреди да се отвори и посебна тема, нешто што некои членови го предложија, а и мене ми изгледаше како добра идеја. Доколку излезе поинаку, никому ништо.
Темата е замислена како место за дискусии околу дела и автори поврзани со херојската фантазии, осврти, критики, препораки за нив и слично.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На мислење сум дека ова ќе биде интересна тема.
Мислам дека во овој жанр спаѓа и Библијата ( на пример приказната за Армагедон )
http://en.wikipedia.org/wiki/Armageddon
И Изгубениот рај од Џон Милтон
http://en.wikipedia.org/wiki/Paradise_Lost ( денес поимот Пандемониум го знаеме како компјутерска игра, но.. http://en.wikipedia.org/wiki/Pandæmonium_(Paradise_Lost)
И Хомер: http://mk.wikipedia.org/wiki/Хомер
И Крале Марко http://mk.wikipedia.org/wiki/Крал_Марко
Најнапред се прашувам: Зошто е популарен овој жанр?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Tolkin припаѓа повеќе на епската фантастика (epic or high fantasy) иако мали се разликите помеѓу херојска и епска фантастика и често се испреплетуваат :).
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Tolkin припаѓа повеќе на епската фантастика (epic or high fantasy) иако мали се разликите помеѓу херојска и епска фантастика и често се испреплетуваат :).
Баш така, разликите меѓу епската и херојската фантастика не се толку големи за да не можат и двете да бидат дел од темата. Тие имаат толку многу заедничко што некогаш е дискутабилно што е што и на кој жанр му припаѓа и би било ситничарење да правиме поделби.
Сепак, за да нема недоразбирања, одредени дела кои беа наведени во претходните постови тешко дека би можеле да се вбројат во жанрот на кој му е посветена темата. На пример, книгата за Тарзан, која ја немам читано, најверојатно е авантуристички излет, но тука некој би можел и подетално да образложи зошто би била дел од херојската, односно епската фантастика.
Легендите за Марко Крале (и сличните) се дел од фолклорот и тие би можеле да послужат, како и витешките средновековни или нововековни романи како мотив за создавање на дела од овој жанр, кој сепак во својата модерна форма, онаква како што денес ја познаваме, своите почетоци ги бележи во првата половина на минатиот век.
Би набројал неколку поизвикани имиња на автори кои главно создаваат во рамките на овој жанр, како Џ.Р.Р. Толкин, Џорџ Мартин, Роберт Ервин Хауард, Тад Вилијамс, Џин Волф, Роберт Џордан, Роџер Зелазни и други, колку да се има предвид на што е посветена темава.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.015
The Kingkiller Chronicles - Patrick Rothfuss. Предвидена да биде трилогија, до сега се издадени 2 книги а за третата се уште нема информација и конкретна дата. Најискрено се надевам дека ќе излезе и третата во скоро време иако ми личи дека авторот почнува да пати од GRRM синдром.

Инаку ова е херојска фантазија по дефиниција. Во центарот е Kvothe кој не е типичен и клише лик, ги следи неговите авантури во измислен свет кој подсетува на нашиот од пред неколку векови. Книгата е пропратена со многу мистерија и доста детална во описот на настаните. Има интересен систем на магии, можеби најуникатен после тој во Mistborn (Brandon Sanderson).

Насловите на трилогијата:
1. The Name of the Wind
2. The Wise Man's Fear
3. The Doors of Stone

Иначе писателов беше total unknown, студент по литертура и по излегувањето на првата книга станува бестселер автор и сега има многу верни фанови. Смешно и откачено типче е, кога ми е досадно од време на време знам да читнам по некој пост на неговиот блог: http://blog.patrickrothfuss.com/
 
Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960

И мене ми делува, особено кога го читам неговиот блог, дека не работи многу на книгата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сепак, за да нема недоразбирања, одредени дела кои беа наведени во претходните постови тешко дека би можеле да се вбројат во жанрот на кој му е посветена темата. На пример, книгата за Тарзан, која ја немам читано, најверојатно е авантуристички излет, но тука некој би можел и подетално да образложи зошто би била дел од херојската, односно епската фантастика.
Легендите за Марко Крале (и сличните) се дел од фолклорот и тие би можеле да послужат, како и витешките средновековни или нововековни романи како мотив за создавање на дела од овој жанр, кој сепак во својата модерна форма, онаква како што денес ја познаваме, своите почетоци ги бележи во првата половина на минатиот век.
Сите дела настануваат во одредено време и се одраз на тоа време и на таа социјална слика.
Ти го спомна почетокот на 20. век... Во тоа време се случила Првата светска војна и Големата економска криза.
Во Војната милиони луѓе загинале речиси бесцелно, милиони семејства останале без своите хранители. Во Големата криза уште повеќе милиони останале без работа и средства за елементарна егзистенција.
Во тоа време се создадени ликовите на: Тарзан - Кралот на џунглата, Супермен, Спајдермен, Бетмен итн. тоа се поединци со фантасиична сила кои можат да се справат со тешкотиите на животот додека обичните луѓе не го можат тоа.
Џон Милтон живеел во време кога се руши Средниот век и започнува модерниот век.
Затоа јас го поставив прашањето.
Зошто е денес популарен овој жанр?
Еве да дополнам со под прашање:
Дали денес има реални херои?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Повеќе причини има за популарноста на жанрот и тие се прилично разнородни. Една од нив, која можеби и не е најзначајната, но секако е мошне присутна, е потребата на читателот (а и на писателот, верувам) да се оддалечи од секојдневието, од реалноста и нејзината суровост. Тој своевиден ескапизам е поттикнат од многу фактори, меѓу кои секако се вбројуваат и оние што ги напиша. Од друга страна, херојската или епската фантастика најчесто не нуди светла или каква и да е друга иднина. Таа не враќа во едно замислено минато, каде што работите поинаку се одвивале и се решавале: со меч и магија, во време на еден, од наша страна гледано, поедноставен живот. Би можело да се каже дека популарноста на овој жанр се должи и на посложените животни околности, на нарушувањето на постоечките морални вредности, на сеопштата несигурност и криза - оттаму носталгијата за минатото, макар и да е измислено.
А хероите, нив ги создаваат луѓето. Секогаш ги создавале. Имаме потреба да веруваме дека во човештвото, и покрај се`, е оставен простор за некои одлики кои го прават човекот повозвишен, посилен, помудар и поправеден и тоа да им го припишуваме на реални или фиктивни личности. Од Крале Марко и Болен Дојчин преку Артур и Мерлин до Ахил и Хектор итн.
Сепак, јунаците во епската фантастика не мора нужно да бидат позитивци, морално изгланцани борци за правда. Земи го за пример Конан - крадец, разбојник, платеник, убиец, војсковедец и крал. Секако дека тој има свој, личен морален кодекс, според кој сите проблеми се рашаават со добро наострено секирче или уште подобро со меч, па тешко дека се вклопува во сегашниве јудео-христијански вредности. Повеќе наликува, како и што може да се прочита во некои критички осврти на Ничеовиот натчовек.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Додека гопишувам ова, пред себе ја држам книгата Социјална историја на уметноста и литературата од Арнолд Хаузер која многу одамна ја читав: Оваа книга е објавена 1951, така да во неа нема за денешниве случувања.
Но има за Хомер ... И на страна 63 од првиот том стои:
„ Во делото на Хомер нема ниту еден пример да некој кој не припаѓа на аристократијата се воздигне над класата во која се родил. Во еповите нема ни стварна критика на кралевите и аристоратијата...„
А ова следува од фактот дека Хомеровите епови се напишани за токму за воената аристократијата.
Така е и денес... Се пишува она што му одговара на читателот
 
Секогаш се пишувало она што му одговара на читателот. Инаку никој нема да чита. Во времето кога се создавани Илијадата и Одисејата нивото на општествениот развој било такво.
Сепак, книжевноста се развивала и се развива постојано, се шири кругот на писмени луѓе со различни желби. Едно време актуелна беше книжевноста која го величи трудот, работничката класа и најмногу од се` лидерите на истиот тој работен и презадоволен народ :)
Во сегашно време е тешко да се извлече генерализација. Не ретко, главните јунаци се сосем обични суштества, од кои малку нешто може да се очекува, посебно не јунаштво и сила, или пак јунаштвото и силата ги има, но со паметот главните ликови се скарани, а кои сепак далеку стасале (еве неколку примери: Билбо од Хобит, Фродо од Господарот на прстените, обичниот варварин Конан од расказите на Хауард, селанецот Ранд Ал`Тор од серијалот Wheel of Time итн.)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom