Хероите на нашето време

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.442
Дали сме сведоци на изумирањето на интелектуалните,идеолошките и моралните величини кои до пред некоја деценија имале огромно влијание во формирањето на критична свест и влевале надеж во некое подобро утре?
Дали сме сведоци на таква инфлација на човековата мисла да најголем дострел на денешницава се јунаците од ТВ шоуата како Big Brother или X-Factor? Или моралните накази (политичарите) и бизнис-елитата од типот на Доналд Трамп,па и некоја негова локална инкарнација кај нас...
Тешко е да се замисли но само пред 30-тина години сликата била сосема поинаква.Личности од калиброт на Че Гевара,Камило Сиенфуегос,Руди Дучке,Аби Хофман,Херберт Маркузе,Тимоти Лири,Карлос Кастањеда,Жан-Пол Сартр,Бертранд Расел,Џон Ленон,Улрике Мајнхоф и многу други кои биле на врвот на бранот на идеолошките,културните и духовните движења.
Наивно или не,многумина верувале во подобра иднина,револуција,промени,капитализам и комунизам со човечко лице...
Аnd then the fucking nineties arrived...someone switched off the light...
Денеска сме сведоци на траењето на своевидна контра-револуција каде се помалку работи се доведуваат во прашање,а се повеќе работите се земаат здраво за готово.Во прв ред ова важи за т.н. интелектуалци кои се завлекле во некоја дупка и чекаат газдата да им фрли коска.

Дали денеска (или барем во последниве 15-20 години) има личности кои можат да се наречат херои?Без разлика за која област или дејност се работи и без разлика од каде се (па и од нашава земја хахаха).

Или сте песимисти и се согласувате со следново - Личностите денес се изумрени.Денеска човекот е робот,краен производ на ерата на машините.Човекот има улога на делче од машината над која веќе изгубил контрола...

Anyway...
Кои според вас се хероите на нашето време?
 
M

marsovka

Гостин
моите предци
испаднале луѓе пред се иако биле полуписмени и едноставни луѓе :pipi:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
179
Вистински херој за мене е некој толку импресивен што може навистина да влијае на животите на другите,преку љубов,одлучност и посветеност.
Звучи клише ЗНАМ ама за мене тоа беше татко ми,за мене сеуште е и ќе биде херој мајка ми и секако илјадниците луѓе кои секојдневно помагаат спасувајќи ги животите на другите(па еве и тие членови од форумов коишто даваат крв и помагаат на било кој начин на некого за мене се херои).

Со еден збор некој што ме инспирирал преку одредени постапки,индивидуа која несебично ја постигнува побараната храброст,вештина,одлучност или други восхитувачки квалитети-таа личност е за мене херој,а бидејќи такви личности постојат можам гордо да напишам дека имам свои херои на моето време.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.006
Поени од реакции
7.608
Едно глупаво навидум офтопик прашање...

зошто “хероите“ мораат да бидат шоу мени, актери, пеачи/ки и други познати личности?
може за мене херој е татко ми, кој работи 24/7 буквално, за јас да можам да седам и да солам памет на форумов, облечен, најаден, напиен и одморен, згреан/оладен и услужен?...
хероите се меѓу нас..нашите најблиски...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.962
Поени од реакции
7.747
Загор шумскиот дух со секира, на него научив да читам латиница и разбирам српско-хрватски. Денеска изгледа има и македонска верзија не сум се потрудил да побарам и да си купам, многу неактивно од моја страна.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
652
Поени од реакции
44
Пиерре Гримес,нај паметен човек на светов(барем јас така мислам).Живее во Америка и им вика на американците дека терористите се во право дека америкаците се криви и дека ако му се пружи можност ќе им помогне.Никој не смее да го чепне бидејќи е нај добриот професор по филозофија во Америка.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Едно глупаво навидум офтопик прашање...

зошто “хероите“ мораат да бидат шоу мени, актери, пеачи/ки и други познати личности?
може за мене херој е татко ми, кој работи 24/7 буквално, за јас да можам да седам и да солам памет на форумов, облечен, најаден, напиен и одморен, згреан/оладен и услужен?...
хероите се меѓу нас..нашите најблиски...
Затоа што татко ти не е никаква иницијаторска каписла, опинион-мејкер и во никој случај некаков аранжер на критична маса.
Татко ти е само обичен штраф 34 со машински навој во машинеријата на кого приоритетите му се подредени како на секој еден друг и се тоа се труди да го задржи во синергија се додека не се разјади и биде фрлен во кантичката од кафе Це со налепница разјадени штрафови.

Ние овдека бараме интелектуалец со рачваст 34 во рака мислам?

Ништо лично статус кво:smir:

Не ми текнува моментално некој посебно но би го издвоил набрзина Чомски,Зак де ла Рока,Волтер Кронкрајт(мислам дека почина сега брзо).
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
84
:eek:lee: за темава. А кои се хероите, неможам да ти кажам. И јас не знам. Само знам дека нема херои од тој тип какви што ти наброја. Такви некои масовни, да не речам светски водачи, во поглед на идеологија и слично.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.006
Поени од реакции
7.608
Затоа што татко ти не е никаква иницијаторска каписла, опинион-мејкер и во никој случај некаков аранжер на критична маса.
Татко ти е само обичен штраф 34 со машински навој во машинеријата на кого приоритетите му се подредени како на секој еден друг и се тоа се труди да го задржи во синергија се додека не се разјади и биде фрлен во кантичката од кафе Це со налепница разјадени штрафови.

Ние овдека бараме интелектуалец со рачваст 34 во рака мислам?

Ништо лично статус кво:smir:

Не ми текнува моментално некој посебно но би го издвоил набрзина Чомски,Зак де ла Рока,Волтер Кронкрајт(мислам дека почина сега брзо).
ахам...пробувам да не го сватам лично...инаку, што херојско направиле Чомски,Зак де ла Рока и Волтер Кронкрајт за тебе?
“хероите“ стануваат “херои“ поради обичните граѓани кои ги увеличуваат и сметаат за големци, вистинските херои се ситните луѓе, оние “невидливите“ кои прават светот сеуште да се врти...
 

Afro Samurai

Nicotine Desperado
Член од
12 август 2009
Мислења
83
Поени од реакции
5
Michael Moore

Al Gore

Bill McKibben

Huang Ming

Првиот го ценам заради храброста со која успева да ја извади вистината на виделина...

Останатите тројца поради нивната борба против загадувањето и глобалното затоплување
 
J

Johnny Stulic

Гостин
ахам...пробувам да не го сватам лично...инаку, што херојско направиле Чомски,Зак де ла Рока и Волтер Кронкрајт за тебе?
“хероите“ стануваат “херои“ поради обичните граѓани кои ги увеличуваат и сметаат за големци, вистинските херои се ситните луѓе, оние “невидливите“ кои прават светот сеуште да се врти...
Ајде да го преформулирам одговорот за да не биде лично зададена е терминологијата ние дискутираме според хероите кој ги постави Тукактер за репер тука татко ми е табула раса минорен е не и ниту псевдо-херој не пак некаков херој .

Овде веќе имаме поставена некоја аксиома и ги валоризираме вредностите по неа не дискутираме колку е таа аксиома издржана и колку се гротексни репрезентативните херои на оваа аксиома кога би се нашле во некоја друга равенка.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
5.722
Мислам дека во нашето време нема место за херојштина. Тие луѓе кои заслужуваат да бидат нарекувани така не се ценети од денешното модерно општество.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.442
Добро,разбирам,на личен план херои за секого може да се родителите или некој од блиското опкружување...тоа е логично...но...
Прашањето повеќе беше за личности кај кои можете да најдете некои позначајни вредности...како кој ги перцепира вредностите...

И барем напишете два три реда за имињата кои ги споменувате да знајме кои се и што прават...



Дејвид Ајк

Поранешен голман на Херифорд Јунајтед и Ковентри Сити,спортски коментатор и портпарол на англиските екологисти.Од 1989 година ги напушта сите позиции кои ги имал во општеството и оди во Перу воден од некоја внатрешна потреба.
Таму доживува духовна трансформација и почнува да пишува за многу теми од глобални завери,религиски матрици,перцепција на реалноста,екологија...
Од 1991 кога прв пат јавно истапува со своите идеи масовните медиуми почнуваат со кампања на `character assasination` и го претвараат во цел за исмејување.Лудак,шарлатан,психопат,остарен хипик,голман-месија,инстант-гуру и слично се некои од титулите кои ги добил од медиумите.

Главна поента во неговите дела е тоа дека светот се движи кон се поголема и поголема економска и општествена централизација,дека изборот се сведува на илузија,дека правата и слободите се кастрат секојдневно,дека фашизмот под маска на капитализам е доминантната светска идеологија.Како одговорни за овие работи ја смета елитата од неколку иљади семејства кои од поодамна владеат со светот.
Друга тема која ја третира е маниулацијата на светските центри на моќта со нашата перцепција.

Иако има и многу чудни идеи како онаа за рептилите,се на се е еден од највлијателните автори во последниве години кој има многу вредни идеи,колку човек и да не се согласува со некои негови ставови.Покрај тоа има предвидено многу настани како 9-11,7-7,денешнава економска криза и други.

Има напишано преку 20 книги,безбројни предавања во над 50 земји,стотици текстови...

 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.981
Поени од реакции
5.722
За некој може да си најголем херој, за други пак најголем непријател.

Тешко е денес да најдеме човек кој прави општо добро и сите го сметаат за херој.
 

lane62

izguben vo svemirot
Член од
25 август 2009
Мислења
145
Поени од реакции
1
ma jas napisav Tito..nekoj go izbrisal...vo moeto vreme bese toj...a i denes nema podobar.zosto vi preci?toa e samo moe mislenje...:nenene:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom