Хералдика

Византиецот

Злобен Пич
Член од
14 март 2021
Мислења
795
Поени од реакции
2.837
Во оваа тема ќе ги споделуваме нашите омилени грбови, со краток опис што значат, што претставуваат
зошто користат токму одредени симболи и слично.
Ова долу е само краток вовед.
ХЕРАЛДИКА

Хералдиката е дисциплина за дизајнирање, прикажување и проучување на грбови.
Поврзана е со сродни дисциплини, како што е Вексилологијата - дисциплина за проучување на знамињата.
Штитовите се најпознатата гранка на хералдиката, тие го пренесуваат хералдичкото достигнување.








 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
35.459
Поени од реакции
54.804
 

Византиецот

Злобен Пич
Член од
14 март 2021
Мислења
795
Поени од реакции
2.837
Двете теми се супер, ама ниедна од нив не се фокусира на вистинска европска хералдика која се користела со векови во европските кралства. Оваа тема нема за цел да се бави со фикција. Туку со вистински симболи и зошто тие се користеле, од каде влечат потекло.

Французите на пример (првиот штит погоре) се толку вљубени во лилјанот, што дури и после стравотно мизерната Монархија пак го почитуваат, повеќе им асоцира на Јована Орлеанка, на неа се секогаш горди. Имено, момата од челик во војната против Англиските свињи со себе понела знаме со триаголна форма, на бела основа светкале златни лиљани, инспирирани од библиската приказна според која во моментот кога Архангелот и ја носи убавата вест на Марија, тој летнува кон небото, а од небото дожд од бели лилјани.
Лилјанот како симбол Луи го зема токму од Јованка и го носи на нов левел. На црквите и палатите место крст, на врвот клава лилјан.
 

Византиецот

Злобен Пич
Член од
14 март 2021
Мислења
795
Поени од реакции
2.837
Белиот Лав на Чешкото Кралство - Бохемија

Кралството Бохемија чешки: České království латински: Regnum Bohemiae, е средновековна и рано-модерна монархија од Централна Европа, претходник на модерната Чешка Република. Била империјална држава во рамките на Светото римско царство. Кралевите на Бохемија, покрај со самиот регион на Бохемија, владееле и со други земји кои припаѓале на Чешката круна - во различни периоди ги опфаќале и Моравија, Шлезија, Лузатија и делови од Саксонија, Бранденбург и Баварија.



Круната на Свети Вецлав
Старословенски: Вецеслав
Година - 921ва

 

Византиецот

Злобен Пич
Член од
14 март 2021
Мислења
795
Поени од реакции
2.837
Ова е мојот апсолутен фаворит. Пурпурниот лав на Шпанија.
Ако ние како Македонци решиме да воведиме хералдика и нов грб, искрено се надевам дека лавот ќе е црвен ко најбесценет рубин - како огромен контраст/спротиставеност на бугарскиот. Лав со црвено крзно е поубав од лав со кафено/жолто/беж whateva.

Пурпурниот Лав на Кралството Лав - Шпанија

Кралството Леон, шпански: Reino de León, латински: Regnum Legionense - било независно кралство сместено во северозападниот регион на Пиринејскиот полуостров. Основано е во 910тата година по Христа, кога христијанските принцови од Астуриас кои живееле по должината на северниот брег на полуостровот, решиле да ја префрлат својата престолнина од градот Овиедо во градот Леон. Кралевите на Леон воделе граѓански војни, војни против соседните кралства и походи за одбивање на инвазиите на Маврите и Викинзите, сè со цел да го заштитат богатство на нивното кралство.








 

Tyrael

Transhumanist
Член од
21 јуни 2021
Мислења
87
Поени од реакции
131
Симболите на грбовите имаат значење. Исто и боите.

Змејот како што памтам беше заштитник на богатство, змијата мудрост или така нешто.

Боите во хералдиката исто се делат.
Жолтата претставува златна, белата сребрена. Овие две се метални бои другите вистински.

Боите не смеат да бидат една врз друга од ист тип. Ако позадината на штитот е бела не смее симболот да биде жолт, мора да биде некоја од вистинските бои: црна, сина, виолетова, зелена, црвена.
Истото правило важи и за другите бои не смее вистинска врз вистинска. Мора да се контра метална со вистинска.

@Византиецот нека дополни ако сака за ова, јас сум подзаборавил (а може и утнав нешто).
 

Darling

uwu
Член од
5 јуни 2009
Мислења
10.499
Поени од реакции
19.214
Y Draig Gogh - Cymru

1280px-Royal_Standard_of_Henry_VII_of_England_(Dragon_and_flames).svg.png
Koga Kral Artur ke se vrati i Crveniot Zmej ke go pobedi Beliot, Britanija ke bide pak Britonska.

Personalniot standard na Henri VII Tudur so poteklo od Vels koj stanal kral na Anglija po pobedata vo vojnata na Rozite.
 

Византиецот

Злобен Пич
Член од
14 март 2021
Мислења
795
Поени од реакции
2.837
На кирилица bitte.

Знамето на Јованка Орлеанка | ФРАНЦИЈА

За време на испрашувањето кое се случило во заробеништво на 27 февруари 1431 година, а чии сведоштва во оригинален документ се зачувани и денес, Јованка Орлеанка дала прилично детален опис на дизајнот од своето знаме. Материјалот на банерот - темелот на којшто било поставено сè друго се состоел од бел лен, обрабен со свила. Ова бело поле било покриено со симболи што личеле на лилјани. Во центарот на знамето, бил прикажан светот и тој беше дизајниран на таков начин што изгледал како да е држен од Небото. Оваа божествена тема ја зајакнувале два ангели, сместени на спротивните страни на знамето. Конечно, некаде од страната на знамето, таа ги исплетила имињата Исус и Марија на ткаенината.

Формата на средновековниот судски запис според
нејзиниот директен опис гласи вака:


"Таа одговори дека има знаме, со поле посеано со лилјани. На него беше прикажан светот, и двајца ангели, по еден на секоја страна. Беше бело, или бел лен или бел букасин, и на него беа напишани, помисли таа, овие имиња, ЈЕСУС МАРИЈА. И беше обрабено со свила.“
Судскиот процес на Јованка Орлеанка, четврто јавно сослушување.




Јованка и нејзината армија од Французи ги протеруваат Англичаните
од континентална Европа назад на островот


 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom