|И.И|
говно интерашко
- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 5.577
- Поени од реакции
- 6.714
Еден од најпосетените и најтоплите острови од низата Хрватски острови во Јадранското море. Сместен во шумовит предел на борова шума и цветовите на лаванда,познат по можноста за посета на Градот Хвар,Јелса,Стари град и познатите ,, Паклени острови,,-како една од најпосакувана туристичка дестинација.Хвар е остров кој дава поглед кон Островот Брач и Макарската ревиера и со гордост се вбројува во 10-те најубави острови на светот.Прекрасната околина, пријатната медитеранска клима, изобилството на сонце и топло јадранско море, многубројните културни и историски споменици,прекрасните плажи,многубројните кафе-барови,ресторани со морска традиционална храна и богата гастрономија ,секогаш е спремен да го понуди максимумот за едно незаборавно летување.Нуди идеална можност опуштање ,посета на единствени и прекрасни заливи,идеален за активен и пасивен одмор за љубителите на недопрената природа и мирисот на лавандата- која е препознатлива само за овој остров.
Летово планирам таму да го поминам , според многумина е еден од најубавите острови во Европа и сакам лично да се уверам во тоа.
Доколку некој кајганаџија бил во Хвар убаво би било да сподели искуство.

Летово планирам таму да го поминам , според многумина е еден од најубавите острови во Европа и сакам лично да се уверам во тоа.
Доколку некој кајганаџија бил во Хвар убаво би било да сподели искуство.