1q84 и norway woodЈа прочитав Спутник љубов. Почетокот ми го зароби вниман.ието но полека приказната замина во друг правец, спротивно од тоа што очекував. Ми се допадна стилот и како ги опишува сцените, прави да се најдеш самиот во приказната и да ја почувствуваш атмостферата која ги опкружува ликовите. Не ми се допадна преводот, во некои делови се чувтсвуваше дека е буквално преведено и некако ми "стрчеше". Патем ми се допадна ликот на "раскажувачот" и Сумире, а Миу не баш. Се на се, не е лоша книга. На саемот би купил нешто друго од Мураками за да прочитам, одамна сакам, а минатата недела случајно ја сретнав "Спутник љубов" во една локална книжарница и си реков ќе почнам со неа. Има некој друг прочитано нешто? Да ми даде предлог што следно да прочитам од него?
![]()
јас ја планирам after dark за следнаГо немаше првиот дел од "1Q84" и "Норвешка шума", па си ги земав "Кафка на брегот" и "Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак".![]()
Ја имам дома, ама не знам дали вреди да почнам да ја читам, троа сум специфичен кога се работи за книги и не читам се’ и сешто. Можиш да ми објасниш накратко што жанр е, за што пишува, која е содржината...?
Во моментов ја читам трилогијата 1Q84. Ова е прва книга што ја читам од него, досега имам прочитано стотина страни. Од тоа што го прочитав, прилично ми се свиѓа стилот на пишување и поставувањето на приказната. Книгава е доста долга, 1300 страни, ако ми го задржи вниманието да ја дочитам до крај ќе земам и нешто друго од него.
Не е лош, воопшто не е лош. Има интересен стил на пишување, како да раскажува движење на филмска камера а при тоа пак сме свесни за емотивните моменти на карактерите кои ги доживуваат во себе. After Dark (Кога ќе се стемни или како и да е на македонски превод) беше прва негова книга која сум ја прочитал и ме освои со стилот. Спутник Љубов и мене не ми се допадна до толку, некако не е според неговите стандарди. Сакам да ја прочитам 1Q84 али шо знам, скапа ми е уште...
Немам прочитано многу книги од Мураками, само Норвешка шума и 1Q84. Стилот на пишување му е некако чуден, сонлив и можеби малку спор. Во комбинација на тематиките што ги употребува, целата работа делува некако забегано ама на интересен и допадлив начин. Мураками не е од оние автори чии дела ги читам во еден здив, ама секако е интересен и не е заморен за читање.
Се чуствува и разликата помеѓу културите во неговото пишување, Јапонците ми се фасцинанти, на добар и на лош начин истовремено.
Штета што не го знам јапонскиот јазик, просто се чуствува дека некои работи се изгубени во преводот.
1Q84 е мех. Настрана од дупките у причата во кои не навлагам поради тоа што можеби се намерно направени, динамиката на приказната расте до некое ниво и послем опаѓа. Стилот на пишување е одличен патем. Зумирано, сцените се многу добро опишани, али причата е...онака, 4/10 бар по мој вкус.
Бидејќи ја барав IQ84 првиот дел во Три и од таму разбрав дека е распродадена одамна, да ве прашам, дали некој од вас ја има и има желба да ја продаде?уживам во јапонската книжевност досега имам читано од Јусунари Кавабата и секако Харуки Мураками од Мураками досега ги имам прочитано Sputnik Sweetheart ,1Q84 a Norwegian wood само што ја почнав.
не си правам приватна библиотекаБидејќи ја барав IQ84 првиот дел во Три и од таму разбрав дека е распродадена одамна, да ве прашам, дали некој од вас ја има и има желба да ја продаде?
Сакаш трампа за Кафка на брегот?не си правам приватна библиотека
Јас ја најдов норвешка шума и други неотпачетени кај нас ама на пдф па ќе ги копирам ама на српскиВо моментот ја читам Убиството на командантот, ја имам прочитано Безбојниот Цукуру Тазаки и годините поминати на аџилак, како и Спутник љубов. Сум читал многу и за другите книги, но не ми поминале низ раце. Со години ја барам Норвешка шума, но иако од Три најавија дека повторно ќе ја печатат, не испадна ништо од тоа.
Налетав на едно меме каде што спајдерменовците се главните протагонисти од книгите на Мураками и се посочуваат со прст, покажувајќи дека нема разлика меѓу нив. Нависатина, главните ликови во книгите на Харуки имаат слични особини и наликуваат еден на друг. Во нив се крие некаква депресија, осаменост, незадоволство од работното место, меланхолични сцени на исчекување да се случи нешто лошо, иако нема најава за нешто такво, нефункционални семејства итн. Главниот протагонист скоро секогаш има некоја лоша конекција со фамилијата која се опишува низ сеќавања, разделба од партнерот која води кон изолација во некој чуден свет во кој се случуваат уште почудни работи, издвојување на уживањето во џез и рок музиката...
Се прашував дали му се случило нешто во животот што лично се соживува со главните карактери од неговите книги? Кои патем, често се безимени раскажувачи.
Имаше еден убав коментар на интернетов, главните протагонисти најчесто се ликови со кои читателот лесно се поврзува, преку нив истражувајќи многу покомполексни и поинтересни карактери. Немам читано многу за неговиот живот, освен за часовите по пливање и трчањеето, ама некои имаат искоментирано дека знаејќи детали од неговиот приватен живот, Мураками би можел да биде главен лик во некоја негова книга.
Еве еден про-феминистички осврт на женските ликови во неговите книги.
![]()
Acts of Recognition: On the Women Characters of Haruki Murakami
Imagine being a young girl, growing up in a Japanese city. No one else in your family is a reader. You have to find books on your own. Where do you start? You go to the school library. Under “Liter…lithub.com
Јас ја имам. Мислев дека е достапна скоро во секоја книжара? Ќе треба да се распрашам. Прекрасна приказна, нема да зажалиш кога ќе ја набавиш.Во моментот ја читам Убиството на командантот, ја имам прочитано Безбојниот Цукуру Тазаки и годините поминати на аџилак, како и Спутник љубов. Сум читал многу и за другите книги, но не ми поминале низ раце. Со години ја барам Норвешка шума, но иако од Три најавија дека повторно ќе ја печатат, не испадна ништо од тоа.
Некогаш вака размислувам и јас, но за ликовите на Стивен Кинг. Не сум чул слични размислувања од други негови читатели, ама вака ми делуваат многумина од неговите книги.Налетав на едно меме каде што спајдерменовците се главните протагонисти од книгите на Мураками и се посочуваат со прст, покажувајќи дека нема разлика меѓу нив. Нависатина, главните ликови во книгите на Харуки имаат слични особини и наликуваат еден на друг. Во нив се крие некаква депресија, осаменост, незадоволство од работното место, меланхолични сцени на исчекување да се случи нешто лошо, иако нема најава за нешто такво, нефункционални семејства итн. Главниот протагонист скоро секогаш има некоја лоша конекција со фамилијата која се опишува низ сеќавања, разделба од партнерот која води кон изолација во некој чуден свет во кој се случуваат уште почудни работи.