Хари Потер

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.857
Поени од реакции
7.546
Решив да се женам само за да ги купам книгиве со партнерката.
Брат или сестра немаш или родител, некој од фамилија што сака да чита вакви книги да ги купите?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.857
Поени од реакции
7.546
Нема појак од @MARCELLO :cuc:
Е нема :icon_lol:

Искрен да бидам пишав овде во темава одамна дека не сум ги гледал сите филмови со Хари Потер и не сум читал книгите а би сакал некогаш барем некоја од книгите да прочитам. Од филм сум го гледал како помал првиот Хари Потер и толку.

Кога сме кај книги јас како што сум спор со читање книги не ми се даваат наеднаш толку пари за книга што читањето ќе ми биде "вечност".

Желба имам ама на дело тоа го нема. Се нешто чекај не сега ај утре, или кога сакам книга да читам ми одзема внимание дали телефонот и интернетот или е нешто друго.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.539

Постојат едни институции, се викаат библиотеки. Во нив се чуваат книги. Можеш да се зачлениш по цена од половина книга и да позајмуваш книги за читање. Откако ќе ја позајмиш, пред да почнеш да читаш ќе го исклучиш телефонот и сѐ останато што може да ти одзема внимание и почнуваш да читаш.
Едноставно е.
 
Не знам дали воопшто Хари Потер изданијава од Литература ги има во библиотеката во мојот град.

Друго сум пробувал техники вакви за читање ама слабо оди. Не дека нема да ја прочитам книгата но нема книгата да биде прочитана за две недели туку ќе тера повеќе месеци зависно колкава е книгата повеќе се одовлекува.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Тогаш имаш аудио книги. :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.539
Не знам дали воопшто Хари Потер изданијава од Литература ги има во библиотеката во мојот град.
Тоа многу лесно може да се провери, но сигурен сум дека ги има, иако не знам од кој град си. Ако не од Литература, тогаш постарите изданија од Култура.
Слаба понуда на македонски јазик аудио книги а англискиот лошо ми оди.
Точно, изборот не е нешто, не се ни Хари Потер, но има прилично на самоглас и на страницата од сојузот на слепите, сите бесплатни.

Само оправдување нема :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.700
Поени од реакции
33.333
Не знам дали воопшто Хари Потер изданијава од Литература ги има во библиотеката во мојот град.
Тоа многу лесно може да се провери, но сигурен сум дека ги има, иако не знам од кој град си.
Во кој град живееш Марче? Хари Потер го има во Скопје, Велес, Кавадарци, Битола, Кичево, Штип, Тетово, Прилеп, Виница, Охрид, Куманово, Радовиш, Неготино, Демир Хисар, Струмица, Гостивар, Гевгелија, Пехчево, Кочани, Валандово и Крива Паланка. Значи скоро во цела Македонија. Ако не си во еден од овие градови, ти само изрази желба, и ќе пратам еден Був да ти донесе (позајми) еден од примероците од мојата библиотека. Ама да го прочиташ!

Screenshot_20220409-170346_Chrome.jpg Screenshot_20220409-170434_Chrome.jpg Screenshot_20220409-170443_Chrome.jpg Screenshot_20220409-170510_Chrome.jpg Screenshot_20220409-170517_Chrome.jpg Screenshot_20220409-170549_Chrome.jpg
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.857
Поени од реакции
7.546
Во кој град живееш Марче? Хари Потер го има во Скопје, Велес, Кавадарци, Битола, Кичево, Штип, Тетово, Прилеп, Виница, Охрид, Куманово, Радовиш, Неготино, Демир Хисар, Струмица, Гостивар, Гевгелија, Пехчево, Кочани, Валандово и Крива Паланка. Значи скоро во цела Македонија. Ако не си во еден од овие градови, ти само изрази желба, и ќе пратам еден Був да ти донесе (позајми) еден од примероците од мојата библиотека. Ама да го прочиташ!

Прегледај го приврзокот 328245Прегледај го приврзокот 328246Прегледај го приврзокот 328247Прегледај го приврзокот 328248Прегледај го приврзокот 328249Прегледај го приврзокот 328250
Tетово.
Фала на информации.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер.
⚡♂

На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се одржа од 18 февруари до 20 март, а на кој учествуваа неколку стотици ученици од основните и од средните училишта од цела Македонија.

Ќе следува промоција на седумте книги од серијалот „Хари Потер“ од авторката Џ. К. Роулинг, објавени на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ од Скопје.

Во продолжение ќе се одржи интерактивен дел за сите млади читатели и фанови на Хари Потер, со многу награди и изненадувања.
Настанот ќе биде и од cosplay (костимиран) формат, односно секој што сака може да присуствува маскиран во некој од своите омилени ликови од серијалот „Хари Потер“.

Специјален гостин на дружбата ќе биде Сашко Потер, кој е голем вљубеник во Хари Потер и учесник во монтажата на звук на филмот „Фантастични ѕверки“.

Денот на Хари Потер е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, која ги поседува авторските права за книгите од серијалот „Хари Потер“ на македонски јазик, и книжарниците „Литература.мк“, кои се застапници на лиценцирана гифт-програма инспирирана од светот на младиот волшебник.

Книгите од серијалот за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Ве очекуваме! ❤

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ова не е документарец за ХП, ова е класичен документарец за митовите кои се кријат зад фантастичните ѕверки, од каде Роулинг, делумно, ги црпела и ги искористила во книгата "Фантастични ѕверки и каде може да се најдат" (од Њут Скамандер).

Зошто делумно? Затоа што дел се позајмени од фолклорот и митовите, а дел се плод на нејзината имагинација.

Кој сака нека го ѕирне. :noze:

Screenshot_20220604_135210.jpg
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.883
Поени од реакции
2.082
Дечки некој линк за книгиве онлајн да се прочитаат на српски или хрватски некој да пушти? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom