Харилаос Трикоупис - Премиер на Грција 7 пати меѓу 1875-1895 г.

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Роден во Науплион во 1832 година, како син на Спиридон Трикоупис - кој беше Премиер на Грција во 1833 година, и Екатерини Маврокордатос - сестра на Александрос Маврокордатос кој исто така беше Премиер на Грција наследувајќи го претходниов во 1833.


За да ја разберете подобро оваа временска рамка, ова е периодот кога Грција веќе се здоби со независноста и ова е пред нејзината окупација на Македонија (Егејска), значи за времето на Харилиаос Трикоупис, Македонија (во целина) сеуште беше дел од Отоманската Империја.


Додека тој беше Премиер на Грција, во 1893 година Македонците го формираа ВМРО и се подготвуваа за големото востание против Турците, кое се случи 10 години подоцна.

Зошто е важен Харилаос Трикоупис?


Тој ги предвиде војните што следуваат за освојување на Македонија,
практично поставувајќи ја Грчката политика за територијална експанзија - тој беше креатор на сценариото за окупација на денешниот егејски дел од Македонија.



Во својот говор во 1886 г.во Грчкиот Парламент, јасно стави до знаење дека:

“.. Грција никогаш нема да ја постигне целосната државност без Македонија“.

Харилаос Трикоупис го прекажал она што Грчката држава го имаше на ум, велејќи:

“Кога ќе дојдат Големите Војни, Македонија ќе стане Грчка или Бугарска, зависно од тоа кој ќе победи.
Доколку биде освоена од Бугарите, тие ќе го направат народот Словенски.
Доколку ние ја освоиме, ние ќе ги направиме сите нив Грци.“


На овој начин, денешните Грци ги трансплатираа доселениците од Мала Азија на местото на насилно протераните етнички Македонци – во “легални“ наследници на античките Македонци.
На овој начин беа креирани вештачките –“ Грчки Македонци“.
Изјавата на Трикоупис дека : “Доколку ние ја освоиме, ние ќе ги направиме сите нив Грци“ е јасно, недвосмислено признание дека:

(a) Грција не ја поседуваше Македонија.

(b) Македонија никогаш не била Грчка пред “Големите Војни“ во 1913,

(c) Грчкото тврдење дека Македонија била “отсекогаш Грчка“ е бесрамна лага и нова измислица.


(d) Потврда дека немало “Грчки Македонци“ во Македонија и

(e) сето ова Грчко скокање околу името “Македонија“ како Грчко е апсурдно смешна манипулација на фактите од страна на една арамиска нација.

Изјавата на Трикоупис, не е изјава од голобрад националист, пијан патриот или фашистички идолопоклоник, туку е измерена изјава, целосно вкалкулирана во политичките интереси, од страна на еден разумен и компетентен човек како лидер на нацијата и затоа има огромно значење и тежина.

Ова се зборови на намери и на визија, од страна на Грчки Премиер кој како по скрипта со прецизен план го спроведува етничкото чистење на Македонија, кое следуваше во 1913 година.
Претскажувањето на Харилаос Трикоупис се оствари во Балканските војни и Букурешт, со помошта на шовинистичките и лицемерни Големи Сили.


Референци:
Population exchange in Greek Macedonia By Elisabeth Kontogiorgi (од стр. 30)
http://books.google.com.au/books?id=...7HfMEC&pg=PA30

Macedonia and Greece by John Shea (од стр. 101)
http://books.google.com.au/books?id=...hH-EC&pg=PA101
----------------------------
Прашање на темата:
Дали ние од денешново удобно место пред компјутерите, читајќи ги темиве, дискутирајќи жестоко меѓу себе и револтирајќи се виртуелно, треба да се покориме на сето ова што ни се случува и што пробуваат да ни го наметнат, како од надвор така и преку нашите несмели, трагикомични политичари за прифаќање некакви компромиси, влез во политички институции каде членството треба да го платиме со обезличување?

Дали можеме да влијаеме на нашето опкружување, во сферите каде делуваме секојдневно, работа, школо, дружење,комуницирање со роднини во странство итн. да создадеме едно здраво македонско разумно размислување и да ја подигнеме свеста, да се мобилизираме и да ја превземеме одговорноста за нашата иднина, наместо немо да седиме и да проследуваме се’ што ни се сервира преку медиумите, во насока на промена на име, откажување од нашите загарантирани човечки права, подмитување на националната гордост за неизвесна иднина итн. итн. ... ?!?!?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Турците сето ова можат да го докажат уште поубаво,само никој ваквите работи не ги зема во предвид бе Брату,особено затоа што тоа се “Македонцки работи“,од кој бегаат и нашите досегашни преговарачи за името.:toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Интересна е последната четвртина од 19 век т.е. со формирањето на бугарската и грчката држава засилено почнуваат сите проблеми за македонскиот народ. Новороденчињата покажаа зголемен апетит.

Само не ми е јасно кога веќе е толку олеснет пристапот кон важните информации што прават овие кои „преговараат’’ за името со грците и што по секоја цена се фатиле само за антиката кога веќе имаат на располагање многу пишани и значајни факти од поново време..значи треба пукање со се што се располага.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Дали можеме да влијаеме на нашето опкружување, во сферите каде делуваме секојдневно, работа, школо, дружење,комуницирање со роднини во странство итн. да создадеме едно здраво македонско разумно размислување и да ја подигнеме свеста, да се мобилизираме и да ја превземеме одговорноста за нашата иднина, наместо немо да седиме и да проследуваме се’ што ни се сервира преку медиумите, во насока на промена на име, откажување од нашите загарантирани човечки права, подмитување на националната гордост за неизвесна иднина итн. итн. ... ?!?!?

Е така де, се сеќаваш на дискусијата - дали влез во НАТО или името, кога ти реков дека и ИМЕТО и НАТО, само треба тоа да се одработи?

И сеуште сум на тој став, посебно ако добиеме визна либерализација и уште некоколку други работи ние МОЖЕМЕ да истраеме на пат кон ЕУ и НАТО со нашето ИМЕ.

Ама да ми се сервирааш политики дека ете Шангајската група и Неверзаните се наша иднина оти ќе го зачуваме името е УТОПИЈА.

Ниту ќе зачуваме името ниту ќе останиме држава ако почниме да се занимаваме со глупости и да му одиме контра на западот.

Ама со борба за нашите основни човекови права да се нарекуваме како сакаме, нема да можат да не ебаваат уште долго, на крај ќе се зголеми притисокот кон Грција, барем колку кон нас, ако не и повеќе.


Да влијаеме на нашето опкружување, во сферите каде делуваме секојдневно, работа, школо, дружење,комуницирање со роднини во странство итн. да создадеме едно здраво македонско разумно размислување дека името ќе го зачуваме и дека ќе влеземе кај што сакаме и каде сакаме како МАКЕДОНЦИ.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
а бе,да преговараа некои форумџии до сеа,ке се знаеше се,ке видеа дека не сме кршливи така лесно,еден куп факти тука изнесоја,мене друго ме плаши.моето опкружување е скичмено,веке прават калкулации како да се викаме вардарска,ги убедувам ама изгледа не сваќат,или слабо ги убедувам:uvo:,ке врие целава ситуација,еве есенва ке видете,ке се случи народот.идам и јас на плоштад,доста е веке,ми се смачи,крај ,финито

ако напраам нешо у афект,казната е помала, а?:helou:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Само не ми е јасно кога веќе е толку олеснет пристапот кон важните информации што прават овие кои „преговараат’’ за името со грците и што по секоја цена се фатиле само за антиката кога веќе имаат на располагање многу пишани и значајни факти од поново време..значи треба пукање со се што се располага.

Информациите се достапни за оној кој сака да ги најде.

Намерата ми е да се едуцира народов, за да не биде оставен на спинувани информации со цел да им го обликуваат мислењето.

Неможе некој со добро познавање на елементите и аргументите, под никакви услови, да прифати компромис за работи за кои воопшто не би смеело да се разговара,а камо ли преговара или става под знак ? од страна на некои одродени политичари, експерти, колумнисти и сл.

Доколку поголемиот дел од нас, стекне солидно познавање за овие факти, многу потешко било кој ќе може да му натури пропаганда и медиумските кампањи ќе бидат во голема мера неутрализирани.


Претходната тема за Грчкото признавање, едвај 3 страни наполни со коментари, а темата Ванчо Михајлов или СДСМ-ВМРО преписките во еден ден прават по 20 страни.


Потребна е самокритичност и активност, неможе да бидеме затворени во некој наш свет и живееме како паразити.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
факти факти факти ....
браво Братот секоја чест ...
ја незнам шо чекаме ...
кај стасам трубам и агитирам за Македонија ...
никаква смена ...

потребни се радикални мерки во државава да се земат СИТЕ на себе да почнат да работата за МАКЕДОНИЈА а не да серат наоколу еу нато еу нато ...

потребен е радикализам од страна на народот ... доста наивност :duel:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Информациите се достапни за оној кој сака да ги најде.

Намерата ми е да се едуцира народов, за да не биде оставен на спинувани информации со цел да им го обликуваат мислењето.

Неможе некој со добро познавање на елементите и аргументите, под никакви услови, да прифати компромис за работи за кои воопшто не би смеело да се разговара,а камо ли преговара или става под знак ? од страна на некои одродени политичари, експерти, колумнисти и сл.

Доколку поголемиот дел од нас, стекне солидно познавање за овие факти, многу потешко било кој ќе може да му натури пропаганда и медиумските кампањи ќе бидат во голема мера неутрализирани.


Претходната тема за Грчкото признавање, едвај 3-4 страни наполни со коментари, а темата Ванчо Михајлов или СДСМ-ВМРО преписките во еден ден прават по 20 страни.


Потребна е самокритичност и активност, неможе да бидеме затворени во некој наш свет и живееме како паразити.

е тоа бе брату,мене тоа ме јади жив најногу,кога и да седнам да лафам со пријатели кога ги изнесувам ставовите одма ме бојат,па одма се појавуват другите и одием до бескрај,тоа ме ваде од контакт,се партии партии преку глава ми се,кога ке се создаде таа критична маса во Македонија,ама веке........за мене пред се напред е Македонија,таа ми е прв брак
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
толку факти ејј ..
се нервирам пак ќе пишам ..

па и оној љуБчо татаро-грко племе ме изнервира ....
абе радикализам треба да почне у државава .. да се истреби се у пм ....
и раат после дури тогаш обединување ...
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Заборавил гадот на своите браќа Срби а дефинитивно ни на крај памет не му текнало за Македонската опција.

Заклучок: За нив, ние никогаш не сме постоеле и.е. не не рачунат во живите. А замислете ние преговараме со луѓе што не сметаат за subhumans.

Иронично нели.

Инаку браво Брат за информацијата. :helou:
 
Член од
12 јуни 2009
Мислења
28
Поени од реакции
3
Информациите се достапни за оној кој сака да ги најде.
Ама ако не сакаат да ги најдат или се прат сосила будали, треба ние да најдиме начин да му ги плесниме в лице. Пред цел народ.

Намерата ми е да се едуцира народов, за да не биде оставен на спинувани информации со цел да им го обликуваат мислењето.

Ептен точно.


Претходната тема за Грчкото признавање, едвај 3 страни наполни со коментари, а темата Ванчо Михајлов или СДСМ-ВМРО преписките во еден ден прават по 20 страни.

Најкриво ми е за ова. Потполно истото го мислам.
 
N

n/a

Гостин
Вие лиферувате информации кои што цел свет (битен) ги знае.
Харилаос Трикоупис не би успеал во своите напори да создаде државност и држава Грција доколку не бил подржан од големите сили,
и тоа што е интересно у исто време
и од Англија,
и од Германија,
и од Русија.
Таква сесрдна и безусловна подршка од овие три може на прсти да се изброи,било каде у свет.

Другото,сакал некој да го признае или не,оди на рачун на колатерална штета!

Сега,доброто прашање е следното:
После еден цел век на непризнавање и прогони,
после егзодус
после непризнавање,ембарга и вета,
дали мислите дека уопште мудро е човек да се надева на некаква космичка справедливост и по однос на неа решавање на прашањето за името и државноста воопшто на Р.Македонија?

Нема тоа роџаци...
тоа е мит за препричавање.
А конкретните чекори на секоја една Влада во Македонија треба да бидат насочени кон дефинитивно затварање на овој проблем и минимализирање на грчките свињарии,
еднашка за секогаш.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Bratot da ne prai nekoj doktorat?????...., ama za kogo???? Gwujo i negovite ministri...posebno toj za po nadvor i onoj za obrazovanie....toa ne gi interesira...sodrzinata na istrazuvanjata na Bratot...:)
onie od sdsm i od kaj federales-ite...ic ne gi ni spomnuvam...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Bratot da ne prai nekoj doktorat?????...., ama za kogo???? Gwujo i negovite ministri...posebno toj za po nadvor i onoj za obrazovanie....toa ne gi interesira...sodrzinata na istrazuvanjata na Bratot...:)
onie od sdsm i od kaj federales-ite...ic ne gi ni spomnuvam...


За народот... ниту Грујо ниту неговите министри ниту СДСМ ниту федералес-ите неможат да бидат порелевантен фактор од народот.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
За народот... ниту Грујо ниту неговите министри ниту СДСМ ниту федералес-ите неможат да бидат порелевантен фактор од народот.
narod NEMA...trgni od toa, ima samo OVCI..., zarem mislis deka Harilaos Trikoupis imal narod zad sebe ??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom