Ханиоти

  • Креатор на темата cige
  • Време на започнување
C

cige

Гостин
Како е Ханиоти за паркинг? Како се цените низ маркети, кафичи, пицерии да планирам со храната?
Покрај Молос Бич има друга добра плажа во Ханиоти?
Планирам да шетам и до Пефкохори, Паљури, Калитеа, како се таму со паркинг, се наоѓа и дали фри или се наплаќа?
Сум бил крај на Јули, немав никаков проблем за паркинг.
 
Член од
2 мај 2017
Мислења
36
Поени од реакции
7
Ајде еве една тема од мене за најубавото гратче на Касандра. Многу не ме бива за есеи па ќе редам само податоци и ќе копирам постови од други теми. Ако сака Олимпија или некој друг нека прави едит или апдејт.

Најблиску ти е Ханиоти (на првиот крак) и таму има по нешто за секој
На второ место се островите Закинтос и Крф - рај за младите - ама се малку далеку - но земајќи во предвид дека си млад - не би требало да ти биде проблем
Има убави места пред третиот крак. Исто така и Лептокарија е добро. Ханиоти, Калитеа, Пефкохори, Сани Бич.
И немој Неа Потидеа. И таму водата и плажата е крш. Сум бил сто пати. Јас што би ти препорачал:

-Паљури (ова ти е на крајот на првиот крак, али супер е)
-Калитеа (овде имам некои познати ако сакаш можам да ти дадам број од човекот да си закажеш соба, собите се екстра, во центарот се)
-Ханиоти
-Афитос (И таму бев преклани и супер е плажата, морето, има кафанчиња доста за навечер, кафичи итн. убаво е за прошетка)
-Лептокарија (и овде е супер, сум бил неколку пати)
-Олимпијада (ова ти е после Ставрос, лани бев и топ е, ни гужва на плажа, мало мирно место, вода и плажа топ, плаќав 40 евра август месец за 4 души од вечер, апартманот фантазија)

Во Грција по краците немаш ноќен живот, таму е само за да се опуштиш и одмориш како човек. А островите се спротивно од тоа. Сум бил и на други место (скоро и цела Грција) али овие места ти се најдобри. Ти кажувам од искуство.

Калитеа и Ханиоти се такви места.
Се гледав на фејсбук слики еден пријател шо бил во Ханиоти, местото ми се засвиѓа.
Не сум гледал слики од Калитеа, а она Ханиоти е одлично. Песочна плажа, бистра вода, ресторанчиња........

Па поретко. Повеќето се млади. Оди си Калитеа или Ханиоти. Супер се местата, сум бил сто пати таму. Нема да згрешиш.
па да ти кажам , до сеа не сум одел приватно во хотел, само така на екскурзии па да ти кажам , ке те излажам. Јас ова лето ке одам или Несебар (Бугарија) или Закинтос. Најдов нешто со еден другар а доста евтино, сеа ке ти пастирам:
Туристичката агенција Парадизо Флај ова лето ве носи на најдобрите места во Грција по најдобри цени, повелете и уверете се :

- ШПАНИЈА + АЗУРЕН БРЕГ ЗА САМО 389 ЕВРА

- Крф за само 99 евра

- Закинтос за само 139 евра

- Парга за само 60 евра

- Полихроно за само 65 евра

- Пефкохори за само 70 евра

- Ханиоти за само 70 евра

- Неа Потидеа за само 59 евра

Во цената е вклучено превоз со високотуристички автобус,
сместување во модерни двокреветни и трокреветни студија
опремени со сопствена кујна, тоалет, квалитетен мебел, ТВ,
клима уред и сопствен балкон.Сите студија се наоѓаат на
мала одалеченост од плажите.

Големи попусти за плаќање во готово.
Големи попусти за фирми за групно плаќање.
Бевме во Ханиоти во хотел Калипсо на почетокот на август, соба за четворица со појадок за 85 евра.

На плажа не сум бил , на шетање навечер ми остави супер впечаток . Почист е и поефтин од Ханиоти и Калитеа , барем мене така ми се виде !
Да предложи некој некое место на Ханиоти,Полихроно,Олимпик Бич.Каде да одам од овие места.Најбитно ми е да е водата топла и плажите убави.Другото мање више и не ми смета.
Скоро се вративме па како за првпат одење на првиот крак, можам да кажам - одлично. Таверни ресторани, слаткарници и фастфуд (земи и ојси што се вели) колку ти душа сака. Има и доста маркети, одлично снабдени. Ако го споредувам со Неи Пори, поживо место е, поголемо, но со помали плажи (Неи Пори е со ептен широки плажи) и што е фалинка за тие места на првиот крак (немало слушам ни во Ханиоти), без тушеви и чешми на плажа. Споредено со Ханиоти и Полихроно, Пефкохори лично повеќе ми фати око заради водата, синозеленкаста, бистра и без камења и ежеви (освен веднаш до пристаништето). Водата ме потсети на онаа кај Сарти, на вториот крак, слична боја и бистра. Што беше најбитно, цело место беше многу чисто.
Цените беа од 3-5 евра по лежалка/пијалок, гиро за понети беше 2.2 до 2.5 евра, храната по ресторани класична од 8-12 евра. Се на се убаво.

Ја бев половина на септември и стварно е топ, нема гужва и слично.

Сепак, гужва во Неи Пори, би личела сосема поинаку од гужва во Пефкохори или Ханиоти и други места. Тоа е заради, условно кажано, американската инфраструктура на бившава база.
Крф - од островите и Ханиоти од крајбрежните места.
Во Ханиоти кога бев многу убаво си поминав.Живо местенце,мало но мене ми беше забавно.
На Крф не сум била досега(здравје боже,ке биде) но според гугл мепс и според познаницитекои се биле таму убаво место е
Ханиоти тие многу многу подобро.Има се шо бараш од ова,а е многу поживо

Оди во Пефкохори. Јас сум бил таму 5-6 пати со моите како помал. Плажата е одлична (десно од пристаништето, мада и лево е океј, малце потесна само), интернет кафе имаш горе на главната улица (тоа ќе ти биде негде 5-6-7 мин од смештај зависи каде ке си сместен), и секако не е единстевно кафе. Водата е најчиста можеби од сите места на првиот крак, навечер има за шетање доста и е прилично мирно. Јас немам ниту една замерка, ако сакаш нешто подетално прашај, јас Пефкохори го знам како Карпошов мој. За децата имаш такви паркови со љуљашки ова она глупости, луна-паркови... Прошетај го све ќе најдеш. Иначе ако ви се шета надвор од Пефкохори, тоа е сместено баш меѓу Ханиоти и Полихроно, така да со кола има 5 минути оддалеченост од секое, така да навечер можете и таму. За паркинг не е проблем, се наоѓа.
Јас дури и сеа како поголем би искористил шанса да одам пак таму, ме лупа носталгија за тоа место
Како се движат цените по соба за 2ца во Калитеа, Полихроно, Ханиоти и Пефкохори?
Фала на препораките. Планирам некаде крај на септември да одам. Штотуку си дојдов од Ханиоти/Полихроно и многу тапа си поминав, мислам тапа од гужва и камења на плажа и сл. така да ова место ми го препорачаа како по блиску со убава и песчна плажа, а се надевам дека при крај на септеври ке нема народ многу.

Ако одиш со сопстврен превоз оди во Афитос или Криопиги, затоа што во Калитеа смештајот е многу скап, ќе можеш да идеш на плажа во Калитеа на неколку км или навечер за излегување. А исто така и таверните се многу скапи, една порција школки во Афитос е 7-8 евра, а во Калитеа е 10-14. Гирото сегде е 2,50 само во Калитеа 3 евра. А ако го бараш најубавото место на Касандра тое е Ханиоти.
Дечки да прашам, планирам деновиве да уплатам за Калитеа, е сега прашање ми е за плажите, дали МОРА да се земе лежалка на секоја плажа или може и со пешкир да се постелиш :D И дали има бусчиња до Ханиоти, чисто онака на една вечер да одиш да се издуваш?
Наредна година Калитеа нема да биде достапна за повеќето Македонци. А тука ги вклучувам и Афитос, Ханиоти, Пефкохори и Јонските острови.
daj pisi od 20ti maj dali moze da se kapi na halkidiki
 
A

Avenger99

Гостин
Ај и мене ме интересира, каква е водата во Мај? Гледам 19 степени некаде.. се бањал ли некој тогаш?
 
Член од
15 мај 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Каква е плажата во ханиоти односно длабочината на морето? За мали деца каде е подобра плажата во ханиоти, пефкохори, полихроно или неа потидеа?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Каква е плажата во ханиоти односно длабочината на морето? За мали деца каде е подобра плажата во ханиоти, пефкохори, полихроно или неа потидеа?
Не би ти препорачал со мали деца Ханиоти, три чекори и четвртиот мене ми е до над половината, веќе следен чекор е до врат, единствно плажата ми се допадна кај Молос кафичот, другото е просек.
Сум бил на Паљури, тоа ти е после Пефкохори како заливче, но и таму е длабоко, можеби чекор повеќе имаш додека да ти стигне до врат водата, но за малечки дечиња не би рекол дека е добро.
Неа Потидеа не сум бил и не знам како е.
Со мали деца мој предлог ти е да одиш во Неи Пори, плажата е огромна и е плитко, исто имаш мал дел во Калитеа плиток ако веќе сакаш да си на Халкидики, али пак е помала плажата и многу дува ветер.
 
Па Ханиоти е 90% родители со дечиња. Водата е премногу топла, и не длабоко. Нормално дека не е за мали деца за без гума или елек. Паљури е уште поплитко.
 
Абе секаде има деца, али треба да си до нив цело време во Ханиоти, водата си е супер немам забелешка околу тоа, но дека е плитко за деца не би рекол, ако си бил Неи Пори ќе ме разбереш зошто нема споредба за плиткост.
 
Па јас всушност не прашувам за мене немам деца јас лично сум била на тие места освен на Неа Потидеа ама немам обрнато внимание мене ми беше ок е сега прашувам за луѓе кои се мислат помеѓу тие опции биле две години по ред во Неи Пори и сега сакаат да сменат. Од тие знам за Калитеа дека има дел ептен плитко ама па качување спаѓање по рид со дете и еден куп опрема не е опција. Сепак ви благодарам за мислењата
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Па јас всушност не прашувам за мене немам деца јас лично сум била на тие места освен на Неа Потидеа ама немам обрнато внимание мене ми беше ок е сега прашувам за луѓе кои се мислат помеѓу тие опции биле две години по ред во Неи Пори и сега сакаат да сменат. Од тие знам за Калитеа дека има дел ептен плитко ама па качување спаѓање по рид со дете и еден куп опрема не е опција. Сепак ви благодарам за мислењата
Јас одам со свој превоз и кога бев Калитеа слегував до долу на паркингот покрај плажите со колата, водата беше супер, плажата е мала, лежалките барем 5 евра требаше да направиш промет по човек ако се сеќавам добро, но ветрот и брановите ни правеа доста проблеми.
 
Член од
4 април 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Мене ме интересира кои се цените за лежалките на познатата Молос Бич - Ханиоти,,како најпозната плажа дали се екстремно високи, дали е со пијалок и сл.? Сакаме да одиме со деца, а најблиска плажа од апартманите ни е таа...ај ве молам ако сте биле некој подетално за плажава...да не има журки секој ден па со децава да наеб*ме
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.493
Поени од реакции
6.119

Плаќаш пијачка само.[DOUBLEPOST=1495032482][/DOUBLEPOST]
Каква е плажата во ханиоти односно длабочината на морето? За мали деца каде е подобра плажата во ханиоти, пефкохори, полихроно или неа потидеа?
Не би ти препорачал Ханиоти за деца. Во водата претежно има големи камења а и длабоко е.
Во Пефкохори исто е длабоко но барем нема камења а и на 3-4км ти е Паљури каде водата е побистра, потопла и многу по плитка.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Мене ме интересира кои се цените за лежалките на познатата Молос Бич - Ханиоти,,како најпозната плажа дали се екстремно високи, дали е со пијалок и сл.? Сакаме да одиме со деца, а најблиска плажа од апартманите ни е таа...ај ве молам ако сте биле некој подетално за плажава...да не има журки секој ден па со децава да наеб*ме
Пијачка си плаќаш, кафето мислам дека беше 3-5 евра, пивото над 5, со една пијачка и две лежалки мислам дека прават комбинација.
Ако јас се прашувам само таму е и убаво во Ханиоти, барем јас шетав и се фрлав во вода преку цел брег и таму мислам дека беше најдобро, битно ќе се осеќаш како да си во Србија.
 
A

Avenger99

Гостин
Се наоѓа лесно смештај овај период во Ханиоти?
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.313
Поени од реакции
2.834
Не би ти препорачал со мали деца Ханиоти, три чекори и четвртиот мене ми е до над половината, веќе следен чекор е до врат, единствно плажата ми се допадна кај Молос кафичот, другото е просек.
Сум бил на Паљури, тоа ти е после Пефкохори како заливче, но и таму е длабоко, можеби чекор повеќе имаш додека да ти стигне до врат водата, но за малечки дечиња не би рекол дека е добро.
Неа Потидеа не сум бил и не знам како е.
Со мали деца мој предлог ти е да одиш во Неи Пори, плажата е огромна и е плитко, исто имаш мал дел во Калитеа плиток ако веќе сакаш да си на Халкидики, али пак е помала плажата и многу дува ветер.
Паљури длабоко? Нешто си грешка. Сум бил и Неи Пори и Паљури. Паљури е поплитко и поубава е водата. Моите деца лани 3 и 4 години сами си одеа во вода во далечина од 20-30 метри и им беше до гуша. Баш за деца е. И неи пори е плитко но ваму мене ми беше поплитко
 
Kajgana Shop

На врв Bottom