Ханиоти

  • Креатор на темата cige
  • Време на започнување
C

cige

Гостин
Ајде еве една тема од мене за најубавото гратче на Касандра. Многу не ме бива за есеи па ќе редам само податоци и ќе копирам постови од други теми. Ако сака Олимпија или некој друг нека прави едит или апдејт.

Најблиску ти е Ханиоти (на првиот крак) и таму има по нешто за секој
На второ место се островите Закинтос и Крф - рај за младите - ама се малку далеку - но земајќи во предвид дека си млад - не би требало да ти биде проблем
Има убави места пред третиот крак. Исто така и Лептокарија е добро. Ханиоти, Калитеа, Пефкохори, Сани Бич.
И немој Неа Потидеа. И таму водата и плажата е крш. Сум бил сто пати. Јас што би ти препорачал:

-Паљури (ова ти е на крајот на првиот крак, али супер е)
-Калитеа (овде имам некои познати ако сакаш можам да ти дадам број од човекот да си закажеш соба, собите се екстра, во центарот се)
-Ханиоти
-Афитос (И таму бев преклани и супер е плажата, морето, има кафанчиња доста за навечер, кафичи итн. убаво е за прошетка)
-Лептокарија (и овде е супер, сум бил неколку пати)
-Олимпијада (ова ти е после Ставрос, лани бев и топ е, ни гужва на плажа, мало мирно место, вода и плажа топ, плаќав 40 евра август месец за 4 души од вечер, апартманот фантазија)

Во Грција по краците немаш ноќен живот, таму е само за да се опуштиш и одмориш како човек. А островите се спротивно од тоа. Сум бил и на други место (скоро и цела Грција) али овие места ти се најдобри. Ти кажувам од искуство.


Калитеа и Ханиоти се такви места.
Се гледав на фејсбук слики еден пријател шо бил во Ханиоти, местото ми се засвиѓа.
Не сум гледал слики од Калитеа, а она Ханиоти е одлично. Песочна плажа, бистра вода, ресторанчиња........

Па поретко. Повеќето се млади. Оди си Калитеа или Ханиоти. Супер се местата, сум бил сто пати таму. Нема да згрешиш.
па да ти кажам , до сеа не сум одел приватно во хотел, само така на екскурзии па да ти кажам , ке те излажам. Јас ова лето ке одам или Несебар (Бугарија) или Закинтос. Најдов нешто со еден другар а доста евтино, сеа ке ти пастирам:
Туристичката агенција Парадизо Флај ова лето ве носи на најдобрите места во Грција по најдобри цени, повелете и уверете се :

- ШПАНИЈА + АЗУРЕН БРЕГ ЗА САМО 389 ЕВРА

- Крф за само 99 евра

- Закинтос за само 139 евра

- Парга за само 60 евра

- Полихроно за само 65 евра

- Пефкохори за само 70 евра

- Ханиоти за само 70 евра

- Неа Потидеа за само 59 евра

Во цената е вклучено превоз со високотуристички автобус,
сместување во модерни двокреветни и трокреветни студија
опремени со сопствена кујна, тоалет, квалитетен мебел, ТВ,
клима уред и сопствен балкон.Сите студија се наоѓаат на
мала одалеченост од плажите.

Големи попусти за плаќање во готово.
Големи попусти за фирми за групно плаќање.
Бевме во Ханиоти во хотел Калипсо на почетокот на август, соба за четворица со појадок за 85 евра.

На плажа не сум бил , на шетање навечер ми остави супер впечаток . Почист е и поефтин од Ханиоти и Калитеа , барем мене така ми се виде !
Да предложи некој некое место на Ханиоти,Полихроно,Олимпик Бич.Каде да одам од овие места.Најбитно ми е да е водата топла и плажите убави.Другото мање више и не ми смета.
Скоро се вративме па како за првпат одење на првиот крак, можам да кажам - одлично. Таверни ресторани, слаткарници и фастфуд (земи и ојси што се вели) колку ти душа сака. Има и доста маркети, одлично снабдени. Ако го споредувам со Неи Пори, поживо место е, поголемо, но со помали плажи (Неи Пори е со ептен широки плажи) и што е фалинка за тие места на првиот крак (немало слушам ни во Ханиоти), без тушеви и чешми на плажа. Споредено со Ханиоти и Полихроно, Пефкохори лично повеќе ми фати око заради водата, синозеленкаста, бистра и без камења и ежеви (освен веднаш до пристаништето). Водата ме потсети на онаа кај Сарти, на вториот крак, слична боја и бистра. Што беше најбитно, цело место беше многу чисто.
Цените беа од 3-5 евра по лежалка/пијалок, гиро за понети беше 2.2 до 2.5 евра, храната по ресторани класична од 8-12 евра. Се на се убаво.

Ја бев половина на септември и стварно е топ, нема гужва и слично.

Сепак, гужва во Неи Пори, би личела сосема поинаку од гужва во Пефкохори или Ханиоти и други места. Тоа е заради, условно кажано, американската инфраструктура на бившава база.
Крф - од островите и Ханиоти од крајбрежните места.
Во Ханиоти кога бев многу убаво си поминав.Живо местенце,мало но мене ми беше забавно.
На Крф не сум била досега(здравје боже,ке биде) но според гугл мепс и според познаницитекои се биле таму убаво место е
Ханиоти тие многу многу подобро.Има се шо бараш од ова,а е многу поживо

Оди во Пефкохори. Јас сум бил таму 5-6 пати со моите како помал. Плажата е одлична (десно од пристаништето, мада и лево е океј, малце потесна само), интернет кафе имаш горе на главната улица (тоа ќе ти биде негде 5-6-7 мин од смештај зависи каде ке си сместен), и секако не е единстевно кафе. Водата е најчиста можеби од сите места на првиот крак, навечер има за шетање доста и е прилично мирно. Јас немам ниту една замерка, ако сакаш нешто подетално прашај, јас Пефкохори го знам како Карпошов мој. За децата имаш такви паркови со љуљашки ова она глупости, луна-паркови... Прошетај го све ќе најдеш. Иначе ако ви се шета надвор од Пефкохори, тоа е сместено баш меѓу Ханиоти и Полихроно, така да со кола има 5 минути оддалеченост од секое, така да навечер можете и таму. За паркинг не е проблем, се наоѓа.
Јас дури и сеа како поголем би искористил шанса да одам пак таму, ме лупа носталгија за тоа место
Како се движат цените по соба за 2ца во Калитеа, Полихроно, Ханиоти и Пефкохори?
Фала на препораките. Планирам некаде крај на септември да одам. Штотуку си дојдов од Ханиоти/Полихроно и многу тапа си поминав, мислам тапа од гужва и камења на плажа и сл. така да ова место ми го препорачаа како по блиску со убава и песчна плажа, а се надевам дека при крај на септеври ке нема народ многу.

Ако одиш со сопстврен превоз оди во Афитос или Криопиги, затоа што во Калитеа смештајот е многу скап, ќе можеш да идеш на плажа во Калитеа на неколку км или навечер за излегување. А исто така и таверните се многу скапи, една порција школки во Афитос е 7-8 евра, а во Калитеа е 10-14. Гирото сегде е 2,50 само во Калитеа 3 евра. А ако го бараш најубавото место на Касандра тое е Ханиоти.
Дечки да прашам, планирам деновиве да уплатам за Калитеа, е сега прашање ми е за плажите, дали МОРА да се земе лежалка на секоја плажа или може и со пешкир да се постелиш :D И дали има бусчиња до Ханиоти, чисто онака на една вечер да одиш да се издуваш?
Наредна година Калитеа нема да биде достапна за повеќето Македонци. А тука ги вклучувам и Афитос, Ханиоти, Пефкохори и Јонските острови.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Калитеа ја има најубавата плажа, но сепак не е препорачливо за престојување поради таа ужасната горнина/долнина што треба да се минува секој ден за да одиш на плажа или да се вратиш во апартманот. Лежалките се движат од 5 до 15 евра(најчеста цена е 10 евра од човек) така да најдобро ти да си земеш пешкир и да си постелиш. Бусчиња за жал нема до Ханиоти, ќе треба да патуваш со редовните линии. Сум бил и во Ханиоти повеќе пати и можам да кажам дека најубаво сум си поминувал таму.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Да сигурно на Крф е 99 евра и на Закинтос 139 евра со сместување и превоз. :icon_lol:
Тие цени се за вон сезона.
 
C

cige

Гостин
Калитеа ја има најубавата плажа, но сепак не е препорачливо за престојување поради таа ужасната горнина/долнина што треба да се минува секој ден за да одиш на плажа или да се вратиш во апартманот. Лежалките се движат од 5 до 15 евра(најчеста цена е 10 евра од човек) така да најдобро ти да си земеш пешкир и да си постелиш. Бусчиња за жал нема до Ханиоти, ќе треба да патуваш со редовните линии. Сум бил и во Ханиоти повеќе пати и можам да кажам дека најубаво сум си поминувал таму.
Не бе, кај 15 евра. Околу 7-8 евра се две лежалки со чадор.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Не ми е јасен првиот пост, нешто комаплација од постови е или некој модератор заебал споил мислења?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ова се копирани повеќе мислења од некој друг форум или коментари на фб. Тема Ханиоти, а во вовед ШПАНИЈА + АЗУРЕН БРЕГ ЗА САМО 389 ЕВРА :icon_lol:

"На Крф не сум била досега(здравје боже,ке биде) но според гугл мепс и според познаницитекои се биле таму убаво место е." :icon_mrgr:
 
Т

Триптико

Гостин
Ете ти македонска работа. Гиро бе 2е е најважна работа на одмор...ц ц ц ц...дај некој нека каже колку е летање со параглајдер, изнајмување опрема за нуркање, тура со брод по острови, посета на локалитети, изнајмување кола/скутер, цена на гориво, цена на храна (НЕ гиро!!!) по ресторани, пиво и др алкохол (НЕ Лидл)... Ако одмор се сведува на лежење на плажа и јадење гиро, одете во Охрид на плажа со хамбургер во рака. Исто е.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Калитеа ја има најубавата плажа, но сепак не е препорачливо за престојување поради таа ужасната горнина/долнина што треба да се минува секој ден за да одиш на плажа или да се вратиш во апартманот. Лежалките се движат од 5 до 15 евра(најчеста цена е 10 евра од човек) така да најдобро ти да си земеш пешкир и да си постелиш. Бусчиња за жал нема до Ханиоти, ќе треба да патуваш со редовните линии. Сум бил и во Ханиоти повеќе пати и можам да кажам дека најубаво сум си поминувал таму.
Не си бил ти у Парга да видиш што е качување слагање цел ден :) Ама не се жалам, најубаво е таму секако. - офтопик

Инаку, за Ханиоти ме интересира, сакам да идам околу 20ти Август, знае некој какви се цените на смештајот тау годинава?
 
C

cige

Гостин
Не си бил ти у Парга да видиш што е качување слагање цел ден :) Ама не се жалам, најубаво е таму секако. - офтопик

Инаку, за Ханиоти ме интересира, сакам да идам околу 20ти Август, знае некој какви се цените на смештајот тау годинава?
10-12 евра од кревет
 
Член од
11 мај 2015
Мислења
72
Поени од реакции
10
Дајте предлог за смештај за ханиоти или сивири...Ми треба 2, евентуално 3 креветна соба за со мало дете, и цената колку би се движела овој период крај на август
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Сакам да одам во Ханиоти летово, периодот би бил од 9ти јули до 19ти, така нешто. Дали би можело таму да се најде смештај на лице место или нема шанси во тој период?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Како е Ханиоти за паркинг? Како се цените низ маркети, кафичи, пицерии да планирам со храната?
Покрај Молос Бич има друга добра плажа во Ханиоти?
Планирам да шетам и до Пефкохори, Паљури, Калитеа, како се таму со паркинг, се наоѓа и дали фри или се наплаќа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom