Ајде еве една тема од мене за најубавото гратче на Касандра. Многу не ме бива за есеи па ќе редам само податоци и ќе копирам постови од други теми. Ако сака Олимпија или некој друг нека прави едит или апдејт.
Најблиску ти е Ханиоти (на првиот крак) и таму има по нешто за секој
На второ место се островите Закинтос и Крф - рај за младите - ама се малку далеку - но земајќи во предвид дека си млад - не би требало да ти биде проблем
Има убави места пред третиот крак. Исто така и Лептокарија е добро. Ханиоти, Калитеа, Пефкохори, Сани Бич.
И немој Неа Потидеа. И таму водата и плажата е крш. Сум бил сто пати. Јас што би ти препорачал:
-Паљури (ова ти е на крајот на првиот крак, али супер е)
-Калитеа (овде имам некои познати ако сакаш можам да ти дадам број од човекот да си закажеш соба, собите се екстра, во центарот се)
-Ханиоти
-Афитос (И таму бев преклани и супер е плажата, морето, има кафанчиња доста за навечер, кафичи итн. убаво е за прошетка)
-Лептокарија (и овде е супер, сум бил неколку пати)
-Олимпијада (ова ти е после Ставрос, лани бев и топ е, ни гужва на плажа, мало мирно место, вода и плажа топ, плаќав 40 евра август месец за 4 души од вечер, апартманот фантазија)
Во Грција по краците немаш ноќен живот, таму е само за да се опуштиш и одмориш како човек. А островите се спротивно од тоа. Сум бил и на други место (скоро и цела Грција) али овие места ти се најдобри. Ти кажувам од искуство.
Калитеа и Ханиоти се такви места.
Се гледав на фејсбук слики еден пријател шо бил во Ханиоти, местото ми се засвиѓа.
Не сум гледал слики од Калитеа, а она Ханиоти е одлично. Песочна плажа, бистра вода, ресторанчиња........
Па поретко. Повеќето се млади. Оди си Калитеа или Ханиоти. Супер се местата, сум бил сто пати таму. Нема да згрешиш.
па да ти кажам , до сеа не сум одел приватно во хотел, само така на екскурзии па да ти кажам , ке те излажам. Јас ова лето ке одам или Несебар (Бугарија) или Закинтос. Најдов нешто со еден другар а доста евтино, сеа ке ти пастирам:
Туристичката агенција Парадизо Флај ова лето ве носи на најдобрите места во Грција по најдобри цени, повелете и уверете се :
- ШПАНИЈА + АЗУРЕН БРЕГ ЗА САМО 389 ЕВРА
- Крф за само 99 евра
- Закинтос за само 139 евра
- Парга за само 60 евра
- Полихроно за само 65 евра
- Пефкохори за само 70 евра
- Ханиоти за само 70 евра
- Неа Потидеа за само 59 евра
Во цената е вклучено превоз со високотуристички автобус,
сместување во модерни двокреветни и трокреветни студија
опремени со сопствена кујна, тоалет, квалитетен мебел, ТВ,
клима уред и сопствен балкон.Сите студија се наоѓаат на
мала одалеченост од плажите.
Големи попусти за плаќање во готово.
Големи попусти за фирми за групно плаќање.
Бевме во Ханиоти во хотел Калипсо на почетокот на август, соба за четворица со појадок за 85 евра.
На плажа не сум бил , на шетање навечер ми остави супер впечаток . Почист е и поефтин од Ханиоти и Калитеа , барем мене така ми се виде !
Да предложи некој некое место на Ханиоти,Полихроно,Олимпик Бич.Каде да одам од овие места.Најбитно ми е да е водата топла и плажите убави.Другото мање више и не ми смета.
Скоро се вративме па како за првпат одење на првиот крак, можам да кажам - одлично. Таверни ресторани, слаткарници и фастфуд (земи и ојси што се вели) колку ти душа сака. Има и доста маркети, одлично снабдени. Ако го споредувам со Неи Пори, поживо место е, поголемо, но со помали плажи (Неи Пори е со ептен широки плажи) и што е фалинка за тие места на првиот крак (немало слушам ни во Ханиоти), без тушеви и чешми на плажа. Споредено со Ханиоти и Полихроно, Пефкохори лично повеќе ми фати око заради водата, синозеленкаста, бистра и без камења и ежеви (освен веднаш до пристаништето). Водата ме потсети на онаа кај Сарти, на вториот крак, слична боја и бистра. Што беше најбитно, цело место беше многу чисто.
Цените беа од 3-5 евра по лежалка/пијалок, гиро за понети беше 2.2 до 2.5 евра, храната по ресторани класична од 8-12 евра. Се на се убаво.
Ја бев половина на септември и стварно е топ, нема гужва и слично.
Сепак, гужва во Неи Пори, би личела сосема поинаку од гужва во Пефкохори или Ханиоти и други места. Тоа е заради, условно кажано, американската инфраструктура на бившава база.
Крф - од островите и Ханиоти од крајбрежните места.
Во Ханиоти кога бев многу убаво си поминав.Живо местенце,мало но мене ми беше забавно.
На Крф не сум била досега(здравје боже,ке биде) но според гугл мепс и според познаницитекои се биле таму убаво место е
Ханиоти тие многу многу подобро.Има се шо бараш од ова,а е многу поживо
Оди во Пефкохори. Јас сум бил таму 5-6 пати со моите како помал. Плажата е одлична (десно од пристаништето, мада и лево е океј, малце потесна само), интернет кафе имаш горе на главната улица (тоа ќе ти биде негде 5-6-7 мин од смештај зависи каде ке си сместен), и секако не е единстевно кафе. Водата е најчиста можеби од сите места на првиот крак, навечер има за шетање доста и е прилично мирно. Јас немам ниту една замерка, ако сакаш нешто подетално прашај, јас Пефкохори го знам како Карпошов мој. За децата имаш такви паркови со љуљашки ова она глупости, луна-паркови... Прошетај го све ќе најдеш. Иначе ако ви се шета надвор од Пефкохори, тоа е сместено баш меѓу Ханиоти и Полихроно, така да со кола има 5 минути оддалеченост од секое, така да навечер можете и таму. За паркинг не е проблем, се наоѓа.
Јас дури и сеа како поголем би искористил шанса да одам пак таму, ме лупа носталгија за тоа место
Како се движат цените по соба за 2ца во Калитеа, Полихроно, Ханиоти и Пефкохори?
Фала на препораките. Планирам некаде крај на септември да одам. Штотуку си дојдов од Ханиоти/Полихроно и многу тапа си поминав, мислам тапа од гужва и камења на плажа и сл. така да ова место ми го препорачаа како по блиску со убава и песчна плажа, а се надевам дека при крај на септеври ке нема народ многу.
Ако одиш со сопстврен превоз оди во Афитос или Криопиги, затоа што во Калитеа смештајот е многу скап, ќе можеш да идеш на плажа во Калитеа на неколку км или навечер за излегување. А исто така и таверните се многу скапи, една порција школки во Афитос е 7-8 евра, а во Калитеа е 10-14. Гирото сегде е 2,50 само во Калитеа 3 евра. А ако го бараш најубавото место на Касандра тое е Ханиоти.
Дечки да прашам, планирам деновиве да уплатам за Калитеа, е сега прашање ми е за плажите, дали МОРА да се земе лежалка на секоја плажа или може и со пешкир да се постелиш
И дали има бусчиња до Ханиоти, чисто онака на една вечер да одиш да се издуваш?
Наредна година Калитеа нема да биде достапна за повеќето Македонци. А тука ги вклучувам и Афитос, Ханиоти, Пефкохори и Јонските острови.