ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: Кајганџии донираат - операцијата заврши успешно :)

Статус
Затворена за нови мислења.

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
-Тек на настани-
Акција 1 (среда 24.12.2008 - завршена);

Акција 2 (петок 26.12.2008 - завршена);
Акција 3 (сабота 27.12.2008 - завршена);

На ден 27.12 (сабота), во периодот од 13до 19 часот (па и подолго ако е потребно), на Плоштад Македонија (во близина на пицеријата „Дал Фуфо“) и ТЦ Бисер ќе биде поставен штанд на кој секој хуман форумџија ќе може да го даде својот придонес за помош на оние на кои им е најмногу потребна.

Донираните средства може да подразбираат (здрава и испрана) облека, играчки и трајна храна (со подолг рок на траење). Средствата потоа ќе бидат пренесени во Црвен Крст во Кисела Вода, од каде што ќе ги распределат по социјалните семејства.

Секој што може и сака да помогне, во дадениот термин и дадената локација ќе биде љубезно пречекан од мала група на симпатични форумџики, кои со насмевка ќе ви заблагодарат за несебичниот акт. :pipi:
Ќе има и форумџии, ама они не се битни.

Не се двоумете и одделете час од вашето време, присоберете нешто од стара облека по дома (не е важно колку е стара, важно да е здрава и нослива) и оставете ни го на Плоштад. Секако, акцијава не е строго за кајганџии, може да разгласите по луѓе за да може да помогне секој кој има желба.

За секој однесен пакет добивате бакнеж од мене и колешките и момент на среќа кај некого на кого му е потребна; за секое неучество, добивате клоца. Океј, не тепаме, ама кога секој има дома стара облека која и онака ќе ја фрли, срамота е да не ја даде каде што би била корисна.

Се надеваме дека одѕивот ќе биде солиден, акцијава успешна, а неколку социјални семејства потпомогнати.

Ако има прашања, пријавувања, било што-слободно.




Надополнето од Acid:
Акцијата заврши успешно! Ви благодариме на сите!
Еве некои фотки од текот на акцијата на Плоштад Македонија:


























 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Јас ќе те придружувам... дека не сум битен, не за друго :pipi:
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
:pipi:

За секој однесен пакет добивате бакнеж од мене и колешките
А тоа на лице место или?
А шо ако ми се допаднат бакнежите од вас таму па ги донирам и алиштата на мене шо се? :):)

Ќе поминам у среда ама незнам дали ќе донесам нешо тогаш.Ја за петок или сабота мислев.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
А тоа на лице место или?
А шо ако ми се допаднат бакнежите од вас таму па ги донирам и алиштата на мене шо се? :):)

Ќе поминам у среда ама незнам дали ќе донесам нешо тогаш.Ја за петок или сабота мислев.
Ако успееме со бакнеж да те соголиме во име на социјалните семејства, супер :icon_lol: И тоа е начин да се соберат средства. :pipi:

Темава е за среда; ако има одзив за тогаш, ќе организираме петок и сабота, затоа глејте во среда кој можете.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Не знам колку мислите дека мажите не се битни. Па ве молам да не бидете феминисти барем кога е во прашање хуманоста :) Инаку би сакал да се најдам у помош. И можам да ви помогнам да шмекам случајни минувачки да ги информирам шо како и да ги потикнам да направат шмекерско хумано дело!
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Ќе се потрудам да спакувам се' до среда... Ама зашто сум до 6 ипол во школо, веројатно ќе стигнам малку пред 7, се надевам нема да се разминеме :)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Шмекер, доволно е да донесеш стара облека и уште нешто што ќе најдеш. :)

На штандот задолжително ќе бидат: јас, Немирна, Јован. Секој кој дополнително сака да намине, слободно нека дојде пред Дал Фуфо во 17 часот; ама имајте предвид дека поважно е да донирате нешто отколку да не дружите, нема без друштво да останеме ние. :) Глејте да не сте со празни раце, сепак дружбата не е приоритетна овде.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
јас доаѓам кај 7 саатот негде.
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
naprajte i po gradovite edna akcija za da moze site da ucestvuvaat
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
А ја мор?!?!?! Е на ракија сеа.
Едитирав бе. :icon_lol:
naprajte i po gradovite edna akcija za da moze site da ucestvuvaat
За жал, ние од Скопје не можеме да ве организираме сите низ цела Македонија, ама би било добро да си организирате сами на ниво на град. :smir:


едит: Знам дека у 4 сабајле и не е најдобро време за договарање на вакви работи, ама ни треба техничка помош. :)
Потребен ни е штанд, некоја мала масичка (и столче по можност), место за складирање на пакетите откако ќе се соберат (Серпико, Магде?), како и форумџија кој има кола на располагање за да би можеле да ги пренесеме.

Мушка рака си треба, не ќутете коа сте потребни. :icon_lol:
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Едитирав бе. :icon_lol:



Мушка рака си треба, не ќутете коа сте потребни. :icon_lol:
За мушка рука ли е проблем беее....Еве.

:):)
Ја немам али ќе прашам утре една другарка над дал фуфо шо живее да не може да симне нешо ако има. Али не ветувам нишо:)
 
D

Delux

Гостин
Ако сте толку хумани организирајте низ цела Македонија,оти јас на пример сакам да бидам хуман,како тоа би го остварил?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ако сте толку хумани организирајте низ цела Македонија,оти јас на пример сакам да бидам хуман,како тоа би го остварил?
Ќе си идеш до Црвен Крст во Битола, ќе си се договориш дека ќе им однесеш донации, ќе си отвориш тема, ќе ги собереш битолчани и сите среќни и весели.

Ете како.

Не очекувате ваљда роад трип да правиме ние од Скопје, па да се возикаме низ Македонија и да собираме пакети од врата на врата?!
 
D

Delux

Гостин
Ќе си идеш до Црвен Крст во Битола, ќе си се договориш дека ќе им однесеш донации, ќе си отвориш тема, ќе ги собереш битолчани и сите среќни и весели.

Ете како.

Не очекувате ваљда роад трип да правиме ние од Скопје, па да се возикаме низ Македонија и да собираме пакети од врата на врата?!
Глупава ти е идејата...продавај му висок морал на некој друг!сеа нели сме хумани.иронојата ти е непотребна бар не сега.

Ако си ти иницијатор на темава имаме ние форумџии(модератори) од град Битола,па еве ќе те замолам биди ажурна и кон црвен крст од Битола
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom