- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.702
- Поени од реакции
- 33.337
Следната недела, на 31 октомври Западот го прославува Halloween, па затоа овој период некако се е во знакот на хорор филмовите. Па ајде, да се потрудиме и ние да бидеме п(р)о-западни и да ги одбереме 30-те најдобри хорор филмови на сите времиња!
ХОРОР
Правилата:
Одберете минимум 1, а максимум 10 хорор филмови (може и повеќе, зашто ако нема доволно предложени, ќе бидат земени предвид и останатите после десеттиот), кои според вас се најдобри и запишете ги насловите во коментар подолу, еден под друг (без бројки пред филмовите, цртички, точки или било што друго).
Ако некој пред вас го пишал филмот кој и вие го сакате, напишете го пак, така има поголеми шанси да се најде на крајната листа.
Дозволени се секакви филмови, сеедно е дали се играни, документарни, анимирани, кратки, телевизиски... Се е дозволено, само да се ХОРОР.
ХОРОР
Правилата:
Или попросто:-еднаш на две недели ќе поставиме тема зададена од мене (секако, предлози во inbox ќе бидат добредојдени), во нова тема во подфорумов;
-секој член на Кајгана форумот може да постира наслов/и на минимум 1, а максимум 10 филма кои смета дека се најдобри, а одговараат на зададената тема;
-доколку некој пише наслов кој и вие сакате да го пишете, пишете го пак - колку повеќе пати е спомнат филмот тука, толку се поголеми шансите да се најде на финалната листа;
-по истекот на времето за предлози, јас ќе ги соберам сите ваши листи и ќе направам една, конечна листа која ќе биде објавена и во почетното мислење на темата, и во крајното, и дополнително, ќе биде направена и листа на Letterboxd за поголема прегледност;
-целта е да направиме листи на филмови на одредени теми, жанрови, со одредени актери, режисери или било какви други нешта кои ги поврзуваат, за кога некој ќе побара некаков предлог, да може лесно да најде;
-бројот на филмови кои ќе се најдат на крајната листа ќе биде 30;
-од почеток сите спомнати 10 филма во секоја од вашите листи ќе бидат еднакви (еден mention = еден бод). Доколку на крај повеќе филмови имаат ист број бодови, во листата ќе влезат оние кои имаат повисока оценка на Letterboxd (зашто нели ова е инспирирано од таму).