ХИВ/СИДА

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
Уф па кога веќе до таму стигнала работата, има тестови, ќе си направите еден заеднички тест пред да почнете да имате секс без кондом и ќе знаете на што сте двајцата.
Барем мене ми звучи ОК ова, а и знам случаи што направиле вака.
ах пак јас мислам дека треба да си ептен баксуз да накачиш или да најдиш некој шо има сида макар шо реална бројка никогаш не се знај
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
ах пак јас мислам дека треба да си ептен баксуз да накачиш или да најдиш некој шо има сида макар шо реална бројка никогаш не се знај
Па секогаш кондом при рака независно дали си машко или женско. А кога ќе дојде делот на мислење за деца, женидби...тогаш може да си се истестирате.
 

aleksandarreal

Sport fanatic
Член од
15 мај 2009
Мислења
905
Поени од реакции
276
Па секогаш кондом при рака независно дали си машко или женско. А кога ќе дојде делот на мислење за деца, женидби...тогаш може да си се истестирате.
али работава е што и кондомот не е 100% сигурност имало шанси да се закачи вирусот бил помал од порите на кондомот...што е многууу лошо
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
607
Поени од реакции
491
Имам две прашања за тоа како се инфицира со ХИВ.
1. Колкави се шансите за инфицирање при голтање на предсемената течност или сперма од лице што е ХИВ позитивно. Дали во тој случај вирусот се пренесува само ако лицето што голтнало има рана во устата?
2. Колкави се шансите за инфицирање доколку при анален секс без заштита девојката е носител на вирусот, а дечкото не е. Бидејќи при аналниот секс се појавуваат ранички во дебелото црево, дали дечкото може да се инфицира само во случај и на нему му се појават ранички на пенисот?
 
Член од
30 јануари 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Не знаев каде да отворам темава .. ми треба официалниот сајт на македонија за БОРБА ПРОТИВ СИДАТА не можам да го најдам а ми треба кој го знае ај нека ми го положи тука фала од напред .
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Бројот се зголемува, така што пазите што правите :P
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Имам две прашања за тоа како се инфицира со ХИВ.
1. Колкави се шансите за инфицирање при голтање на предсемената течност или сперма од лице што е ХИВ позитивно. Дали во тој случај вирусот се пренесува само ако лицето што голтнало има рана во устата?
2. Колкави се шансите за инфицирање доколку при анален секс без заштита девојката е носител на вирусот, а дечкото не е. Бидејќи при аналниот секс се појавуваат ранички во дебелото црево, дали дечкото може да се инфицира само во случај и на нему му се појават ранички на пенисот?
Во првиот случај веројатноста е голема затоа што во усната шуплина има микроскопски ранички кои не се видливи со голо око но сепак се присутни и доколку дојде до допир со семена течност има големи шанси да се зарази личноста со хив.

А за вториот случај веројатноста е 100 процентна.
 

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Без навреда, ама доста глупости изначитав овде. Ајде еден апдејт да направам за оние неинформираните, зошто директно сум поврзан со лица заболени од ХИВ и работам на нивна поддршка. Што претставува ХИВ-от во 2015.
1. Повеќе од 5 години ХИВ-от се смета за хроничен вирус, односно она што е денес ХИВ нема ништо слично со истиот тој ХИВ од пред повеќе од 5 год. Зошто?
2. Заради Антиретровиралната терапија (која претставува склоп од повеќе Антиретровирални апчиња) коишто не лечат од ХИВ, туку истиот го држат во скриена (латентна) форма во некои органи и материи во организмот со цел истиот да не избувне и да не направи штета на организмот. Се дур со помош на АРТ терапијата, заболениот го држи вирусот под контрола, тој не прави штета на организмот и имунитетот се бори со инфекциите како и кај ХИВ негативно лице. Тоа се нарекува уште и постигнато ниво на непрепознатливост на ХИВ вирусот во крвта (10, 50 или 100 мл крв) Но, како и кога би можел истиот да биде штетен?
3. При резистенца на АРТ Терапијата, којашто настанува доколку пациентот ненавремено ја зима терапијата, касни во зимањето на апчињата со што му дава време и простор на вирусот да го научи дејството на Терапијата и да стане резистентен (отпорен) на терапијата со што таа терапија веќе нема никаков ефект врз спречувањето на ХИВ вирусот. Но, не е крај на светот, при таков случај, се препишува нова комбинација на Антиретровирана (АРТ) терапија. Пред да постои АРТ Терапијата, страничните ефекти биле големи, додека денес се значително намалени.
4. Странични ефекти може да вклулат: главоболка, повраќање, вртење, луцидни и вивидни соништа, депресија и анскиозност (која во последно време се исклучуваат како страничен ефект поврзан директно од терапијата) и липодистрофија којашто се случува во многу ретки случаи.
5. ХИВ ВИРУСОТ НЕ Е ИСТО ШТО И СИДА. Таа денес настанува во последната фаза на ХИВ вирусот во случај на оцна дијагноза (после 8-15 години од инфекцијата). Таа вклучува опортунистички инфекции како туберкулоза, канцер итн. Но, се пријавуваат многу случаи кадешто и при таква ситуација, пациенти се враќале на првото ниво на недетектабилност (непрепознатливост) но во тој случај е значително намален лајф-спенот (времето на живеење) кај пациентот, според некои студии (10-20 години намален живот од рано-дијагностицираните). Затоа, се смета дека раната дијагноза спасува живот и му помага на заболениот да живее нормален, активен и квалитетен живот.
6. Според последната студија, доколку заболен од ХИВ има ниво на недектабилност на вирусот (за коешто рековме дека се постигнува само при навремена терапија), шансата за пренос при хетеросексуален однос е 0%, а при хомосексуален околу 1 посто и тоа само при рецептивен анален секс.
7.,,Сидата не е ништо, ХИВот не постои, како може толку терапии да има, а да го немаат лекот, сигурно го имаат'' е всушност „муабетот од милион долари“. Како што пишав погоре, ХИВ вирусот се крие од имунитетот кога тој е засилен од АРТ терапијата. Чека стуткано да нападне. Досега е докажано дека тој се крие во мозокот, тестисите, синусите и во најголема застапеност во стомакот. Во следниот пост, пишувам на претходноспоменатата тема.[DOUBLEPOST=1438456354][/DOUBLEPOST]До пред 5 години, штом станело збор за HIV cure (излекување на ХИВот), темата се избегнувала, се добивале апсолутно негативни одговори за невозможноста на истото се до случајот на првиот излекуван случај од ХИВ во светот, Тимоти Реј Браун, Американец којшто живеел во Берлин. 7 години по дијагнозата со ХИВ, добива и нова дијагноза, леукемија. Не би сакал да ве замарам со целата постапка, меѓутоа му била пресадена коскена срж од донор којшто имал мутација таква што е отпорна на ХИВ вирусот. Подоцна ќе ви објаснам и зошто стратегијата со којашто тој се излекувал не може да биде пошироко употребена. После операцијата, во него не биле пронајдени никакви траги од ХИВ вирусот. Денес, на големо се зборува за лекот за СИДАта и ХИВот и постојат два вида на стратегии за лек.
1. Функционален Лек

Постојат неколку стратегии за т.н. Функционален Лек на вирусот ХИВ. Тоа би значело дека вирусот би се ставил во ,вечна ремисија, односно тој би останал засекогаш во телото, во скриена форма, а лекот би имал за цел да го спречи ,,будењето,, на ХИВот со што тој не би имал никакви последици врз имунитетот и воопшто телото.
2. Стерилизирачки Лек
Најпознатата Kick and Kill страрегија е всушност стратегија за ваков вид на лек. Оваа стратегија има за цел будење на сиот ХИВ материјал во телото (Kick) и убивање со помош на хемотерапија, инжинерско-наномолекуларна промена или некој нов вид на апчиња убивање на тој ХИВ материјал (Kill).
Пред една недела на Конференцијата За ХИВ/СИДА во Ванкувер беше претставен и првиот случај на (досега) Функционален Лек (односно ремисија) нан ХИВ вирусот, кадешто девојче родено со ХИВ (пренес преку доење од мајката) добила АРТ терапија веднаѓ после раѓањето, но на 6 годишна возраст терапијата и била прекината. Денес после 12 години без терапија вирусот во нејзе постои, но не прави никаква штета, не прогресира и е во ниво на недетектабилност. После ова, се организира најголемото испитување за ХИВ/СИДА направено некогаш. Ќе се испитува дали почеток на агресивна АРТ терапија води до т.н. Функционален лек (ремисија) на ХИВот. Во кругот на заболените од ХИВ, надежта за лекот е поголема од било кога. Најголемата фармацевтска компанија Gilead меѓу своите испитувања за прв пат го стави и испитување за лек за ХИВ/СИДА. Истото го направија и Johnson&Johnson и GSX, водечките компании од т.н. Big Pharma. Откако Gilead го пронајде лекот за Хепатитис Ц, сега граба кон исто така широк пазар и добар бизнис, односно, заболените од ХИВ, чијашто бројка на светско ниво варира од 40-45 милиони во почетокот на 2015 год. Според статистиките, Македонија е една од земјите со ниска преваленција на ХИВ, меѓутоа и се смета за една од земјите кадешто бројот на недијагностицираните заболени со ХИВ е поголем од дијагноситициранте случаи. Тоа во терминологијата се нарекува ,,темпирана бомба,,. Таков случај беше и Италија, земја која имаше една од најниските стапки на ХИВ случаи во Европа, за денес истата бројка да изнесува 150.000, и се смета дека на секои 3 часа еден нов заболува од ХИВ. А на светско ниво, во секој нареден час, 17 лица ќе се заразат со овој вирус.
Затоа и тука би сумирал, заштите се на време, користете кондом се дур не бидете стопроцентно уверени во верноста на партнерот и запамтете: во Македонија има повеќе недијагностицирани отколку дијагностицирани случаи со ХИВ.[DOUBLEPOST=1438456600][/DOUBLEPOST]
Бројот се зголемува, така што пазите што правите :P
Од само еден процент тестирани има околу 90 случаи (официјални статистики никаде нема) тоа значи од околу 20.000 - 90 случаи. Вистинската бројка е најмалку тридупла.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Вирусот кој ја предизвикува СИДА-та се нарекува ХИВ,а го има во сите телесни течности на заразеното лице. Важно е дека во доволна количина за пренесување го има само во крвта, спермата, вагиналниот секрет и во мајчиното млеко.



Постојат три основни начина за можно навлегување на вирусот во човечкиот организам. Тоа се: сексуален однос со заразено лице без употреба на кондом, користење на заеднички игли и шприцеви, од заразената мајка на нејзиното дете како и некој други патишта на пренос. За секој од нив во продолжение.







Сексуален однос со заразено лице без употреба на кондом:


Ова е најраспространетиот начин на пренесување на вирусот кој ја предизвикува СИДА-та. Нашето тело е покриено со дебела кожа, која го спречува навлегувањето на вирусот. Меѓутоа половите органи, анусот и устата се покриени со многу потенка кожа т.н. лигавица која и при мали сосема невидливи оштетувања му овозможува на вирусот да навлезе директно во крвта доколку се практикува сексуален однос без употреба на кондом. Ризикот за заразување е многу поголем доколку еден од партнерите има сексуално пренослива инфекција или раничка на половите органи.



Користење на заеднички игли и шприцеви


Овој начин е најраспространет меѓу интравенските корисници на дрога. Често поради негрижа или поради немање средства за да купат нов прибор за инјектирање, тие користат веќе употребен. На употребениот прибор за инјектирање секогаш има остатоци од крв иако најчесто тие се невидливи. Ако претходниот корисник на прибор бил заразен, тогаш остатоците од таа крв ќе се измешаат со дрогата, а вирусот директно ќе навлезе во крвта на другиот корисник.






Од заразена мајка на нејзиното дете



Пренесувањето на ХИВ вирусот од заразена мајка на фетусот или доенчето може да настане за време на бременоста, за време на раѓањето или доењето.





Други патишта на пренос


Покрај главните и насекаде споменувани патишта за пренесување на ХИВ вирусот, постојат други, многу поретки патишта по кои овој вирус може да бида пренесен. И покрај тоа што се ретко споменувани во литературата и секојдневниот живот овие патишта не се само теоретски. За некој од нив постојат и документирани практични докази.



Тетовирање, акупунктурата и дупнувањето на ушите носи одреден ризик за ХИВ инфекцијата, доколку инструментите не се соодветно стерилизирани. Истото важи за дупнување на половите органи или брадавиците со цел за носење на накит.



Обрезнувањето, доколку се изведува на повеќе лица истовремено, а при тоа не се врши стерилизација на инструментите носи ризик на пренесување на ХИВ инфекцијата.



Бричевите четката за заби, машинките за бричење и жилетите не треба заеднички да се употребуваат. Тие се предмети за лична хигиена.



Четката за заби, која можеби сеуште не се исушила помеѓу две миења, не може да се смета за асполутно сигурна од гледна точка на пренесување на ХИВ.



Кога некој се бричи со жилет, често доаѓа до крвавење, а понекогаш дури и машинката за бричење може да предизвика крвавење.



Чувај ја својата четкичка за заби, бричот или машинката на безбедно место одвоено од тие на другите луѓе и погрижи се тие лесно да се разпознаваат.



Од практични причини, контактните леќи нормално не се користат заеднички на повеќе луѓе. Сепак леќите кои се користат за проверка на видот кај опитичарите мора да се стерилизираат на вообичаениот начин пред да се употребат за друго лице.
Dali mozhe i preku baknuvanje dokolku ima rani vo usnite?
 
Член од
14 август 2015
Мислења
33
Поени од реакции
14
Dali mozhe i preku baknuvanje dokolku ima rani vo usnite?
Teoretski samo da, no doktorite vikaat deka ne. No kako ke znaes ako ne se testiras dali imas ili dali drugata osoba ima. No mislam deka ne treba da se rizikuva.[DOUBLEPOST=1439850701][/DOUBLEPOST]Dali nekogas ste se testirale na hiv, kade i kakov test ste pravele?
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Teoretski samo da, no doktorite vikaat deka ne. No kako ke znaes ako ne se testiras dali imas ili dali drugata osoba ima. No mislam deka ne treba da se rizikuva.[DOUBLEPOST=1439850701][/DOUBLEPOST]Dali nekogas ste se testirale na hiv, kade i kakov test ste pravele?

Се имам еднаш тестирано во Хера, од тие брзите тестови што се готови за 15-20 минути. Ми рекоа штом покажува дека е негативен значи е 100% негативен.
 
Член од
14 август 2015
Мислења
33
Поени од реакции
14
Се имам еднаш тестирано во Хера, од тие брзите тестови што се готови за 15-20 минути. Ми рекоа штом покажува дека е негативен значи е 100% негативен.
Jas se testirav dva pati vo centar za javno zdravje Prolece isto i tie imaat brzi testovi i toa VIKIA treta generacija i dvata pati negativni i isto mi rekoa deka ako si nemal rizicno odnesuvanje vo predhodnite tri meseci 100% e tocen testot.

Se izvinuvam za latinica.
 
Член од
17 август 2015
Мислења
3
Поени од реакции
0
Teoretski samo da, no doktorite vikaat deka ne. No kako ke znaes ako ne se testiras dali imas ili dali drugata osoba ima. No mislam deka ne treba da se rizikuva.[DOUBLEPOST=1439850701][/DOUBLEPOST]Dali nekogas ste se testirale na hiv, kade i kakov test ste pravele?
Ushte neshto, kolkava kolicina krv ili bilo kakva tecnost treba da se prenese/razmeni za da postoi rizikot na prenesuvanje na hiv?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom