ХИВ/СИДА

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ајде од мене уште нешто за сидата овој пат на македонски!

Распространетост

Се проценува дека над 38 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ или СИДА. Половината од новите случаи се млади луѓе од 15-24 години. Во некои делови на светот, стапката на инфекцијата со ХИВ и СИДА рапидно расте и СИДА преставува главна причина за заболување и за смртност. Во нашата земја инфекцијата со ХИВ сеуште не е честа.

Што е ХИВ?

ХИВ е скратеница за хуманиот вирус на имунодефициенција. Тоа е вирус кој го напаѓа имуниот систем. Имуниот систем помага да се заштитиме од болест. Кога нашиот имун сиситем е ослабнат, организмот е помалку способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА (синдром на стекната имунодефициенција). Ако некое лице е ХИВ позитивно, тоа значи дека крвниот тест покажува дека вирусот е присутен во организмот. Се додека вирусот не го нападне имуниот систем (понекогаш по многу години), тоа лице нема СИДА.

Преку што се добива ХИВ?


ХИВ се шири преку инфицирани телесни секрети, доколку тие доспеат во крвта кај друг човек. Во телесни течности спаѓаат крв, сперма и вагинални секрети.

* Инфекцијата може да се пренесе преку употреба на заеднички игли бидејќи клетки кои го содржат вирусот може да се сеуште присутни на иглата, без да може да се видат.
* ХИВ може да се пренесе со сексуален контакт ( анален или вагинален) ако при тоа не се превземат мерки на заштита.Инфицирана сперма, вагиналните секрети вклучувајќи ја и менструалната крв може да навлезат преку мали гребнатинки ( абразии) во организмот на партнерот.
* Жени кои се ХИВ позитивни може да го пренесат вирусот на нивните бебиња во тек на бременоста, породувањето или во тек на доењето.
* Во минатото ХИВ можел да се пренесе и преку трансфузии. Од 1985, целокупната донирана крв и органи во нашата земја ( и во други земји) се тестира на ХИВ и веќе не е можен преност на ХИВ на тој начин.

Банките на сперма исто така се тестираат на ХИВ.

Преку што не може да се добие ХИВ?


* Ракување или допирање или преку обично бакнување на ХИВ позитивни лица.
* Преку убод на комарец или инсекти.
* Ако го делите домот со ХИВ позитивно лице.
* Ако работите или одите на училиште со лице кое е ХИВ позитивно.
* Ако донирате крв .
* Преку клозетски шољи, кваки на вратите или преку шољи за кафе

ХИВ не може да живее долго надвор од организмот. Само по една минута престој надвор од организмот, ризикот за да се инфцирате со ХИВ е многу мал. Вирусот лесно се уништува со сапун и вода , обични дезифициенси или со сушење.

Како делува ХИВ во организмот?

ХИВ го напаѓа имуниот систем, чија улога е борба против инфекција и спречување на растот на повеќето канцери. Кога ХИВ ќе го нападне имуниот систем, во организмот настанува битка помеѓу имуниот систем и ХИВ, која може да трае повеќе години. Вo тој период, инфицираните луѓе не чувствуваат никакви симптоми. Со поминување на времето, доаѓа до оштетување на имуниот систем и тој веќе не може да работи така добро како што работел ( не може ефикасно да се брани од инфекции). Инфекциите стануваат потешки ( на пример наместо обична настинка, таквото лице ќе добие пнеумониа). Може да се развијат ретки канцери.

Како да знаете дали имате ХИВ?

Тестирањето на крвта ќе покаже дали се присутни антитела на ХИВ , односно дали некое лице е ХИВ позитивно – не постојат клинички знаци кои ќе ви укажат на тоа. Вакво тестирање кај нас може да се направи на Клиниката за инфективни болести. По инфекцијата со вирусот, потребни се три месеци за да се создадат антитела, кои можат да се утврдат со тестот. Можно е, лицето да е инфицирано ( да го има вирусот во организмот) пред испитувањето на крвта да го покаже тоа.

Третман на ХИВ

* Сеуште нема ефикасен и специфичен лек нити вакцина за ХИВ. Во последно време, во светот и во нашата земја се применуваат антиретровирусни лекови, кои имаат одредено влијание на вирусот.
* На ова поле, во светот се работи многу и веројатно е дека во иднина ќе се создаде можност за уште поефикасно лекување. Во меѓувреме, се применува терапија која овозможува инфицираните лица да останат здрави, колку што е можно подолго. За таа намена се даваат повеќе лекови, со кои се зајакнува имуниот систем. Исхраната треба да е квалитетна а инфицираното лице треба да е физички активно.
* Некои веруваат во алтернативните терапии, како масажа, реики и акупунктура.

Како да се превенира ХИВ инфекција?

* Секогаш внимавајте на мерките на безбедност при сексуалниот контакт.
* Никогаш немојте да делите игли или прибор за инжектирање, со други.
* Треба да се внимава со различни акциденти, на пример ако некој крвари или со манипулацијата со медицинскиот отпад ( игли).
* ХИВ е заболување кое треба да се пријави во нашата земја. Тоа значи кога ќе се открие позитивен крвен тест, кој означува дека некое лице има ХИВ, тоа се пријавува во соответната служба во министерството за здравство. Се контактираат сексуалните партнери и им се даваат совети за безбеден секс.

Што е СИДА?

СИДА означува синдром на стекната имунодефициенција. Кога ХИВ долго време се борел со имуниот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести, со тешки последици за организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза.

Кои се знаците за СИДА?


Најчестите знаци кои укажуваат дека ХИВ прогредирал во стадиум на СИДА вклучуваат:

* Постојано чувство на замор.
* Ноќно потење- како резултат на ноќните температури.
* Послабо помнење.
* Брза загуба на тежина.

Третман на СИДА

Во третманот се користат антиретровирусни лекови кои се усмерени против предизвикувачот (вирусот на СИДА) , како и други лекови, вперени против опортуните инфекции и компликациите на болеста.

Како да се живее со ХИВ/СИДА?

Емоциите и реакциите кога луѓето ќе дознаат дека се ХИВ позитивни се движат од чувство на збунетост, лутина, вознемиреност, страв, паника, тага, депресија, самоубиствено расположение, неверување, чувство дека тоа не е фер. Со време, повеќето луѓе стануваат способни да ја прифатат болеста и да научат да живеат со неа, стануваат посилни, со духот и емотивно. Сфаќајќи што е вистински важно во животот, го живеат животот во потполност. Луѓето кои се ХИВ позитивни, се соочени со тоа, како да им кажат на своите фамилии, пријатели и сакани. Тие многу често се соочени со дискриминација, преку игноранција и недостаточна едукација.

Каде да побарате помош?


* Вашиот лекар
* Психолог
* Клиника за инфективни болеси
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
ХИВ/СИДА (read only - само за читање)

Зошто СИДА-та е поинаква од другите болести?

Човекот инфициран со ХИВ вирусот се разболува после неколку години од заразувањето. За целото тоа време тој се чувствува здрав но може да го прнесеува ХИВ вирусот на другите луѓе. Периодот од инфекцијата до појавата на првите симптоми на болест, може да трае просечно од 5-15 години. Човечкиот организам им одбрамбен систем т.н. имун систем, кој што заштитува од болести и инфекции. СИДА-та го напаѓа тој систем поради што заразениот човек станува осетлив на болести, од кои доколку е здрав би се одбранил брзо и успешно.

СИДА-та е неизлечлива болест. И покрај залагањата на многу научници ширум светот, досега не е пронајден сигурен лек ниту пак вакцина. А начините на заштита од СИДА-та се многу едноставни, но сепак бројката од илјадници луѓе секојдневно заразени е загрижувачка.



Што е ХИВ?

Human Immunodeficencis Virus (HIV) е вирус кој ја предизвикува СИДА-та. Тој и припаѓа на фамилијата ретро вируси и покрај тоа што денес ХИВ е општо прифатено име за овој вирус, сепак во некој прилики може да се сретне и под некои постари имиња: HTLV-III, LAV,ARV. Досега се познати два типа на овој вирус: ХИВ-1 и ХИВ-2, како и голем број на подтипови. Подтиповите во групите за разлукиваат генетички еден од друг за 30 %, што е еден од основните проблеми за создавање вакцина. Очекуваната вакцина ќе биде потребно да буди имун одговор кон сите ХИВ подтипови на кој евентално би била експонирана.

Во основа независно од типовите, подтиповите или варијантите ХИВ вирусот селективно заразува еден тип на лимфоцити (CD4), кои имаат важна улога во функционирање на имуниот систем. Се смета дека инфекцијата со ХИВ е доживотна и еднаш заразеното лице може да го пренесува ХИВ вирусот преку ризично однесување во текот на целиот живот.



Што значи ХИВ инфицирано лице?

Лицето кое е инфицирано со ХИВ вирусот се вика ХИВ-инфицирано лице или ХИВ-позитивно лице. Многу често ХИВ-позитивните лица не се свесни дека се носители на ХИВ вирусот и можат да го пренесат на други луѓе преку т.н. ризично однесување.



Што е СИДА?

СИДА или AIDS кратенка за Aquired (стекнат, не вроден, пренесен од едно на друго лице, вклучувајќи го и пренесувањето од мајка на дете); Immune (имуниот систем кој го штити организмот од болест); Deficiency (степен на одговор на имуниот систем, присуство на агенс во телото); Syndrome (број на знаци и симптоми-индикатори за дадено заболување или состојба).

Акрономот СИДА е употребен да означи еден збир на растројства чие што присуство е непосреден доказ за тешка повреда на имуниот систем. СИДА-та е болест која е предизвикана од ХИВ вирусот.



Откако вирусот преку крвта ќе навлезе во организмот, започнува да го напаѓа имуниот (одбрамбен) систем. Извесно време организмот успешно се справавува со нападот на вирусот и затоа не се појауваат никакви знаци за болест. Долго време научниците сметале дека само мал број од ХИВ инфицирани, помеѓу 5%-10% заболуваат од СИДА.Денес е докажано дека околу 20% од овие лица развиваат СИДА во првите 5 години и околу 50% во следните 5 години од животот.70% од ХИВ инфицираните лица развиваат СИДА за време од 10 години. Вирусот со текот на времето целосно го уништува одбрамениот систем на заразениот поради што лицето започнува да се разболува од обични, но упорни инфекции (брохнопневмонија, малигни заболувања, туберколаза и сл.)

Сите коментари за и околу оваа тема во темата која и претходно се функционираше за таа намена (СИДА-AIDS), a може да се најде ТУКА.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Вирусот кој ја предизвикува СИДА-та се нарекува ХИВ,а го има во сите телесни течности на заразеното лице. Важно е дека во доволна количина за пренесување го има само во крвта, спермата, вагиналниот секрет и во мајчиното млеко.



Постојат три основни начина за можно навлегување на вирусот во човечкиот организам. Тоа се: сексуален однос со заразено лице без употреба на кондом, користење на заеднички игли и шприцеви, од заразената мајка на нејзиното дете како и некој други патишта на пренос. За секој од нив во продолжение.







Сексуален однос со заразено лице без употреба на кондом:


Ова е најраспространетиот начин на пренесување на вирусот кој ја предизвикува СИДА-та. Нашето тело е покриено со дебела кожа, која го спречува навлегувањето на вирусот. Меѓутоа половите органи, анусот и устата се покриени со многу потенка кожа т.н. лигавица која и при мали сосема невидливи оштетувања му овозможува на вирусот да навлезе директно во крвта доколку се практикува сексуален однос без употреба на кондом. Ризикот за заразување е многу поголем доколку еден од партнерите има сексуално пренослива инфекција или раничка на половите органи.



Користење на заеднички игли и шприцеви


Овој начин е најраспространет меѓу интравенските корисници на дрога. Често поради негрижа или поради немање средства за да купат нов прибор за инјектирање, тие користат веќе употребен. На употребениот прибор за инјектирање секогаш има остатоци од крв иако најчесто тие се невидливи. Ако претходниот корисник на прибор бил заразен, тогаш остатоците од таа крв ќе се измешаат со дрогата, а вирусот директно ќе навлезе во крвта на другиот корисник.







Од заразена мајка на нејзиното дете




Пренесувањето на ХИВ вирусот од заразена мајка на фетусот или доенчето може да настане за време на бременоста, за време на раѓањето или доењето.





Други патишта на пренос


Покрај главните и насекаде споменувани патишта за пренесување на ХИВ вирусот, постојат други, многу поретки патишта по кои овој вирус може да бида пренесен. И покрај тоа што се ретко споменувани во литературата и секојдневниот живот овие патишта не се само теоретски. За некој од нив постојат и документирани практични докази.



Тетовирање, акупунктурата и дупнувањето на ушите носи одреден ризик за ХИВ инфекцијата, доколку инструментите не се соодветно стерилизирани. Истото важи за дупнување на половите органи или брадавиците со цел за носење на накит.



Обрезнувањето, доколку се изведува на повеќе лица истовремено, а при тоа не се врши стерилизација на инструментите носи ризик на пренесување на ХИВ инфекцијата.



Бричевите четката за заби, машинките за бричење и жилетите не треба заеднички да се употребуваат. Тие се предмети за лична хигиена.



Четката за заби, која можеби сеуште не се исушила помеѓу две миења, не може да се смета за асполутно сигурна од гледна точка на пренесување на ХИВ.



Кога некој се бричи со жилет, често доаѓа до крвавење, а понекогаш дури и машинката за бричење може да предизвика крвавење.



Чувај ја својата четкичка за заби, бричот или машинката на безбедно место одвоено од тие на другите луѓе и погрижи се тие лесно да се разпознаваат.



Од практични причини, контактните леќи нормално не се користат заеднички на повеќе луѓе. Сепак леќите кои се користат за проверка на видот кај опитичарите мора да се стерилизираат на вообичаениот начин пред да се употребат за друго лице.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Како да се заштитиме?:raz:

За среќа оваа смртоносна болест не се пренесува толку лесно, како што се пренесува грипот, на пример. Не постојат луѓе кои полесно или потешко можат да се заразат од ХИВ. Постои само однесување, кое што е опасно и носи голем ризик од заразување. Заштитата од ХИВ/СИДА всушност се состои од познавање и избегнување на ризичното однесување.

Можеби се прашувате дали вреди човек да си го промени однесувањето заради една болест? Решението за лична заштита од ХИВ/СИДА е потребно самостојно да го донесе секој сам.

Човек може да се зарази со ХИВ вирусот дури и при еден сексуален однос без презерватив или доколку еднаш заеднички употреби игла или шприц. Иако тоа можеби ризично однесување се случило само еднаш грешката може да се плати со живот.

ДАЛИ ЌЕ ОСТАНЕМЕ ЗДРАВИ ИЛИ ЌЕ СЕ ЗАРАЗИМЕ?

Тоа зависи само од нас, од нашата способност да се заштитиме и да ги убедиме другите да се заштитат.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
ЗАШТИТА!!!

Засега единствен начин кој овозможува максимална заштита од ХИВ и од други сексуално преносливи инфекции, при сексуален однос, е апсолутната верност на двата партнера или практикување на секусален однос со правилно употребен КОНДОМ.

Иако во светот постојат машки и женски кондоми, првите имаат далеку поширока примена, за разлика од вторите. Тоа зависи од фактот што компаниите кои произведуваат кондоми инвеситираат неспоредливо повеќе средства во усовршување на машките кондоми, што организациите за застапување на женските права го толкуваат како дискриминација на правата на жените за лична заштита од ХИВ и други СПИ.


Машки кондоми:
Машките кондоми можат да бидат различни по форма, боја, мирис, дебелина, јачина, со или без лубриканти, со или без спермициди и др.

ФОРМА-генерално постојат три различни форми на кондоми: прави, со проширување и со стеснување. На пакувањето не е означена формата па затоа и е потребно да се прочита упатството. Кондомите со проширување се направени да овозможат поголем простор за главчето на пенисот во кондомот со што ја зголемуваат чуствителноста. Кондомите со стеснување се посебно дизајнирани за да ја намалат шансата од лизгање.

БОЈА И МИРИС-кондомите можат да бидат различни по боја и по мирис. Употребата на кондомите за некои двојки преставува можност за збогатување на сексуалниот живот.

ДЕБЕЛИНА И ЈАЧИНА-кондомите можат да бидат различни по дебелина. Потенките се направени за да ја зголемат чуствителноста кај мажите, но потребно е големо внимание при нивната употреба. Кондомите со поголема дебелина се појаки, со минимален ризик за да се лизнат или пукнат. Тие можат да помогнат во одложување на ејакулацијата. При анелен секс поради големата иритација, се препорачува употреба на кондоми со поголема дебелина посебно наменети за овој вид на сексуални односи. Ова е посебно напоменато на самата обвивка на кондомот.


ИЗБОР-потребно е да се испробаат и одберат оние видови на кондоми кои најмногу им одговараат и на двата партнери. Потребно е да се внимава на рокот на употреба на кондомите.

ЧУВАЊЕ-материјалот од кој е направен кондомот е осетлив на топлина. Затоа ташната во која се носи кондомот не смее да се остава на радијатор или на сонце, а потребно е да се избегнува и континуирано носење на кондомот во џеб повеќе од 24 часа. Потребно е при употреба на кондомот да се внимава тој да не биде оштетен со нокти или со прстен.

КОРИСТЕЊЕ-правилно користење на кондомите овозможуваат заштита. Ако високо-квалитетен кондом се скине, тоа, речиси, секогаш се должи на неправилна употреба. Подобро е да се научи како да се употребува кондомот во смирена состојба, отколку при сексуална возбуда или нервоза


Женски кондоми:

ИЗГЛЕД-За разлика од многуте видови на машки кондоми, засега постои само еден вид женски кондом. Тој е поголем од машкиот и е во вид на вагинална врекичка која е мека и на краевите завршува со два еластични прстена. Еден од прстените се наоѓа на внатрешната страна од покривката и служи како механизам за внесување и служи како внатрешен фиксатор. Другиот прстен формира надворешен крај на покривката и останува надвор од вагината после внесување на кондомот. Кондомот е лубрикантен и е за една употреба. Женскиот кондом не треба да се користи во исто време со машкиот кондом.

ЕФИКАСНОСТ-Во САД биле направени студии за тестирање на ефикасноста на женскиот кондом. Според нив, степенот на забременување во групата на испитувани жени во период од шест месеци бил 12% (12 бремености на 100 жени). Очекуваното ниво на забременување при рутинска употреба на кондомот е од 19%-25%. Овој ризик за забременување е поради недоволното внимавање при постаување на кондомот во вагината.

ПРЕДНОСТИ:
-Материјалот од кој е направен женскиот кондом е 40% поцврст од оној на машкиот и е отпорен на дејство на масти.
-Употребата е контролирана од жената
-Се става пред почеток на сексуалниот однос
-Покрива поголемиот дел од половите органи на двата партнер
-Штити од сексуално преносливи инфекции (СПИ)
-Не е потребно да биде ставен од страна на здравствен работник
За него не е потребен рецепт


НЕДОСТАТОЦИ:

-Поскап во споредба со машкиот кондом
-Во текот на сексуалниот однос може да се измести или лизне
-Може да се јави тешкотија при нивното ставање
-Некогаш надворешниот прстен може да предизвика непријатно чувство


женски кондом
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
Научниците открија нови детали во врска со процесот со помош на кој вирусот ХИВ ги претвора човечките клетки во „свои фабрики”.

Познато е е дека вирусите имаат способност да го „киднапираат” генетскиот механизам на клетките за своја цел.

Тимот составен од научници кои работат на универзитетите „Cambridge„ и „Oxford” посведочија за овој процес и увидоа како се одвива таа акција, при тоа идентификувајќи ги клучните улоги и елементи.

Студијата е објавена во „Nature” и се смета дека може да доведе до поинаков третман на вирусот кој ја предизвикува сидата или некои други инфекции.

Клетките содржат гени кои го носат кодот што клетките го користат за да произведат протеини кои се потребни за тие да се заменат.

Вирусот ХИВ и нему сличните го поткопуваат овој процес.

Ова резултира со тоа што клетките не го разбираат генетскиот код и наместо да продуцираат здрави нови клетки тие почнуваат да произведуваат нови копии на вирусот.

Процесот што го прават вирусите се нарекува „ribosomal frameshifting”. Рибозомите се претставуваат структури во клетките каде што се одвива процесот на синтеза на протеините. Токму рибозомите го читаат генетскиот код на човековата ДНК. Секој код е составен од три дела (компоненти).

Научниците велат дека вирусот ХИВ ги присилува рибозомите постојано да се враќаат на еден ист дел (компонента) од генетскиот код.

Ова е доволно за да се произведе сосема нова секвенца во триплетот кој го сочинува кодот, па така клетката почнува да произведува протеини што вирусот ги користи за да се размножува.

Овој процес на деструкција на клетката научниците успеаја да го регистрираат со помош на електронски микроскоп. Ова сознание како што велат научниците Јулија Гудфелоу и Кристофер Гад, многу ќе придонесе во борбата против епитемијата (сида) што се шири и не запира веќе 20 години.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
25 години од првиот случај на ХИВ/СИДА

25 години од првиот случај на ХИВ/СИДА

На 5 јуни 1981 беше регистирано првото лице заболено од ХИВ вирусот. Во почетокот болеста беше ограничена на хомосексуалната популација на Лос Анџелес, но како резултат на незнаење и предрасуди таа прерасна во најголема епидемија во историјата на човештвото. Од тогаш сидата има убиено 25 милиони лица а дополнителни 40 милиони се уште живеат со нејзе. Во моментот ситуацијата е најкритична во Индија каде има околу 5,7 милиони лица заразени со ХИВ, што е две третини од сите случаи во Азија.

Што се случи за 25 години:

1982 - За прв пат се користи поимот AIDS -Acquired Immune Deficiency Syndrome, кој го заменува дотогашното име за болеста GRID - Gay Related Immune Deficiency.

Оваа година е рeгистриран и првиот случај на СИДА во Африка.

1983 - Американскиот центар за контрола на болести за прв пат додава и женски пациенти на списокот на ризични групи.

1984 - Лук Монтање од институтот Пастер од Париз и Роберт Гало од американскиот институт за рак за прв пат го изолираат ХИВ (human immunodeficiency virus).

1985 - Холивудската ѕвезда Рок Хадсон објавува дека има СИДА.

1987 - Британија прва започнува програма за размена на шприцови а се воведуваат и тестови за ХИВ.

Првиот антиретровирусен лек, AZT, е одобрен во САД.

1988 - Првиот светски ден на СИДА-та.

1989 - За прв пат се започнува камапања за свесност за ХИВ вирусот меѓу машката геј популација.

1991 - Умира пеачот на Квин, Фреди Меркјури.

Црвената лента станува меѓународен симбол на сидата.

Десет милиони лица во светот се ХИВ позитивни. Сидата е број еден причина за смртноста на мажите на возраст меѓу 25-44 години.

1995 - Епидемија на ХИВ во Источна Европа меѓу корисниците на дрога.

САД ја одобрува за користење првата комбинирана терапија - HAART (highly active antiretroviral therapy).

1996 - Создадена e UNAIDS

1998 - Започнуваат истражувањата за вакцина против ХИВ.

2001 - Фармацевтските компании дозволуваат генеричко производство на антиретровирусни лекови.

2002 - Воспоставен Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, маларија и туберкулоза.

2003 - Ветувачки резултати од првите тестови на вакцина против СИДА - Aids VAX.

2005 - Меѓународните лидери на Г-8 самитот се обврзуваат на глобална достапност кон третманите за сида.

Околу 1.3 милиони лица од земјите во развој имаат пристап кон терапиите.

2006 - Околу 38,6 милиони лица во светот имаат сида.
 

Crazy

PaRtY aNiMaL
Член од
16 февруари 2006
Мислења
684
Поени од реакции
4
JASMIN напиша:
Ако ја остави иглата и чека некој да се набоде на неа, вирусот ќе умре.
Ама, при хируршки интервенции, групно боцкање на пр. меѓу наркомани и/или серопозитивни, или како во приказнава, се боцка и боцка друг, се пренесува со голем процент на шанси.




Не треба да престануваат да имаат секс- можат нормален живот да живеат, да имаат партнери, кариера, да создаваат семејства, деца да имаат , и се’ по ред.
Се надевам мислиш на посвоени деца.

П.с Одиме многу оф топик. За сидата како синдром мислам дека имаше посебна тема.
 

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
Crazy напиша:
Се надевам мислиш на посвоени деца.

П.с Одиме многу оф топик. За сидата како синдром мислам дека имаше посебна тема.
Не, баш на нивни мислам. Ако има тема, се надевам сте спомнале за тоа.
Ако е малку оф топик, да се познаваат нештата, нема ни да има вавки теми.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Crazy напиша:
Се надевам мислиш на посвоени деца.

П.с Одиме многу оф топик. За сидата како синдром мислам дека имаше посебна тема.
Не мисли на посвоени деца. Се пораѓаат со царски рез и не ги дојат децата.
-извинете за оф топикот-
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Не мисли на посвоени деца. Се пораѓаат со царски рез и не ги дојат децата.
Јас не сум баш најупатена во ова.
Зар ембрионот не заболува уште додека се храни од мајката во нејзината утроба?
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ембрионот не заболува додека е во утробата.
Мора да биде породено со царски за да не дојде во допир со вагиналниот секрет, и не смее да се храни со мајчиното млеко зошто на тој начин може да се инфицира со вирусот.
Тоа беше објаснето на едно предавање за ХИВ/СИДА.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
А кога ке имаат односи нема партнерот(еден од нив) да се зарази од другиот(ХИВ позитивен)?? Или се зборува во случај кога и 2 партнери се ХИВ позитивни?
 

JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
PSYtisfaction напиша:
Јас не сум баш најупатена во ова.
Зар ембрионот не заболува уште додека се храни од мајката во нејзината утроба?
Може да се зарази, да, in utero, и за време на породување и после ако го дои. Не е заболување, оти мајката нема сида, туку е серопозитивна;и значи го носи хив вирусот, но е под терапија која го контролира нивото на вирусот во крвта и детето се раѓа серонегативно.
Откако ќе се роди, се подложува на тримесечна тритерапија, така се нарекуваат 3те вида лекови кои ги примаат серопозитивните за да го контролираат бројот на Т4 лимфоцитни клетки кои се нападнати од вирусот. После тие 3 месеци, детето е ослободено од опасност од вирусот со 98% отприлика успешност. Единствен услов кој мора да се запази е да не се дои, како што рекоа.
Ако сме офтопик, нека го префрлат маубетов.

ZeroStyle напиша:
А кога ке имаат односи нема партнерот(еден од нив) да се зарази од другиот(ХИВ позитивен)?? Или се зборува во случај кога и 2 партнери се ХИВ позитивни?
Може да зачнат и ако само едниот е заразен. Абе ептен не е за тука муабетов, ќе не бришат.:)
Ме зеза нетов, не можам да допишам. Тие си се постојано со кондом. Ако едниот или другиот носи хив, тој свршува во кондом, и она или го превртува потоа и ја внесува спермата во себе ( чудно, но можно да забремени така), или со вештачко оплодување. Ако е машкото заразено, неговата сперма прво се мие.

city напиша:
Женски кондоми:




ПРЕДНОСТИ:

-Се става пред почеток на сексуалниот однос



НЕДОСТАТОЦИ:


-Некогаш надворешниот прстен може да предизвика непријатно чувство


женски кондом
Ги има ли во Македонија?
Надворешниот не пречи, внатрешниот може да пречи, зависи од жената и организмот.
И може да се стави 8 саати пред однос. Може да го ставиш, и да си излезеш шопинг да правиш, или да чистиш, нема гајле. Може да се утне ако се протне пенисот од страна, затоа треба жената да го воведе правилно внатре да влезе во кондомот.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Хммм .. а може ли ако знаеш дека во моментот си добил сида ( зборам преку крв , гребаница и сл. ) да ја примениш онаа заштита како кога би те каснала змија ( врзување да не циркулира крв , и шмукање или сечење на местото ) или пак да се интервенира на лекар и да се направи некоја филтрација на крвта ?! однапред благодарам !? :_)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom