Функционирање ли меѓународното право во демократскиот свет?

Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.580
Не сум стручњак по мегународно право, но знам дека постојат конвенции. Знам исто така дека на тзв комунистичките режими меѓу кој и ФНРЈ ( и СФРЈ) им се блокираа пари во западните држави поради некој нивни дејствија, н.пр. национализација на имот на странски државјани. Мерката блокирање пари на некоја држава си ја користат сега и во многу други случаи, демек не била демократска државата, нема да ме чуди како повод да се земе го ограничувала Фејсбук-от, хомосексуалноста и слично.
Но од друга страна, почна да се јавува кршење на правата од самите тие што попуваа. Едно од првите беше кога државата Исланд ги дискриминира странските штедачи ( воглавном британци и холанѓани). Сега имаме нов преседан, Кипар ги ограби странските штадачи, воглавном руси и британци, но има таму и од цел свет. По таа логика очекувам дека секоја држава што ќе западне во финансиски проблеми може да удри на странците. Ако Кипар удри на штедачите со -60%, зошто некој да не национализира компании со -60% од капитал, по ред и странски и домашни . Како што влада на некоја држава го гарантира вложувањето на некој инвеститор, што има разлика ако инвеститорот вложил во штеден влог. Па самата држава ги гарантира влоговите со јавно познати закони и правила. Ја му се чудам на Путин што не им замрзне средства на ЕУ правни субјекти. Но тој проценил дека подобро е да бидат ошурени со -60% руските тајкуни, за да не ги носат парите надвор од Русија.
Друга рашамониада е медиумската хајка на оф-шоре компаниите во држави со помали даноци. Сите викаат по Кајманите, а забораваат дека во Европа се уште постои ЕФТА во која се Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн . Лихтенштајн е даночна оаза во срцето на Европа. Се сеќавам убаво дека французите од средна класа на времето пред еврото изнесуваа франци во Швајцарија и ги менуваа во швајцарсци и ги вложуваа во банка. Тоа го правеа така што купуваа жетони во казиното на самата граница, а жетоните ги менуваа во швајцарци. Франција тогаш испрати финансови инспектори да контролират пред банките во Швајцарија, но швајцарската полиција ги уапси и ги протера.
Е сега се разџавкаа и нашите медиуми почнаа да пишуваат за списокот од даночните оази. Но факт е и дека Р.Македонија се уште ги има комуњарските закони, па така наш државјанин не смее да тргува на странска берза, не смее да штеди во странство.. итн; ама се тоа кај нас може странци да го прават; се уште во Македонија не може да влезе Паупал, постојат законски проблеми. Да не зборувам за тргување со монетарно злато, тоа е со комуњарските закони. Од друга страна пишува дека наши државјани купувале апартмани во Грција ??.. Па како плаќале кога е забрането изнесување на кеш повеќе од 2000 евра а не смее ни да отвори сметка во Грција ??
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
1. Знам исто така дека на тзв комунистичките режими меѓу кој и ФНРЈ ( и СФРЈ) им се блокираа пари во западните држави поради некој нивни дејствија, н.пр. национализација на имот на странски државјани. Мерката блокирање пари на некоја држава си ја користат сега и во многу други случаи, демек не била демократска државата, нема да ме чуди како повод да се земе го ограничувала Фејсбук-от, хомосексуалноста и слично.

2. Но од друга страна, почна да се јавува кршење на правата од самите тие што попуваа. Едно од првите беше кога државата Исланд ги дискриминира странските штедачи ( воглавном британци и холанѓани). Сега имаме нов преседан, Кипар ги ограби странските штадачи, воглавном руси и британци, но има таму и од цел свет. По таа логика очекувам дека секоја држава што ќе западне во финансиски проблеми може да удри на странците. Ако Кипар удри на штедачите со -60%, зошто некој да не национализира компании со -60% од капитал, по ред и странски и домашни . Како што влада на некоја држава го гарантира вложувањето на некој инвеститор, што има разлика ако инвеститорот вложил во штеден влог. Па самата држава ги гарантира влоговите со јавно познати закони и правила. Ја му се чудам на Путин што не им замрзне средства на ЕУ правни субјекти. Но тој проценил дека подобро е да бидат ошурени со -60% руските тајкуни, за да не ги носат парите надвор од Русија.

3. Друга рашамониада е медиумската хајка на оф-шоре компаниите во држави со помали даноци. Сите викаат по Кајманите, а забораваат дека во Европа се уште постои ЕФТА во која се Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн . Лихтенштајн е даночна оаза во срцето на Европа. Се сеќавам убаво дека французите од средна класа на времето пред еврото изнесуваа франци во Швајцарија и ги менуваа во швајцарсци и ги вложуваа во банка. Тоа го правеа така што купуваа жетони во казиното на самата граница, а жетоните ги менуваа во швајцарци. Франција тогаш испрати финансови инспектори да контролират пред банките во Швајцарија, но швајцарската полиција ги уапси и ги протера.
4.Но факт е и дека Р.Македонија се уште ги има комуњарските закони, па така наш државјанин не смее да тргува на странска берза, не смее да штеди во странство.. итн; ама се тоа кај нас може странци да го прават; се уште во Македонија не може да влезе Паупал, постојат законски проблеми. Да не зборувам за тргување со монетарно злато, тоа е со комуњарските закони. Од друга страна пишува дека наши државјани купувале апартмани во Грција ??.. Па како плаќале кога е забрането изнесување на кеш повеќе од 2000 евра а не смее ни да отвори сметка во Грција ??
Oд твојот пост издвоив четири прашања, бидејќи се работи за различни работи.
Најнапред општо ќе кажам дека : Најголемото право често е најголемо зло - Ius summum saepe summa est malitia
Од друга страна мислам дека премногу широко ја постави темата, се работи за различни работи од кој повеќето не се предмет на меѓународното право.
Еве најнапред за блокирањето на средства, трговски санкции и слично, кои се користат за да се изврши политички притисок, тоа е обележено во точка 1.
Такви работи и денес се користат против Иран, Сирија, и тн.
Се работи за чисто воени дејства против одредени земји. Обично преку резолуции на ООН, или други слични организации се донесуваат одлуки кој се правен основ такви санкции. Нападнатата земја се обвинува дека крши одредени меѓународни договори, на пример за неширење на нуклеарно оружје и слично и врз основ на тоа се наметнуваат санкции. Ова може да се третира како повреди на меѓународното право, но кому да се вложи жалба?
За 2. пљачката на Кипар.... Според моето мислење, оваа не спаѓа во повреди на меѓународното право. Кипар донесе одлука за опорезување на штедните влогови поголеми од толку и толку евра. Таа мерка се однесува на сите кои штедат во кипарските банки. Вистина е дека најмногу погодени се странците ( руси и други ), бидејќи тие имаат поголеми влогови, но формално - правно нема повреди и за странците и за домашните се применува ист закон.
За 3 избегнување на плаќање на даноци со помош на пренесување средства во други земји, било како готови пари, било како инвестиции во други земји - се работи за „ стара “ појава која тешко може да се избегне. ЕУ најави дека ќе воведе единствен даночен систем во сите земји членки, но ќе останат земји вон ЕУ каде што тоа ќе продижи. На запад, а и кај нас постојат консултатски фирми кои се занимаваат само со тоа - пронаоѓање начини за да се избегнат даноците. Според моје мислење, од секогаш обичните граѓани го плаќале товарот за издржувањето на државата, а богатите постојано избегнувале да плаќаат.
4. За начинот како нашите богаташи изнесуваат пари од Македонија не сум запознаен. Она што го ти тврдиш дека „ е забрането изнесување на кеш повеќе од 2000 евра, верувам дека е така. Но мислам дека нема ограничувања за жирални пари. Ако некој има сознанија како од Македонија можат да се изнесат пари, нека образложи
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.580
во право си за некој работи, но сакав друго да кажам: се прават разни оценки на држави, а по кој некој се прогласуваат за несигурни не само околу слободата туку Приватната сопственост. А сега таа светиња, приватна сопственост ја згазија 2х, најнапоред Исланд, сега Кипар. Тоа што демек важело и за домашните не е оправдување, домашните нашле чаре, посебно може да си порамни долгови, а ваделе и од банкомати. Но во темата што ја поставив не се работи само за меѓународното право, туку за владеење на правото внатре во ЕУ, т.е. колку за кого важи и кој колку смее да применува. За споредна Хрватска уште многу поодамна казнуваше па и протеруваше германци кој диво работеле на на германски јахти во хрватски води, казнуваше странци за диво изнајмување на апартмани а казни и странци членови на управени одбори на фирми бидејки не биле пријавени и не се плакале допринос. Типичен беше случајот со Унгарски Мол и ИНА, а во врска со тоа е уапсен и Санадер. Но Унгарците тогаш остро реагираа, изјавија дека првиот човек на Мол , унгарец, демек Еу државјанин има имунитет на хрватските закони. Од друга страна американски суд го одрапа здраво дојче телеком за дубари на Балканот а се само врз основа дека котира на ВолСтрит...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Додека има сила нема правдина - е наша позната поговорка. Старите Римјани рекле - Силата е непријател на законите: Vis legibus inimica.
Познавам неколку професионални Правници, кој се разочарани од правото. Јас ги тешам дека од секогаш моќните барале начин да го злоупотребат правото. Затоа од секогаш постоеле второстепен судски постапки, има земји каде што постои и третостепена постака, постоеле и правни лекови и тн. се со цел да се обезбеди правична пресуда, но сепак тоа не е доволна гаранција.
Најголема гаранција за правично судење е судот на јавноста, бидејќи судот суди во предметот, но истовремено јавноста му „суди “ на судот. Кај нас нема таков навика да се јавно дискутира правните случаи
Ти во својот пост, опиша за случувањата во Хрватска и за судењето на американските судови во врска со Дојче Телеком , повеќето од тоа за мене е новост. За Санадер, немам поим зошто го судеа ( не знам дали е осуден ).
Кога е во прашање судења во други земји, проблем е и да додеш до информации, за да можеме да дискутираме. Но во секој случај вакви теми се корисни - барем на никој нема да му падне на ум да вложува во Кипарски банки.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.580
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543

Kajgana Shop

На врв Bottom