Функционират ли техничките инспекции и правна регулатива во државата ?

Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Ден на жалост во Куманово

не е прва несреќа, ама можеби е и погрешно да кажеме НЕСРЕЌА туку ПОСЛЕДИЦА не јавашлук...
Да се потсетиме на сообраќајката кај Лескарци, а уште посимптоматично пожарот во Гостивар во кој изгореа повеќе лица и исто имаше Ден на жалост, ама не и полициска истрага и одговорност за одговорните.
Но освен за сообраќајката и за експлозијата во магацинот со експлозиви, за други обични случки, посебно за електрични пожари слабо да има полициска истрага..
Уште на времето, кога Пенов беше градоначалник, во гарсоњера во кров во Ново Лисиче изгоре неподвижен инвалид кој не можеше да избега. Излезе по медиуми дека се работи за непрописна електрична инсталација во дрвен кров, Пенов дури изјави дека некој ќе одговара, ама ништо од тоа не бидна, убаво се сеќавам, дискутиравме со еден правник од службата на народниот правобранител, кажа тој, кај нас има само закон 2 години гаранција на стан и ништо друго.
Има тука и многу други случки кој веројатно поминуват незабележани... кај сообраќајната во Лескарци се испитува работа на сервисот. Но дали кај нас некој земал при сообраќајна несреќа , ако има основ и сомневање, да испита и одговорност на производителот на возилото ??
Пред 10-15години во Хрватски суд е утврдена техничка грешка во производство на возилото ( недоволно стегнати завртки) во подвозјето на патничко возило Хунндаи, фамилиите на загинатите добија големи обештетувања...
Кај нас пак случка во гарантен рок од ништо му се надуле аирбегови па триста маки да му ја направат колата...
Ете јас имав 2002 купено возило ( од Германија) со фабричка мана во прва серија, потенки дискови ставале. Пукна диск, среќа без последици. Поминав во овластениот, чисто да го прати скршениот диск во Германија во некоја прилика, рипа како попарен, ама не е купена колата тука и милион други глупости, не признава дека имале серија со фабрички мани.
Па и кога на светско ниво фабриките ќе ги повикуваат сопствениците на бесплатна промена на некоја таква грешка, кај нас тешко, ако дознае некој..
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.191
Поени од реакции
19.275
Гледам тема во врска со инспекција па бидејќи не најдов друга тема ќе го постувам ова тука.

Бев сведок во еден погон за производство на мед во Скопје пред некоја година каде што дојде инспекторка за храна и ветеринарство. Си се качи госпоѓата во собичката кај газдата и по неколку кафиња си искочи сосе неколку тегли мед насмеана од шестка до шестка и ајт пријатно. Погонот инаку катастрофа невидена, мислиш во Сирија си; никаков стандард, никакви ракавици, капи што си ги менуваат работничките во зависност од тоа коj тура мед, мантили стари маслосани, отворена канализација до местото каде што се складира медот од каде што смрди на гомна, ѕидот пола беше со влага, самото зградиче е пола рушевина...

Made in Macedonia, подалеку од овие продукти.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
https://kajgana.com/pochina-edna-od-povredenite-zheni-vo-eksplozijata-vo-romanovce
5-та жртва во Романовце, се уште нема во медиумите некое објаснение за причината за експлозијата
Некаде прочитав дека по истрагата се знае дека плинската боца е купена на пазар. И ова како информација е доволна причина за трагедијата. Години наназад се апелира да се купува плин само од овластени дистрибутери ама народот наш секогаш повеќе и подобро знае. Сите се експерти, секој знае сам да си намести плинска боца. За почеток треба инспекцијата по пазарите да контолира што се продава бидејќи сме далеку од тоа да се прави проверка на инсталациите по објекти.
Автоматски споено мислење:

Гледам тема во врска со инспекција па бидејќи не најдов друга тема ќе го постувам ова тука.

Бев сведок во еден погон за производство на мед во Скопје пред некоја година каде што дојде инспекторка за храна и ветеринарство. Си се качи госпоѓата во собичката кај газдата и по неколку кафиња си искочи сосе неколку тегли мед насмеана од шестка до шестка и ајт пријатно. Погонот инаку катастрофа невидена, мислиш во Сирија си; никаков стандард, никакви ракавици, капи што си ги менуваат работничките во зависност од тоа коj тура мед, мантили стари маслосани, отворена канализација до местото каде што се складира медот од каде што смрди на гомна, ѕидот пола беше со влага, самото зградиче е пола рушевина...

Made in Macedonia, подалеку од овие продукти.
Тажно и вистинито. Кај нас до скоро се правеa сумњиви сокови по подрумите што најлегално се продаваа по помалите маркети. Некој ќе користи скапа технологија, ќе почитува стандарди и улетува индивидуалец-производител и се вика „конкуренција“.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
Гледам тема во врска со инспекција па бидејќи не најдов друга тема ќе го постувам ова тука.

Бев сведок во еден погон за производство на мед во Скопје пред некоја година каде што дојде инспекторка за храна и ветеринарство. Си се качи госпоѓата во собичката кај газдата и по неколку кафиња си искочи сосе неколку тегли мед насмеана од шестка до шестка и ајт пријатно. Погонот инаку катастрофа невидена, мислиш во Сирија си; никаков стандард, никакви ракавици, капи што си ги менуваат работничките во зависност од тоа коj тура мед, мантили стари маслосани, отворена канализација до местото каде што се складира медот од каде што смрди на гомна, ѕидот пола беше со влага, самото зградиче е пола рушевина...

Made in Macedonia, подалеку од овие продукти.
2017 летото купив во Охрид во аптека за здрава храна на Зегин ферментиран производ Перга од фирма од Градско.
Имав стомачни проблеми, беше презреана. Ниту ми вратија пари, ниту ја заменија, ниту успеав да пријавам во пазарна, па пишав до инспекторатот во Скопје. Мороните биле во посета во фирмата, таму ги најале и ми одговараат дека се е во ред а ако има проблеми пак да се пријавува.
А производот НЕМАШЕ никаков датум за рок на траење, никаков баркод што го имаат и прехранбени производи од мала вредност.
Бадијала им пишав дека Перга не се чува како медот на собна температура туку во фрижидер, никој поим нема.
Така да во нашите инспекторати воглавном е најнеспособен кадар, башка што и да знаат не превземаат нешто...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
Еве, некои технички инспекции ја одобриле оваа фасада од 11 милиони евра.

Можеби се истите технички инспекции, кои го одобриле театарон кој се поплавува на секој дожд.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
знате каде не функционира
кај шипцине и на пластичарска
ама, најдобри се за понуди, цена + шутка исто така
(без навреда на некој Албанец на форумот, да има доста Албанци кои што работат и се вредни, не викам не. Ама јас како што имам слушано и приметено, повеќето работат на црно, нелегално и немаат ни фискална сметка а и ни прописи)
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.053
Поени од реакции
1.176
жално,

но во целава работа нешто не штима,

никако да се дознае причината за несреќата како и детали дали боцта била обезбедена со соодветна заштита како неповратен вентил, специјално црево, дали е купена од овластен продавач и полнета во овластен погон колку што треба и проверена

или е полнета на пумпа на диво колку што збира, без никаква проверка на исправноста на вентилот, дополнително може да е купена и од пазар без атест и тн.

не дека овие работи можат да ја поправат штетата и загубата на семејството но добро е да се знае со оглед на тоа дека доста луѓе користат гас во домаќинството а и гасификација сакаме да правиме
 
точно, ете денес СЕДМА жртва , се уште никакво толкување и инфо за несреќата..
Не само тоаа, има ли инфо за колкава БОЦА се работи??10, 20, 35литри ???

Во отсаство на информации се шират гласини, да не имаало во куќатаа и други експлозивни работи ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom