Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
13 септември 2015
Мислења
1.008
Поени од реакции
2.276
Ке кажев да не ја правиме циганската, ама... како бе не му е срам вака да се брука?

Каква пичка! Овој имал менталитет карактер и не знам што,едноставно комплексирано лигле што и гз ќе даде да отиде негде и само да освојува титули иако ги упропасти и Јуве и Утд во последниве години.Истото што го направи во Јувентус ќе го направи и сеа односно ќе чека до последен ден за добра понуда ќе замине и ќе го остави клубот на цедило...Наместо Утд летово да ги пополни дупките во составот овој во последен момент ќе ги заебе и ќе им отвори уште една.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
50% од долговите и ситуацијата во која се наоѓаат е Меси и парите кои му ги даваа на него.
Али јебига, полесно е да се признае дека Умтити и компанија биле криви поради договорите кои ги имале.
Не може да биде крив ниту Меси ниту Умтити или било кој играч, единствен кривец е претходната управа која им ги даваше тие договори. Никој нема да одбие такви суми и да каже ќе играм за помалку, исто како што никој нема да се нафати и прифати намалување на плата за 50% кога имаш важечки договор уште 2 или 3 години. Ниту играчите кои беа претставени дека прифатиле намалување на плата (капитените) не ја намалија буквално платата, туку потпишаа нови договори во кои истата сума на пари која требаше да ја заработат им беше преструктурирана, да земат помал дел во првата сезона и поголеми суми во сезоните што следат, само да се избегне проблемот со salary cap кој го имаа минатата сезона.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.505
Поени од реакции
62.324
Па и не е баш се поради Меси, Френки заработува колку КДБ и Бернардо Силва во Сити заедно, Салах исто колку и Пике, Ленгле колку Вирџил ВД, Алба дупло од Робертсон а Тер 3 пати повеќе од Алисон и дупло повеќе од Куртоа... да не збориме за Пјанич, Гризман, Кутињо па и еден Брајтвајт има нереална плата..
ПС. Извини сто вака се убацив на муабетот...
Де Брујне има 400.000 фунти плата. Колку има Де Јонг сега?
 
Член од
16 септември 2009
Мислења
64
Поени од реакции
88
Де Брујне има годишна плата од 13 милиони а бернардо силва има годишна плата од 7 милиони а Де Јонг 19 милиони.. Барем според некои информации.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.627
Поени од реакции
7.201
Де Брујне има годишна плата од 13 милиони а бернардо силва има годишна плата од 7 милиони а Де Јонг 19 милиони.. Барем според некои информации.
Де брујне зима 20 мил фунти годишно грешка си.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.232
Па и не е баш се поради Меси, Френки заработува колку КДБ и Бернардо Силва во Сити заедно, Салах исто колку и Пике, Ленгле колку Вирџил ВД, Алба дупло од Робертсон а Тер 3 пати повеќе од Алисон и дупло повеќе од Куртоа... да не збориме за Пјанич, Гризман, Кутињо па и еден Брајтвајт има нереална плата..
ПС. Извини сто вака се убацив на муабетот...
Нема гајле, муабет си праиме хехе..

Абе види во нормални услови сите овие договори, освен тој на Меси се финансиски издржливи за Барса.
Последниот договор на Меси во Барса изнесуваше и можеше да достикне до 555 милиони евра, оваа цифра и сума не е издржлива за клуб како Барса, која нема цела држава позади неа, без разлика на услови во пандемија, корона, војни или најнормални фудбалски услови.

Пишав во претходното мислење, ситуацијава во која е Барса не е поради Меси, туку ПОЛА од кривицата треба да падне на Меси.
Не може да биде крив ниту Меси ниту Умтити или било кој играч, единствен кривец е претходната управа која им ги даваше тие договори. Никој нема да одбие такви суми и да каже ќе играм за помалку, исто како што никој нема да се нафати и прифати намалување на плата за 50% кога имаш важечки договор уште 2 или 3 години. Ниту играчите кои беа претставени дека прифатиле намалување на плата (капитените) не ја намалија буквално платата, туку потпишаа нови договори во кои истата сума на пари која требаше да ја заработат им беше преструктурирана, да земат помал дел во првата сезона и поголеми суми во сезоните што следат, само да се избегне проблемот со salary cap кој го имаа минатата сезона.
Јасно ми е тоа мене, нормално дека управава е најкрива за ситуацијава, не сме им ги давале јас и ти сумите.
Но мислиш дека да беше некој друг освен Бартомеу, еве, да беше Лапорта во 2017та ќе имаше муда да му даде помалце пари на Меси?
Мислиш дека ќе се најдеше тогаш некој да му каже на Меси, во 2017та години, извини ама ако ти дадеме толку пари ќе ни го пропаднеш клубот?

Врати се кога си бил фан на Барса во 2017та година и Барса не му ја понудеше оваа сума на Меси и Меси во неговиот прајм не продолжеше во Барса и отидеше уште тогаш во ПСЖ, Сити или било кој друг клуб. Ти гарантирам дека ќе го пцуеше повеќе Бартомеу отколку што го пцуеш сега во моментов.

Да не се лажеме, сите знаеме колкаво влијание имаше Меси во Барса.
Влијание во раководење на клубот зборам, али пак ќе кажам, никој од вас никогаш нема да го обвини него.
И не треба, реално. Катаљољарда титули ви донесе, секој тим на планетава земја би го направил тој ризик за еден од најдобрите, ако не и најдобриот играч во историјата на спортов.
 
Веројатно да, исто сценарио ќе беше, ама искрено не сум сигурен колку Меси притискал за такви суми и дали немаше да прифати помала плата доколку му беше понудено првично пониска сума. Колку што памтам, продолжуваше често договор на плус 2-3 години и не се сеќавам некогаш да имало проблеми, натегање или неизвесност во преговорите, освен на крајот кога веќе ескалираше ситуацијата во Барса и побара да си оди. Ја сфаќам поентата дека со растењето на платата на Меси, растеле и другите, ама сумите коишто се давале се тотално луди, и нормално никој не ја погледнува ситуацијата со Меси во прв план ради све што направи за клубот, туку први на пик беа ставени играчи како Серхи Роберто, Умтити и слични кои со ништо не заслужуваа ни пола од тоа што го земаа. Како и да гледаме, клубот беше менаџиран очајно, аматерски и се правеа катастрофални грешки на сите полиња, така што не верувам дека Меси и неговата плата иницирале такви глупости какви што правеа идиотите од претходната управа
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
не е само Меси, партнерот Суарез го отпуштија исто ради лакомштилукот се однесуваа со Меси како тие да се Барса и никој друг, од друга страна доста штетни договори за плати на "капитените", како и несватливи обештетеувања како за дембеле, кутињо, грижман - тројцата негде 400 милиони евра, ништо не вратија за возврат овие тројцата, пјанич 70 милиони, врејтвајт 36, фирпо 40тина и слични сега да не барам, прошлите управи после Лапорта наидоа на стабилен клуб со многу пари и направија тешки проневери,но и покрај Се клубот има многу од каде да црпи и да биде далеку од банкрот, секоја чест на Лапорта што се врати одново во тешко време за Барса(првиот пат ја спасуваше после потрошњата на ван гал и неговата холандска колонија која исто беше прескапа и не носеше доминација и трофеи напротив)
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.230
Си пишал цел текст ама во никаде немаш точно одговорено на моето прашање.
Ти ја кратам репликава, за да не фаќа цела страна постов.

Мојот став е дека 200м евра за 25 год. продажба на 10% од ТВ права е ништо и пишав зошто. На долг рок ќе им се удри од глава ваквиот начин на финансирање, а како што гледам има дополнителен план за продавање на проценти од ТВ права. И тој план на финансирање е активен последниве месец дена, а не од почетокот на ерата на Лапорта што значи ништо не превзел за да ја подобри финансиската слика изминатава година. Приходите од ТВ права претставуваат значаен извор на средства за тековно финансирање на еден клуб. Барса ги продава во моментов за да има тековно поголем износ на приход за да може да регистрира и купува играчи. На тој начин само ќе се редуцира и стеснува обрачот на приливи кои Барса ќе ги има на долг рок, а зошто? За да тера луксуз во период кога финансиски треба да се консолидира.

Барселона со овие 200м евра не враќа од кредитот, туку ги евидентира како приходи од продажба и генерира ликвидност за да може да регистрира играчи според ФФП и останатите регулативи од Ла Лига. Од друга страна, има обврска 10% од приходите по основ на ТВ Права да ги пренесува на таа компанијата. Таквата форма на обврска индиректно значи зголемување на долгот.

Нема континиуитет политиката која ја води Лапорта. Прво поставува тези дека треба да се намалат платите на играчите, а потоа го купува Феран Торес за 55м (и за дупло повисока плата од таа што ја земал во Сити). Сега иста слика и со Де Јонг и Дембеле, дека мора да се откажат од значителен износ од платите, ама во меѓувреме пакет дил за Рафиња и Левандовски (обештетување+плата+провизии) ќе чини 100м евра+.
Во вакви околности тој пакет е луксуз за Барса, а се финансира преку задолжување.

А во меѓувреме Лапорта продава добар ПР дека е спасителот во Барса, ама ако продолжи вака ќе биде тешко наследникот негов.

И на прашањето што треба да направи Барса...

Барса може да се самофинансира ако не вложи многу оваа сезона и пак ќе биде топ 4 во Ла Лига и ќе има некаков пристоен настап во ЛШ. Мора да се плати данокот на расипничкото финансиско работење од минатото ако се работи одговорно. И одговорно е да се направи чекор назад и мора да ризикува некоја сезона за на среден и долг рок да биде на повиоско ниво од ова што е сега. Не можи и да тоните во долгови, а во исто време да очекувате скапи засилувања со високи обештетувања и плати. Не е одговорно за тековно финансирање да си ги продаваш идните потенцијални приливи на клубот.
Во спортскиот дел според мене треба:
1. Да се откажи од такви луксузи од трансфери во период кога не може да си ги дозволи и да се фокусира на квалитетот кој го има во тимот.
2. Да се ослободи од играчите кои што се вишок. Тие што земаат високи плати за да се атрактивни на пазарот ќе мора да ги продаде за некој милион помалку.
3. Пократок ростер.
4. Да инвестира во млади и перспективни играчи по примерот на Педри. Барса го има Тринкао на пример во ростер, а нема добиено добра шанса.
5. Купување на слободни играчи плус позајмици.

Во комерцијалниот дел да комерцијализира се што е можно до оној дел каде што не би била нарушена традицијата. Ако правиме реален муабет, смешно и понижувачки е да се изнајмува Ноу Камп за свадби...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom