Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139

Супер засилување искрено.

Жером Боатенг ќе потпише како слободен играч за Севиља најверојатно.
Овој е метар и жилет не знам како ќе се снајде против коњите во Англија.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.733
Поени од реакции
13.357
Може да се снајде со тројца позади.

Но Ромеро за 55 милиони во Тотенхем е потенцијално заебување.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Може да се снајде со тројца позади.

Но Ромеро за 55 милиони во Тотенхем е потенцијално заебување.
И Миленкович од Фиорентина им бил алтернатива.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Овој е метар и жилет не знам како ќе се снајде против коњите во Англија.
178 e висок. Не би требало да му биде висината проблем ако има добар партнер.

Сепак 178 не е „метар и жилет“ и никаков хендикеп за халф. Особено не ако има други квалитети со којшто ќе компензира.

И Пујол беше само 178цм па беше ѕвер.
Треба да видиме само што има во тоа главата, и како ќе го поднесе притисокот во Англија. Не е само до висината или „силата“. :D
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Пујол у која лига играше? Во ла Лига и овој е добар, збориме за физички доминантна лига, каде со централни како Хут и Вес Морган ништо не те бие!
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Дали со доаѓањето на овој Мален значи дека Халанд ќе го продаваат?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Дали со доаѓањето на овој Мален значи дека Халанд ќе го продаваат?
Не, замена им е за Санчо.
Халанд ќе го продадат само ако некој им даде некоја луда понуда, 180м или нешто близу тоа, барем така имаше по медиуми.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
1.496
Случајов со Варан треба да се воведе како задолжителна едукација на лигуши ала Дембеле,Погба итн.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Пујол у која лига играше? Во ла Лига и овој е добар, збориме за физички доминантна лига, каде со централни како Хут и Вес Морган ништо не те бие!
Само го спомнав Пујол како пример, дека со таа висина можеш да бидеш и светска класа штопер.

Сепак мислам дека зависи од стилот на игра и од задачите којшто би ги имал самиот играч, нормално и партнерот што би го имал позади. Нормално дека 190+ е боље висина за халф, но и со 178 може да игра на високо ниво ако има се друго потребно во него.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.625
Поени од реакции
5.601
Пујол у која лига играше? Во ла Лига и овој е добар, збориме за физички доминантна лига, каде со централни како Хут и Вес Морган ништо не те бие!
Пујол играше и во Лига на Шампиони и на светски и европски првенства и сегде беше класа штопер. Не е како само во Ла лига да доминирал.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Честитки до фановите на овој нормалниот а не одбивниот тим од Манчестер за Рафаел (пре)Варан(т).

Се чини како win-win-win ситуација за сите три страни.

За Реал и Варан е секако добар потег. Не знам дали беше до тоа дека едноставно го болеше кур братот, или до огромен пад на форма или пак не беше/е таа класа која се очекуваше да биде, ама Варан во последните 5 сезони имаше одиграно вкупно 15 добри натпревари а во последните 3 сезони целосно пропадна како и речиси целиот тим на Реал. Си го направи своето во Реал, си накрца титули, иако е уште млад веќе немаше што да понуди во Реал.

Ќе видиме сега во Јунајтед дали се шлепаше на сметка на Рамос или едноставно не се замараше и се флегмареше задњиве сезони во Реал.

Зависно од очекувањата од него ќе биде дали за Јунајтед ќе биде ова добар трансфер или не. Ако се очекува он да биде лидерот на одбраната, мислам дека малку потешко тоа ако судиме според неговите партии во Реал во тој поглед. Ако биде Мегваер лидерот а Варан поддршката, тогаш се поголеми шансите да биде ова успешна аквизиција за Јунајтед.

Во секој случај е апгрејд на тоа што Јунајтед го имаше на располагање и купуваат изградено име во фудбалот, со големо CV зад него.

Иако мислам дека Рамос ќе им легнеше мнооооогу подобро.

Една битна работа за Варан е дека не баш се носеше со критиките при киксирањата, а ако одиме по тоа дека во ПЛ медиумите ќе го распнат одма после првиот кикс, тоа може да му биде значаен проблем.

Што се тиче Кунде, ако Челзи го собере, ќе заврши огромна работа, џупечто ќе биде играчиште ако го заобиколат повреди.
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.956
Поени од реакции
25.270
Мислев дека Реал ќе тргнат по Кунде поради заминувањето на Варан, а они најверојатно со Милитао и Алаба планираат.
Чудни се, некако второ лето по ред премногу се повлечени. Како да се чуваат за догодина и за Мбапе и за Халанд. :cautious:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom