Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не очекувам дека десното крило ќе ги подобри перформансите на Марсијал и Рашфорд! Јунајтед може да функционира подобро, ама не гледам како Марсијал би бил ќар од тоа десно крило?
Па напишав во постот кој што го цитираш.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.035
Поени од реакции
1.487
Јас па мислам и да им го продадат Санчо на Јунајтед, доколку би се сретнале Дортмунд сезонава со Јунајтед во осминафинале/четвртфинале (во иста група не можат) дека Дортмунд лабаво ќе ги помине така да џабе галама кревате. :tvg:
Без навреди ќе ве молам, али мое мислење си е тоа. :smirce:
Зошто би те вреѓале, потребно е малку хумор понекогаш на темиве.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ќе дојде, ќе се повреди на првиот натпревар. Ќе паузира три месеци и откако ќе се опорави ќе се закасни за на тренинг.

Не, благодарам.
Ама затоа твоето милениче ќе си има другарче, стопеесмилионско купено на блек фрајдеј за 50 че ;)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
Кевин Принс Боатенг од Фиорентина во Монца(Серија Б)
Не постои човек што има порандом кариера од овој.

Нема.

Кариерата ја започнува во Херта Берлин 2 и после пар сезони е префрлен во главниот тим на Херта Берлин.

Од таму, оди во Премиер лигата во Тотенхем, и тоа кога беа солидна екипа.

Сепак, Тотенхем не се нешто презадоволни и го праќаат на позајмица во Борусија Дортмунд.
Таму не импресионира ептен.

По некоја логика, кариерата од тука треба да му падне, така?

Логично.

Оди во Портсмут.

И тука не успева.

Е јбг, кариерата очигледно до тука му беше со солидни екипи.

Оди во Џенова.

За Џенова нема ниту еден настап...

...поради тоа што Џенова потпишуваат 'co-ownership' договор со Милан и го праќаат кај нив.

Е сега, од срање позајмица, лоша една сезона во Портсмут и потпис со Џенова...некако овој лик стигнува до Милан.

После Милан кариерата му оди...на почетокот т.е. во Бундес лигата. Овој пат во Шалке 04.

Милан, пошто се Милан и не знаат што да прават од аспект на трансфери, го бараат назад. Го добиваат и го потпишуваат за...шест месеци само.

Ок, после потпишување на договор од само шест месеци колку да им помогне на Милан да закрпат работа...сигурно кариерата му е готова и ќе се утепа од играње за Б екипи, така?

Логично.

Следна екипа му е Лас Палмас каде игра само една сезона.

Потоа, уште едно враќање во Бундес, овој пат во Ајтрахт Франкфурт каде...you guessed it, останува само една сезона.

После Шпанија и Германија, време е пак во Италија. Овој пат дури ни Милан не се заинтересирани за него, па прави трансфер во Сасуоло.

Во Сасуоло останува 7 сезони и се пензионира како легенда на клубот.

..ахам, жими газов.

Фала богу, и тука останува само една сезона и си оди.

Очигледно е дека многу екипи не гледаат долгорочна корист од него.

Ако се водиме по секој здрав разум, следен потег би бил Арабија, Кина или МЛС, така?

Логично.

Следната екипа за кој тој заигра беше....

ФК БАРСЕЛОНА. ДА, ОНАА БАРСЕЛОНА СО МЕСИ И КОМПАНИЈА.

Во јануари направи позајмица во Барселона од Сасуоло. Да, овој човек остана само пола сезона во Сасуоло.

Во Барселона има три натпревари во Лигата и еден во купот за вкупно поминати 303 минути во дресот на Барселона.

После Барселона заминува назад во Италија. Ама ни во Сасуоло ни во Џенова ни во Милан. Време е за нова екипа - Фиорентина.

Секако, овој генијалец на фудбалската трансфер игра останува и тука само половина сезона каде оди на позајмица во:

1601508864682.png

КАМ ТУ БЕСИКТАС

После ова доаѓа Монца, екипа во Серија Б.

Овој фудбалски номад имаше маестрална кариера.

Освен што помина премногу екипи тој исто така помина и неколку репрезентации бидејќи како млад играше за Германија, а својата сениорска репрезентативна кариера ја помина во дресот на Гана пред да се повлече во 2014.

И сега, после оваа турбулентна кариера неговиот следен чекор се знае што ќе биде. Пензија, бидејќи има 38 години, така?
Wrong.

Кевин Принс Боатенг има ТРИЕСЕТ И ТРИ ГОДИНИ т.е. БОАТЕНГ Е ПОМЛАД ОД КРИСТИАНО РОНАЛДО (2 години) И ОД ЛИОНЕЛ МЕСИ (4 месеци)

Останува само да се запрашаме што генијално не очекува до крајот на неговата кариера. Ако има некоја логика во неговиве трансфери, може да се очекува позајмица во Јануари.

Можеби ќе се врати во Тотенхем под водство на Мурџо? Можеби Боатенг е единствениот човек што може да го усреќи Меси во Барселона? Можеби Шкендија ќе собере пари за една пола сезона? Можеби ќе заврши во некоја банда како Адриано?

Кој знае.

I am here for all of it!
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.196
Ja sum za da go kupi Manchester Dembele. Ima potencijal samo mora malce da poraboti na profesionalizmot. I normalno mu treba poddrska od trenerot. Vo Barsa pregolemi bea ocekuvajata so ogled na transfersumata. Vo Dortmudn Tuchel mu davase cela poddrska i koga imase problematicni fazi i toj vozvrati so odlicni nastapi. Ne bi trebalo Barsa premnogu da bara.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Колку е и да флоп, инџури проун, гејмер, куроболие од играч дембеле пак е добар дил за Јунајтед. Полош од Лингард не може да биде. Башка талентот...


Со Погба и Дембеле ќе си газат на фифа21... :)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.003
Поени од реакции
57.043
ОК, ако дојде Дембеле во Јунајтед ќе ви организирам натпреварување за најсмешна досетка на моја сметка и победникот ќе добива по еден добитен тип една недела во ПП.
Имаат интересно лево бекче Барса. Добро ќе биде ако успеете во пакет и него да го земете пошто дефицитарни сте на таа позиција.

Се важи?
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.035
Поени од реакции
1.487
Донев не се клавти море, Дембеле ако дојде 98% ќе е повреден или ќе е на турнир на плејстејшн а во тие 2% 2 пати ќе му зачука на Челзи плус асистенција.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не само за Дембеле, имам приметено и за други играчи, како си го нафрлате условот „има потенцијал, ако може да остане здрав, супер ќе биде“, како апче да е што треба да се пие навечер, па само треба да запазиш да го испиеш, што е тука тешко? :tapp:

Со тебе сме Дембеле, никој не смее да те натера да ја напуштиш Барселона сосила, издржи!!!1111
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не само за Дембеле, имам приметено и за други играчи, како си го нафрлате условот „има потенцијал, ако може да остане здрав, супер ќе биде“, како апче да е што треба да се пие навечер, па само треба да запазиш да го испиеш, што е тука тешко? :tapp:

Со тебе сме Дембеле, никој не смее да те натера да ја напуштиш Барселона сосила, издржи!!!1111
Правда за Дембеле, сакаат да го избркаат од Барселона!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom