Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Па во Ла Лига пак ги шлапаа сите...поголема доминација имаа од Манчестер во ПЛ
90-тите никогаш нема да бидат ера на Барселона, никој не ги спомнува во таков контекст.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
90-тите никогаш нема да бидат ера на Барселона, никој не ги спомнува во таков контекст.
Не е за да ги спомнуваат или не.....фактите го говорат тоа дека имаат 6 титули во Ла Лига најголема доминација од сите други клубови од сите големи лиги...и дека биле слаб клуб пред Роналдињо се чисти глупости
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Убаво ми е кога гледам како Барса фан бојс пиздат зашто фановите на сите останати екипи во светов го ставаат Реал пред Барса хахаха.

Продолжете, продолжете. :D
Имаме и ние наши адути :kuracc:
 
  • Гнев
Reactions: ob1
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Марадона со 30 натпревари за Барса?
Ако не бил атрактивен клуб тогаш зошто дошол во Барса?
Автоматски споено мислење:

20200927_121244.jpg
Автоматски споено мислење:

Најјако е кога ДиСтефано требало да потпише за Барса и Франко забранил сите екипи освен Реал да праат трансфери и овој тргнат накај Барселона стигнува у Мадрид, така нешто беше :pos:
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Ако не бил атрактивен клуб тогаш зошто дошол во Барса?
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 268245
Од кај да знам, може немало други понуди, надвор од мое време е тоа. А дали Наполи е поатрактивна екипа од Барса чим заминал таму и останал пола кариера?
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Тука негде со Тотенхем :facepalm: , дечко они се марка уште одамна! Од борбата за ди Стефано! Да не бил кралот и педерската манипулација, кој знае каква ќе беше историјата на овие два клуба сега!
Не дека ја сакам нешто Фарса, ама факт си е факт, не клуб, клубиште се!
Малкумина знаат за ова, дојди натпреварувај се во такви услови :D
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.730
Поени од реакции
9.770
Преку таско, да не беше Меси пак никој немаше да ви дојде. Барса стана ултра гигант од 2006та коа почна Меси да игра, не за џабе со него 4 ЛШ имате.
Ова све што си набројал е 20 години постаро од последниве 20 години.

Има поента бенеамата, не го сфаќате очигледно.

Ако збориме генерално за кој тим какви играчи играле, кај скоро секој тим ќе издвоиш по неколку такви величини ко Стоичков, Гвардиола, Пујол, Куман и Роналдињо.

А и Марадона, Фиго и Роналдо што си ги присвојувате ко ваши легенди.
Ок, еве ќе го елиминирам Суарез пошто дојде кога Меси веќе беше легенда. Анри и Ибра дојдоа кога Меси имаше 0 Златни Топки (ова од меморија, не ми се гугла сега). 2 од топ 5 напаѓачи последните 20 години. Ќе ги сметаме сега? Или не се смета ако пијат Нескафе наместо еспресо сабајле? Што критериум треба да биде исполнет?

Јас почнав да ја гледам Барса некаде 98ма, после дрим тимот на Кројф што освои ЛШ со Гвардиола, Ромарио, Стоичков, Куман и после сезоната на Роналдо.

Во тим беа Фиго, Ривалдо, Коку, браќата Де Бур, Клајверт, Гвардиола, Луис Енрике, Зенден, тие двајцата бекови што играа за Шпанија Надал (чичкото на Рафа Надал) и Сержи... Тренер Ван Гал. Ова е "црната ера" на Барса пред Роналдињо и Меси. 2 играчи со Златни Топки (Фиго, Ривалдо) во кариерата, 2 тренери со триплети во иднина (Гвардиола, Луис Енрике).

Најголем непријател на Барса отсекогаш била управата (било онаа марионета квинслиншка во времето на Франко или сопствената "каталонска" управа). Тогаш беше Гаспарт ако не се лажам, сега е Бартомеу.

Барса и Реал нема да пропаднат поради моделот на кој се изградени. Не зависат од милост и немилост од сопственик милијардер. Водени се ко држава - 2 мандати и чао. Бартомеу усра се, ама од март понатаму е надвор од клубот. Тркалото ќе се сврти пак, како што после Ромарио и Стоичков дојдоа Роналдо, Ривалдо, Фиго и после нив дојде Роналдињо и после него дојде Меси...и како што пред Меси Барса имаше 4 играчи со Златни Топки додека играа таму (не Роналдо, Марадона, Фиго туку Стоичков, Ривалдо, Кројф, Луис Суарез шпанецот не овој од Уругвај), пак едно останува константа, Барса и Реал се врвот.

Она кога некој (не ти туку форумов генерално) те учи за нешто на кое што си потрошил милион саати време во животот
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Се убивте од генерализации, а реално единствената генерализација која колку толку држи вода е дека играчите од Бразил најмногу сакаат да играат во Шпанија. Се друго ви е без веза. Ако гледаме на ниво на лига, повеќето играчи сакаат да играат во Англија, од многу едноставна причина, парите. Еден просечен фудбалер најмногу може да заработи во ПЛ. Затоа ќе имаме такви ситуации каде што лик како Ален ќе изјавува дека кога ќе те побара Евертон нема што да му ја мислиш.

Инаку овој муабет за тоа кој клуб е најпрефериран би држел вода кога би важело правилото all other things being equal, арно ама тие other things никогаш не се equal.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.082
Глупо е да се спомнува дека не биле конкурентни кога 93/94 та Ромарио играше за нив. Најбоље играчи тогаш беа Роберто Баџо и Ромарио, што кулминираше со дуелот на светско 94 та кога Баџо го промаши пеналот во финале.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Од кај знајш ти до 90 на кое ниво била Барса кога не си бил роден тогаш :coffee:
Читам книги, истражувам :D

Доволно е да пишеш Барса на Гугл и ќе видиш дека пред 90ти не била доминантната екипа.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Затоа ќе имаме такви ситуации каде што лик како Ален ќе изјавува дека кога ќе те побара Евертон нема што да му ја мислиш.
Се изнасмеав со ова :pos:
Пак Евертон не е некој ботски клуб...имаат реноме и историја само што 30 и кусуро години се просечен клуб и од оваа перспектива за нас е смешно....всушност Евертон е поголемиот брат на Ливерпул и да не беше тој газдата на Енфилд да му се понаша на Евертонците и да му бара повеќе пари за кирија , никогаш немаше да постои Ливерпул....затоа малце респект :D
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Се убивте од генерализации, а реално единствената генерализација која колку толку држи вода е дека играчите од Бразил најмногу сакаат да играат во Шпанија. Се друго ви е без веза. Ако гледаме на ниво на лига, повеќето играчи сакаат да играат во Англија, од многу едноставна причина, парите. Еден просечен фудбалер најмногу може да заработи во ПЛ. Затоа ќе имаме такви ситуации каде што лик како Ален ќе изјавува дека кога ќе те побара Евертон нема што да му ја мислиш.

Инаку овој муабет за тоа кој клуб е најпрефериран би држел вода кога би важело правилото all other things being equal, арно ама тие other things никогаш не се equal.
Ова е врвот на сите глупости :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.231
Ок, еве ќе го елиминирам Суарез пошто дојде кога Меси веќе беше легенда. Анри и Ибра дојдоа кога Меси имаше 0 Златни Топки (ова од меморија, не ми се гугла сега). 2 од топ 5 напаѓачи последните 20 години. Ќе ги сметаме сега? Или не се смета ако пијат Нескафе наместо еспресо сабајле? Што критериум треба да биде исполнет
Па тоа ти зборам. Барса освои ЛШ 2006та, следната сезона го земаа Анри кој и година претходно веќе бараше трансфер ако добро памтам. Веќе 2007ма, поготово 2008ма почна една вонсериска Барселона која траеше до пред 2 3 години (иако имаат 2 ла лиги у задњиве 3 сезони, свесни сме деке и дојде крајот на таа Барса, генерациски). Ибра се закачи одма после тоа триплете на Пеп. Тука веќе и се виде кој е и што е Меси у фудбалот.

Вртеше духот на Кројф и после неговиот мандат, ама не може некој да негира или да убедува дека Барса пред Меси била страшно привлечна дестинација зошто таму настапувале Стоичков и Ромарио. Убаво викаш за Ван Гал, дечкото ја потона Барса тој период кога Реал жнееше Лига на Шампиони и Фиго со директен трансфер покажа кој е кој во фудбалот тој период.

Ќе се навратам пак на Меси, 08,09,10 сезоните веќе бевме сведоци на масовно сакање да се игра у Барса од милион играчи. Давид Виља, веќе спомнатиот Ибра, Санчез, Фабрегас, Кутињо, Суарез и уште неколку што не ми текнуваат моментално што плачеа и штрајкуваа за да напраат трансфер у Барса.

Јас моментално после Меси не гледам играч и атмосфера у клубот што ќе биде магнет за најдобрите играчи да побараат трансфер таму.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436

Kajgana Shop

На врв Bottom