Фудбалски/трансфер дискусии

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.005
Поени од реакции
57.044
-Ќе грееш клупа денеска, јбг Лига Европа играме, ќе мора да седиш на клупа малце..

-Шо? Жими куров! Порадо би фатил коронавирус наместо да греам клупа!

-Како се викаше главниот град со вирусот?

-Вухан...

-Ахам

-Зашто? ...шефе..зашто бе? Ало..се зезав бе....еј..а бе..вицекапитен сум..хаха, а бе ќе поседам некоја утакмица..хаха, а бе шефе...не беше Вухан..овај..Барселона..таму беше...Ливерпул..таму исто...шефе бе..чекај бе...каде одиш со факсот...шефе бе...

Прегледај го приврзокот 234990

Братов победи! Дајте му медала.

Шпанија пред Кина во број на случаи со корона. Во Вухан ни 1000 активни, а огромен број на излекувани :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
Овој што превара испадна упм, никој не го сака од големиве клубови. :D Но сепак да не заборавиме дека Ливерпул не заебале хехехехехе :sramezliv:
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.964
Поени од реакции
2.867
Овој што превара испадна упм, никој не го сака од големиве клубови. :D Но сепак да не заборавиме дека Ливерпул не заебале хехехехехе :sramezliv:
Далеку од превара од играч ти е Кутињо. Конте да може би го потпишал со две раце и би ви играл прв тим со сигурност биди реален малку. Колку и да пишувате големите клубови не го барале или пукате сеир демек Ливерпул ве заебале тоа не го менува фактот дека ви го земаа за багатела цена и е квалитетен играч. Да не заборавиме дека ликот има 27 години и има 5-6 добри сезони во него и допрва ќе го видиш преварата каде и да отиде после Баерн, а да не бид Француска Лига.

Реално и во Баерн го имам гледано неколку пати сезонава и не е воопшто лош(нека каже некој фан на Баерн) само што цената за откуп е преголема реално, а и неговите примања така да нема да го откупат. Или пак ќе се договорат со Барса еве како што цената ќе му ја намалат драстично дека знаат ќе им остане и никој нема да сака д плати па ќе треба да ја плаќаат платата што ја имаше Нејмар додека беше во Барса за некој што нема терен да види. :)
 
Како не е превара? Платен 100+ милиони евра не може прва постава нигде да фати... Мислиш дека Клоп туку така лесно ќе се откажеше од него ако стварно вредеше. :) Ја не викам дека е лош играч него дека е превара, односно не вреди за парите што се дадени за него и што се спомнуваат. Иначе кур мој игра у Баерн, не може прва постава да фати.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Од една страна ако вредел, Клоп немало да го пушти а од друга страна кога ДејлиФеил ќе пише дека Мане е договорен со Реал следат муабети „абе ако наумил да си оди, кој ќе го задржи“.

Со моменталнава форма и игра дефинитивно не вреди ни приближно до 100м фунти, мора да бидеме реални али со игрите во Ливерпул и тоа што Ливерпул не трчаше да го продаде, плус Барса трчаше и гребеше на сите страни за да го земе, цената се крена до ниво на кое што и да продолжеше со иста игра, пак ќе беше оспорувана.

Тоа дека Пул си најде неизбрусен дијамант за 10м си е повеќе негов плус него губиток на Интер, веќе дискутирано на форумов едно 2000 пати. Кутињо си ги оправда тие платени пари за него уште првата полусезона.

П.С. @Марли чак што више, мислим дека и Чаахахахахахахааланоглу е боље од Кутињо ;) ;) ;)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.964
Поени од реакции
2.867
Како не е превара? Платен 100+ милиони евра не може прва постава нигде да фати... Мислиш дека Клоп туку така лесно ќе се откажеше од него ако стварно вредеше. :) Ја не викам дека е лош играч него дека е превара, односно не вреди за парите што се дадени за него и што се спомнуваат. Иначе кур мој игра у Баерн, не може прва постава да фати.
Па и јас пишав погоре цената која Барса ја бараше од Баерн пред да го земат на позајмица беше претерана и се знаеше уште одма дека тешко Баерн да му го откупи договорот после завршување на позајмицата. Епа друже слабо го пратиш Баерн излега штом пишуваш вака кур мој игра. За шансите и минутите што ги доби изигра и покажа многу повеќе од вашиот главен играч Брозо со мозочниот удар секоја втора утакмица и тврдам дека и моменталниов Кутињо да е во Интер ќе е прв тим и еден од најдобрите играчи.
А да, и Клоп се откажа од него туку така заради добрата понуда од Барса па не е луд да не ја прифатат. Па со тие пари Клоп ти склопува екипа. :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Веројатно да го пуштеа на лето цената ќе беше помала ама Клоп кажа дека се повредил Лалана (неспореден квалтиет, него позицијата) и дека немало шанси да го пуштат да оди за Барса. Среќа за Пул е што таа полусезона Кутињо играше во врвна форма а Барса сеуште гребеше за него па цената се искачи до тие фамозни 140м. Исто, Клоп милион пати а и Хендо мислам има кажано дека не би си отишол од Пул да не го барала Барса (можеби и тоа е лага, не знаеме ама многу пати го имаат тоа напоменето луѓе од клубот). Сега, Клоп не остава слика на некој превртлив лик, да си измислува работи па затоа ова што го збори ми е за верување.

Несреќа за Кутињо е што дојде во Барса на тој гмизавецот и го играше лево крило.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Преминот на Кутињо од Интер во Луверпул е најдолгометражна спортска сага на форумот, ќе трае и во 2045 кога Кутињо ќе биде тренер на некој шпански второлигаш пак некој интераш ќе кажува дека паметен бизнис било што му го продале на Ливерпул за 10 милиони.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Перишич за 20 милиони во Баерн!
Прашање дали и тоа му е реална цена?
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.825
Поени од реакции
23.031
Несреќа за Кутињо е што дојде во Барса на тој гмизавецот и го играше лево крило.
Тачно, а он душава најбоља 10ка у свет, ама го играле ван позиција :pos:

Чаланоглу има боља статистика у бундес лига, од преварава, сисај !! :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom