Ај сеа сериозно малце. Ти брат читаш, ама читаш само медиуми блиски до Интер. Никаде, буквално никаде Модрич не излезе со изјава дека сака да си иде од Реал, ниту директно ниту индиректно, како тоа што го направи Роналдо одма после финалето ЛШ. Искрено не знам што ти е крив Перез, уште од старт им кажа стариот дека Модрич НЕ Е НА ПРОДАЖБА. Сосема погрешно е дека Перез одбил да има состанок со Модрич, имале состанок и Перез му понудил нов договор на Модрич, договор што ќе му ја израмни платата со таа на Рамос. Е сеа доаѓа Интер. Они и покрај оваа, пробаа на секој можен начин (преку играчи, социјални мрежи, агентот на Модрич) да изнудат трансфер на Модрич. Ние никаде, ниту на италијански ниту на шпански не видовме мислење од самиот Модрич, туку само од неговиот агент. Е сеа фан базата на Интер што сама си поврза дека Модрич сака да си иде од тоа што Брозович ставил слика на инстаграм дека фалел Модрич и Модрич ја лајкнал или дека на групната фотографија на Реал за промовирање на новите дресови го немало Модрич, тоа е ваш проблем. Иначе можеш да се тешиш дека Реал следна сезона ако затропа на врата на Интер со 200 милиони за Икарди, дека овие ќе ги одбијат.