Не ја следам дискусијата, ниту пак имам намера, само додека скролав налетав на една констатација на
@Ставрогин која ме прободе во очи.
Челзи се проближувал кон Арсенал затоа што се фокусирал на играчи како Керол (краткорочно решение, милион тимови, милион пати се решиле на ваков чекор), а Јунајтед прогресирал со брзина на светлината, бидејќи во зимски преоден рок ќе го купувал Санчез.
Јас се надевам дека не си сериозен и дека си го напишал тоа само за да продолжиш со трол - конфронтацијата со
@Донев.
Прво, замисли исклучоците да ги претворавме под дифолт во правила. Или пракса на работата/функционирањето на клубовите, во овој контекст. На пример, трансферот на Линделоф во Јунајтед (,,дрво од 40 милиони, анонимус од португалска лига, наметнат од Мендес") треба да го означи слободниот пад на Јунајтед? Не е ѕвезда, нема којзнае какви квалитети. Нема рап песна/албум, тоа сигурно. По твоите критериуми, ова е есенцијален показател за правецот кон кој ќе се движи тимот.
Второ, сериозно Челзи е тимот што нема континуитет и што е пред прагот на ,,пропаст", додека Јунајтед е тимот кој поради наречи ја одличната трансфер политика ита кон врвот и се враќа во европскиот крем?
Забораваш дека Јунајтед и во изминативе години правеше големи трансфери, налик овој на Санчез. Да те потсетам дека не му донесоа значителен успех? Додека пак Челзи со МичуБачу просеци, двапати во последните четири години стана шампион на Англија. Јунајтед нема лигашка титула од времето на Фергусон.
Па како тогаш, ме интересира, испаѓа вакво крајно решение на равенката, во кое Челзи се враќа на корените, ерата пред Роман, а вие го правите токму спротивното?