Верувај ми брат, најсерозно немам одговор на прашањето „зошто не?“.
Не сум таков тип на навивач да плукам по сопствени играчи или пак пред да дојдат (шпекулации)...па дури и од како ќе си отидат (ретко)....ама за Де Јонг, не знам...антипатичен ми е (груб играч, можеби игра улога и стартот врз Алонсо, колку и да е смешно). Ете, игра во Милан, клуб за кој што навиваш и сигурно повеќе од мене знаеш како во која формација може да се снајде. Џонтра вика дека е подобар од Лукас, можеби и е....ама едноставно, не знам.....не сакам.
Ваљда е од оној тип на играчи ала Ван Бомел кои додека не дојдат во твојот тим не ги сакаш
Де Јонг изгледа лошо т.е изгледаше лошо во таа 4-3-1-2 на Алегри бидејќи таа позиција не му одговара на него а додека во 4-2-3-1 во double pivot се снаоѓа многу подобро и може да му се искористи поценцијалот повеќе така.
Се повреди на подолго време и работеше напорно за да се опорави за сезоната и да може да игра и тоа го поштувам многу.
Додека сите шернуваа слики на инстаграм од вечери/одмори тој ставаше слики од тоа како тренира со пораки како треба да биде спремен бидејќи сака да игра фудбал.
Значи и кога му беше даден одмор и кога никој немаше во Миланело дечкото доаѓаше и тренираше и затоа го почитувам многу.
Ете види го и датумот и дечкото за време на пријателските утакмици и се до сега е најспремен од сите и скоро на сите мечеви играше.
Идеален би бил во таа формација што ја игра Ливерпул а и Роџерс бара играч што ќе му трча цело време и ќе донесе цврстина во средниот ред ама се надевам дека нема да си замине од Милан.
А кога сме кај Лукас > НДЈ стварно не знам пошо тука некаде ми се и би потенцирал дека Лукас е многу потценет играч и врши многу работа да го имаш во тимот ама ова со повредиве некако го уништи мислам.