Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
5 март 2018
Мислења
15.136
Поени од реакции
16.645

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.485
Поени од реакции
16.113
Не дај Боже да им дадат на дракче и останатите џаболебари од МТВ нивната смисла за хумор ни на оние од Бардовци не им е интересен, а да не зборуваме за коментирањето.

П. С. Имаше еден на Телма со тажен и бавен глас, среќа коментираше утакмици кои се играа преку ден, да коментираше оние дерби навечер, ке идевме порано на спиење.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.599
Поени од реакции
81.234
П. С. Имаше еден на Телма со тажен и бавен глас, среќа коментираше утакмици кои се играа преку ден, да коментираше оние дерби навечер, ке идевме порано на спиење
Марјан Трајковски, сигурно ги носеше сакоата на Панта Џамбазоски за пред камери кога требаше да ги води спортските вести. Ќор играч не знаеше да погоди на терен, човекот не се радуваше ни кога Милан ќе му победеше... амбиент Велики Петок и Задушница, две во едно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.142
Поени од реакции
107.476
Види го Марјанчо, класичен обичен човек, на мравка не гази, тетратка за почетно пишување фризура, тивок глас, домаќин човек, гарант јаде ќутек секој ден од жена му и не смее да писне дома, сметки увек плаќа на први во месецот, пазари исклучиво во Стокомак и се шиша кај Брицо за 70 денари.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.248
Поени од реакции
22.461
За француско првенство веќе се знае кој ќе биде коментатор.

Најинтересната сезона во Франција целосно што ја имав изгледано. Лоран Блан покрај легендата на Арсенал, Маруан Шамак тогаш се појавија на европската фудбалска мапа. Гуркуф уште еден непрежален пропаднат талент.
Автоматски споено мислење:

Иначе, верувале или не, Француско на еден индијански канал што сега е изгасен, сосема солидно го коментираше Жаре од 1на1. Од денешна перспектива, боље да си останеше коментатор.
Спорт нешто мислам дека се викаше, цело време пуштаа француска музика,навечер француски филмови даваа и реклами за францускиот културен центар. Ништо чудно да биле спонзорирани од нив.
Автоматски споено мислење:

Rezultati и Live Score од нашето време.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2023
Мислења
108
Поени од реакции
583
Недела, надвор камен ладно, твоите цел ден дома урлаат зашто не си пишувал домашна, ужасна атмосфера, утре дента си на школо, ти се плаче, на телевизија Калчо со Бранко Илиевски, после тоа се гледа Дневник, Спортски вести и Супер Бинго.

Трауми од детството.
Вечерта спортски преглед со Бошко Трпевски, облечен во истото сако со кое во 1894 година бил на свадба кај внук на бугарскиот цар во Ќустендил. Гостин во емисијата е незаменливиот Добре Иванов, а главна тема: спорен недосуден пенал за Силекс, се пушта снимката во етер барем 68 пати зумирана со камера од Сони Ериксон.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.136
Поени од реакции
16.645
Колку се релевантни овие двајца ?
Не ми е верно Јувентус да го пушти на полусезона сега кога се борат за скудето, ама ако има вистина би сакала да се оствари, има да грмат со Гризман напред.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.095
Поени од реакции
16.291
Колку се релевантни овие двајца ?
Не ми е верно Јувентус да го пушти на полусезона сега кога се борат за скудето, ама ако има вистина би сакала да се оствари, има да грмат со Гризман напред.
Јас би го пуштил искрено 2 години е кај,нас 50% повреден 1 добра утакмица и 99 лоша форма
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.136
Поени од реакции
16.645
Јас би го пуштил искрено 2 години е кај,нас 50% повреден 1 добра утакмица и 99 лоша форма
Мислам дека ќе се снајди во Атлетико.
Не знам до кога ќе ја држи Мората формата, инаку освен него Атлетико нема класичен напаѓач.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.599
Поени од реакции
81.234
Јас би го пуштил искрено 2 години е кај,нас 50% повреден 1 добра утакмица и 99 лоша форма
Под палката на Алегри, добро е што доаѓа до противнички шеснаесетник...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom