Фудбалски/трансфер дискусии

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.184
Поени од реакции
21.313
Чекајте сега нели Раиола и Лапорта беа најдобри другари. Зошто вака сега 20 мил им бара???
Негој пари не ги дава, затоа другарството може да помогне. Да немаше Барса милијарда долг можеби ќе испаднеше. Вака волуменот на трансферот има 500м ЕУР. Машала.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.054
Поени од реакции
3.836
Ете затоа ќе си скапе Халанд у Дортмунд уште една година.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.896
Поени од реакции
10.521
Ете затоа ќе си скапе Халанд у Дортмунд уште една година.
и заслужува да пропадне, да се пропие и да иде татко му да проси да им ебам ненаситните створења


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Затоа и пропаѓаат добар број играчи кои малце ќе покажат нешто, одма домашните ги гледаат како ,,златна кокошка" која ќе им донесе богатство на цела фамилија, па започнуваат да ги водат како оние порано што шетаа со мечките кои играат и собираат пари. Кога се преговара за трансфери се бараат провизии за татко му, мајка му, авионски карти за поширокото семејство да си прави екскурзии, па станови, куќи кога ќе престојуваат таму...
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.726
Еве заплакав од жал за мегакорпорациите т.н фудбалски клубови кои годишно имаат стотици милиони евра приходи. Нека цеди дур може, никој не му гарантира дека утре нема да има некоја freak injury која ќе му ја заврши кариерата на топ класа ниво. Боље сега да извлече макс кога цел свет гледа во него. Секако ова е макс барање кое ќе биде предмет на преговори.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Машала Халанд сака колку Мбапе да зима.

Реално и се очекуваше ваква некоја сума.
На крај краева ако продужи со вакво темпо и во новиот клуб тие 200м ќе бидат мани вел спенд.

Ризик е јебига, кој сака млада ѕвезда за во наредни 10+ сезони ќе треба да си искешира очигледно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.444
Јас не се слагам со барањава на Халанд и Раиола, точно е дека е голем талент, веќе е супер играч, ама полека малце, треба што би рекол РАТМ да биде бар некое име, не мора презиме, да направи нешто, да освои, па после да му се даваат такви суми. На што личи ова со една добра сезона во Салзбург, една и пол во Дортмунд, 30м плата и 372727171м трансфер? Чекај бе другар па Роналдо зема толку плата, ваљда не морам да пишувам што се има освоено ликот...

Мајката да ви ја ебам сеа ради вакви работи ќе напраат да ми е одбивен играчот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.146
Поени од реакции
25.577
Јас не се слагам со барањава на Халанд и Раиола, точно е дека е голем талент, веќе е супер играч, ама полека малце, треба што би рекол РАТМ да биде бар некое име, не мора презиме, да направи нешто, да освои, па после да му се даваат такви суми. На што личи ова со една добра сезона во Салзбург, една и пол во Дортмунд, 30м плата и 372727171м трансфер? Чекај бе другар па Роналдо зема толку плата, ваљда не морам да пишувам што се има освоено ликот...

Мајката да ви ја ебам сеа ради вакви работи ќе напраат да ми е одбивен играчот.
И Роналдо кога беше копиљ земаше плата колку Сколс и Гигс заедно. А неколкукратно повеќе од Кантона во пикот на кариера.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.444
После 2 сезони, кога го доби хајпот. Кога се пресели во Реал, од одма му дадоа плата повисока од Раул.
Епа што е проблем тогаш? Што погрешно кажав погоре? Дојде Роналдо во УТД, напраи име и доби тоа што заслужува. Овој што направил за да биде меѓу тројца најплатени играчи? Свесен си каков е ризикот доколку фејлне? Дека години и години уназадување за еден клуб е тоа? Крај краева пак одлучува клубот кој што сака да го купи ама одговорно тврдам дека барањава им се срамни и нереални.

А тоа дека Роналдо земал повеќе плата од Гигс и Сколс заедно или од Раул не знам што те чуди, тоа се легенди на клубовите и таквите речиси никогаш не се најплатени играчи во екипите, со исклучок на Меси. Еве Занети никад немал голема плата, а најголема легенда на Интер е, Киелини е легенда на Јувентус па Рабио зема 10м, а Киелини можда и дупло помалце.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Барањата ќе бидат исполнети без проблем од клубот што ќе го зима, така да џабе муабети реално. Татко му на Нејмар зар не зема повеќе :D
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.233
Точно, рано е да се збори за некакви комисии бидејќи разговорите со клубовите биле иницијално за тоа кој тим каков проект планира да гради.
Али да не се лажеме, дека кога ќе се седне на преговарачка маса за сумите, дека нема да се дискутираат и комисиите за татко му и за Раиола.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom