Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
5 март 2018
Мислења
15.132
Поени од реакции
16.635
Real да ги продадат или трaмпаат Isco, James, Bale, Navas, и уште некој играч, одма ќе го соберат Mbappe...
Колку мислиш дека можат да извлечат од овие кои ги наброја ? Иско имаше една многу добра сезона под Зидан и одтогаш џогира, пимплач најголем е станат во тимот ама добро можи да излажат некој клуб, во Италија на пример еве Милан не знае кај тера со ттансфери па можи да го лупнат таму. Бејл е прескап и си има клаузула која чинам е многу висока а за него пишавме наназад дека моментално ретко кој клуб ќе ја плати таа сума, Јунајтед или Псж можеби тие се несалам. За Хамес и Навас да, овие двата вредат и Перез е луд шо ги испушта да си одат.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.654
Поени од реакции
4.142
Колку мислиш дека можат да извлечат од овие кои ги наброја ? Иско имаше една многу добра сезона под Зидан и одтогаш џогира, пимплач најголем е станат во тимот ама добро можи да излажат некој клуб, во Италија на пример еве Милан не знае кај тера со ттансфери па можи да го лупнат таму. Бејл е прескап и си има клаузула која чинам е многу висока а за него пишавме наназад дека моментално ретко кој клуб ќе ја плати таа сума, Јунајтед или Псж можеби тие се несалам. За Хамес и Навас да, овие двата вредат и Перез е луд шо ги испушта да си одат.
Isco 40-50м сигурно вреди, James 70m, Navas 20m, Bale 80m. Пишав трампа пошто Bale само така може да зима слична плата како во Реал...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.132
Поени од реакции
16.635
Isco 40-50м сигурно вреди, James 70m, Navas 20m, Bale 80m. Пишав трампа пошто Bale само така може да зима слична плата како во Реал...
Ама оние услови кои му ги нуди Псж на Мбапе папата ги нема :D
Тешко дека ќе го напушти Псж ама се е можно, мислам дека со изјавите на Мбапе пробва да извлечи нов договор и со тоа да го направат најскапо платен фудбалер, нешто шо пробваа неодамна со татко му уште кога потпиша за нив ама не му успеа тогаш, сега ако си замини Нејмар ете му шанса за тоа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.132
Поени од реакции
16.635
Ако се нафатат на оваа сума Барса тогаш нека го клат катанецот на клубот и сите на бајачка. Па нели за оваа сума го продадоа, сега за истите пари ќе го враќаат назад после се шо се исподеси и башка поќе повреден е одколку здрав откако е во Псж. Најјакото од се е шо парите кои ги лупна Барса од Нејмар се на играчи кои не се ни бледа сенка од шо беа порано, Кутињо, Дембеле, Семедо ( не е ни стандарден првотимец ), Паулињо:pos: со овај Бог знај шо се деси, и Мина мислам тогаш го купија, сите овие заедно коштаа брдо пари, над 300 мил. сигурно.
Значи ако се оствари трансферот шо не вервам Барса губат премногу.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Јас ич нејќам да се врати Нејмар ради тоа како си замина пред две години. Дури ќеф ми е што гледам дека веќе сам сфаќа дека се зафркна. Ни тој ни ПСЖ видоа некој ќар од трансферот.

Ама ете цела екипа го сака па уште и фановите во Каталонија немаат против да се врати. Така да ако дојде па и ако игра добро сите ќе заборават на трансферот во ПСЖ. Мада сигурен сум дека нема Барса да лупне толкава сума на пари за да го врати. Плус Гризман доаѓа па ништо од Нејмар.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
Не знам зошто мислите дека зборовите се однесуваат само на Нејмар. Баш стаив линк до статијата од Марка каде се пишува за бркањето на Антеро Хенрике, спортскиот директор на ПСЖ, инаку клучна фигура во носењето на Мбапе во ПСЖ, кој го има буквално разубедено Мбапе да не оди во Реал. Пред некој ден овој на Твитер му изјавуваше благодарност за се што напраил за него во изминативе години. Во ПСЖ си имаат проблеми, а почнуваат на површина да испливуваат и некои приказни околу нетрпеливоста меѓу Нејмар и Мбапе и како тоа тимот е поделен на два табора, бразилски и француски. Со носењето на Леонардо за спортски директор и бркањето на Хенрике не му олеснуваат воопшто на Мбапе, кој од друга страна го има Реал со Зизу ко тренер. Иако Реал кога се работи за играчи на ПСЖ секогаш јавно излегува со соопштенија дека не е заинтересиран за нивни играчи, а реалноста не е баш таква, односно е таква само во интерес на добрите односи меѓу клубовите у стил - не ме рчкај, не те рчкам. Иначе што се однесува до прашањето за Нејмар во Реал, мислам дека е јасно, дур е Флорентино прецедник ликови ко Нејмар нема да играат за клубот, за тоа збори и што од еден таков лик веќе се отараси, сулудо би било да носи поголема примадона. Кога Реал се интересирал за Нејмар, пред да отиде во Барса, преговорите прекинале по првиот состанок преку видео кол. Таткото на Нејмар го прашал Флорентино зошто Нејмар треба да дојде во Реал? И овој му рекол - Пошто е Реал најбоље клуб у свет и дека дури и не може да му гарантира стартно место во тимот (не дека бил сериозен колку што сакал да му го тестира егото). После ова нормално Нејмар отишол во Барса и Росељ му ги кажал работите кои што сакал да ги слушне и нормално потпиша за нив. Како и да е проценката на Флорентино излезе точна дека се работи за платеник со его до небо кој ќе направи многу повеќе проблеми него ли што ќе помогне на тимот, ради тоа неговиот прв услов е играчот што треба да дојде во Реал е да му биде привилегија да игра за клуб ко Реал Мадрид
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.132
Поени од реакции
16.635
Нафта да не открија под Метрополитано? :LOL:
Пред две години бомба најдоја за нафта немам инфо :D
Од една страна Симеоне изјавува дека нема да се трошат пари на скапи играчи дека ќе се бараат тип на играчи како Грзиман кога го купија од Сосиедад, талентирани ама не исхајпани, Хил Марин пред некој ден изјави дека приоритет е да се носат играчи од задната линија шо е и логично оти бекови за лек нема во клубот, сега ова со Феликс, не знам некое време се шпекулира за него ама ништо конкретно се до денес.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.094
Нејмар е она што е Ирвинг во кошарка, само шти првиот се посра на клубот, а другиов на соиграчот кој сакаше од него да направи играчиште.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.830
Поени од реакции
24.226
Не мрда Мбапе сезонава од ПСЖ. Подобро Перез да се фокусира на други трансфер цели летово, да го изгради тимот, па следно лето да ја искористи ситуацијата на Мбапе и да отиде all in за негов потпис.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom