Фудбалски клуб на декадата

Фудбалски клуб на декадата?


  • Вкупно гласачи
    112

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Помина што помина ова со играчите, голманите, тренерите, редно е за клубовите :)

Англија (секако големата четворка)
- Челзи, тим кој последните 6-7 години секогаш квотира меѓу првите во Англија. Ја земаа премиер лигата на два пати со Жозе Мурињо. Играа финале со Манчестер во Лига на Шампиони, освоија некој куп, често стигале до полуфинале во Лига на Шампиони. Убедливо еден од најдобрите клубови во Европа за минатата декада :smir:
- Арсенал, финале против Барселона, неизгубен натпревар во сезона 2003/2004 во премиер лигата. Нема повеќе зборови за овој клуб, дефинитивно еден од најдобрите во Англија
- Манчестер, тројна круна, светски прваци, име низ кое поминале многу легенди последните 10 години, а секако и минатогодишниот најдобар играч во светот, К.Роналдо, во последните, 3 (4) пати по ред ја освојуваат премиер лигата по ред. Може да се рече дека е најдобриот клуб во Англија за изминатата деценија.
- Ливерпул, сведоци сме на фантастичните игри на Ливерпул, круната во Лигата на Шампионите, вонсериските напаѓачи како Овен и Торес, страшен тим, иако потфрлија последните 2-3 години :smir:

Германија
- Баерн, 2001 европски првак, неколку пати освојувано Бундес лигата, неколку четврт и полуфиналиња во Лига на Шампиони, доста говори за тоа Баерн каков тим бил минатата декада.
- (ако некој смета дека треба да има друг тим од Германија, нека пише)

Италија
- Милан, европски прваци, италијански прваци, успеси во лига на шампиони, низ овој тим поминаа едни од најдобрите играчи во светот, и останаа запаметени како легенди на овој тим. Секоја чест, заслужува во топ5 да биде за оваа декада.
- Јувентус (едит)
- Интер (едит)

Шпанија

- Реал Мадрид, галактикос1 и галактикос2 дефинитивно ќе ја обележат оваа декада, една европска круна, неколку пати шпански прваци, неколку купови, говори каков тим бил Реал изманите десет години.
- Барселона, дефинитно еден од најуспешните, ако не и најуспешниот тим во Европа. Европски прваци во 2006, неколку пати освоено ла лига, и само еднаш купот на шпанија, но секако долго ќе се памети она што го направи Барселона оваа сезона, освоија 6 титули од 6 можни, што ги направи единствени во светот со такво достигање :smir: Морам да напоменам дека тука имат поминато едни од најдобрите играчи во светот, последните 10 години


Ако некој смета дека треба да има други лиги, и други тимови слободно нека каже :)

анкета, за сите напишани тимови, и на крај напишете ДРУГ (наведи кој)
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
- Ливерпул, сведоци сме на фантастичните игри на Ливерпул, круната во Лигата на Шампионите, титулите во премиер лигата, вонсериските напаѓачи како Овен и Торес, страшен тим, иако потфрлија последните 2-3 години :smir:
:pos2:

Би го спомнал и Леверкузен кој оваа деценија беше еден од подобрите германски тимови оваа деценија.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Pa BARCELONA e tim na dekadata...tuka ima golema konkurencija od Manchester United no sepak BARCA bese pouspesna.

3 tituli vo La Liga
1 vo Copa del Rey
3 Super kupovi na Spanija
2 tituli vo Ligata na Sampionite
1 evropski super kup
1 FIFA svetski kup na klubovite
 
B

boki10messi

Гостин
Иначе, ја ако би правел листа вака би изгледала:
1. FC Barcelona
2. AC Milan
3. Real Madrid CF
4. Manchester United FC
5. Liverpool FC
Тешка конкуренција(ако имаше бодови, разликата од првиот до петиот би била само 4 бода)
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.206
Поени од реакции
7.992
Иначе, ја ако би правел листа вака би изгледала:
1. FC Barcelona
2. AC Milan
3. Real Madrid CF
4. Manchester United FC
5. Liverpool FC
Тешка конкуренција(ако имаше бодови, разликата од првиот до петиот би била само 4 бода)
Сите овие што си ги навел се тимови кои многу ги почитувам и постигнале огромни успеси ама во топ 5 би го ставил Челзи на местото на Реал. Реал има историја за почитување ама реално гледано во Европа 5 години по ред нема поминато осминафинале. Според мене Челзи треба да биде на листата од топ 5 клубови. Милан тука би го ставил единствено заради прикажаните игри во ЛШ и тоа е тоа. Во Клачото имаат само 1 титула во последниве 10 години. И за Ливерпул важи истото. Како и да е незнам по кој критериум барате тим на декадата. Ако е само по ЛШ, тогаш ОК, ако е по освоени домашни првенства тогаш би ги додал и Баерн, Интер и Јувентус. Исто така вреди да се спомене и Порто кој има доста забележителни резултати последнава декада, како на домашно така и на европско ниво.

Инаку за Барселона и Манчестер, немам зборови. Едноставно последниве години им покажаа на остатокот од Европа како треба да се игра фудбал. Немам повеќе што да додадам во врска со нив.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.854
Ако гледаме според титулите, тогаш тешка битка помеѓу Реал, Барса и Манчестер. Реал и Барса имаат по 11 освоени титули во оваа декада, Манчестер има 1 или 2 повеќе, меѓутоа во Англија се играат и повеќе купови. Меѓутоа со освоените 6 титули од можни 6, мислам дека Барса отскокнува од овие два тима и според мене заслужено е тим на декадата, но и ако кажеме дека Манчестер или Реал е тим на декадата, тоа нема да биде незаслужено.
 

mr.cornelius1

И ОНДАК ТО..
Член од
1 ноември 2009
Мислења
773
Поени од реакции
14
1.Барселона
2.Ман.Јунајтед
3.Реал
4.Челзи
5.Интер
 

Fear In Madrid

Hala Madrid ! ! !
Член од
26 ноември 2009
Мислења
332
Поени од реакции
37
Pa BARCELONA e tim na dekadata...tuka ima golema konkurencija od Manchester United no sepak BARCA bese pouspesna.

3 tituli vo La Liga
1 vo Copa del Rey
3 Super kupovi na Spanija
2 tituli vo Ligata na Sampionite
1 evropski super kup
1 FIFA svetski kup na klubovite
Реал Мадрид
4 титули ла лига 2001,2003,2007,2008
лига на шампиони 2 титули...2000 и 2002
супер куп 3 титули..2001 2003 и 2007
светски клубски првак 2002...

сепак видиш дека некој бил уште поуспешен
:P:helou:
 
B

boki10messi

Гостин
Сите овие што си ги навел се тимови кои многу ги почитувам и постигнале огромни успеси ама во топ 5 би го ставил Челзи на местото на Реал. Реал има историја за почитување ама реално гледано во Европа 5 години по ред нема поминато осминафинале. Според мене Челзи треба да биде на листата од топ 5 клубови. Милан тука би го ставил единствено заради прикажаните игри во ЛШ и тоа е тоа. Во Клачото имаат само 1 титула во последниве 10 години. И за Ливерпул важи истото. Како и да е незнам по кој критериум барате тим на декадата. Ако е само по ЛШ, тогаш ОК, ако е по освоени домашни првенства тогаш би ги додал и Баерн, Интер и Јувентус. Исто така вреди да се спомене и Порто кој има доста забележителни резултати последнава декада, како на домашно така и на европско ниво.

Инаку за Барселона и Манчестер, немам зборови. Едноставно последниве години им покажаа на остатокот од Европа како треба да се игра фудбал. Немам повеќе што да додадам во врска со нив.
Да не дојде до недоразбирање, јас мојот избор го правев според титули во ЛШ.

Реал Мадрид
4 титули ла лига 2001,2003,2007,2008
лига на шампиони 2 титули...2000 и 2002
супер куп 3 титули..2001 2003 и 2007
светски клубски првак 2002...

сепак видиш дека некој бил уште поуспешен
:P:helou:
Не е баш поуспешен, доста изедначени се, Барселона е маалку подобра, и САМО затоа јас би ја ставил пред Реал. Да се работеше за тим на последните 20, 30 или повеќе години, признавам дека би го ставил Реал на прво место без двоумење, ама последнава деценија, Барселона доминира.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.854
Реал Мадрид
4 титули ла лига 2001,2003,2007,2008
лига на шампиони 2 титули...2000 и 2002
супер куп 3 титули..2001 2003 и 2007
светски клубски првак 2002...

сепак видиш дека некој бил уште поуспешен
:P:helou:
Имаш испуштено една титула, Супер-куп на Европа, 2002 година. :)
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.206
Поени од реакции
7.992
Да не дојде до недоразбирање, јас мојот избор го правев според титули во ЛШ.
Ако е така ОК, јас реков дека изборов на тим на декадата не е со однапред даден критериум според кој можеме да се водиме при истиот. Токму затоа и наведов низа други тимови кои би можеле да се вклучат доколку се земат севкупните остварувања на тимовите.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Би го спомнал и Леверкузен кој оваа деценија беше еден од подобрите германски тимови оваа деценија.
каков Леверкузен па овие ама баш ништо немат освоено,играат убав фудбал,со титули не можат да се пофалат...

тим кој заслужува е Манчестер Јунајтед,мислам и самите незнаат колку титули имат освоено во последниве 10 години:toe:
 

Fear In Madrid

Hala Madrid ! ! !
Член од
26 ноември 2009
Мислења
332
Поени од реакции
37
Не е баш поуспешен, доста изедначени се, Барселона е маалку подобра, и САМО затоа јас би ја ставил пред Реал. Да се работеше за тим на последните 20, 30 или повеќе години, признавам дека би го ставил Реал на прво место без двоумење, ама последнава деценија, Барселона доминира.[/quote]

ок братко..твое мислење е тоа..другото е мое мислење...јас само приметив дека реал има една титула повеќе во ла лига..а барса една повеќе во копа дел реј...а бидејќи поголем примат се дава на ла лига..затоа го ставив реал пред барса...
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
1.Манчестер Јунајтед
2.Барселона
3.Реал Мадрид
4.Милан

Реално овие четири тима се кандидати за фудбалски тим на декадата. Севкупно Манчестер Јунајтед има најмногу титули, па за мене се тим на декадата, иако кој и да е од овие четири нема да е незаслужено. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom