Фудбалски клуб во Аеродром?

Член од
4 октомври 2014
Мислења
787
Поени од реакции
539
Неколку дечки од друштво сакаме да се запишеме во некој клуб за фудбал, во близина на Аеродром/Лисиче/Ново Лисиче.
Никакви сериозни цели, чисто за забава и колку толку да се подобриме за маалски фудбал.
Има некој препорака? Не можам на интернет ништо да најдам.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420
Таму графитите велат FAMILY така што, дел од фамилија Аеродром треба да станете.

PS: А Карпош беше нешто, „се надеваме дека сте брзи“ а Автокоманда беше од Врчак, „и слеп да бидам без очи ќе те видам“ така нешто...

Можеби @Saber Rider може да ти помогне.
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.245
Поени од реакции
3.163
Гледам на ффм често тренираат некои, прашајте таму.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Неколку дечки од друштво сакаме да се запишеме во некој клуб за фудбал, во близина на Аеродром/Лисиче/Ново Лисиче.
Никакви сериозни цели, чисто за забава и колку толку да се подобриме за маалски фудбал.
Има некој препорака? Не можам на интернет ништо да најдам.
Не знам на која возраст сте, али ако не сте младинци, најдобро да си најдете тим од пониска лига.
Аеродром има третолигаш, ФК Аеродром, ама и тие не се толку аматери. Имаат редовни тренинзи на пример, за разлика од други третолигашки екипи.
Тука е и Еуромилк од Горно Лисиче и они играат трета лига, тренираат во Горно Лисиче.

Единствена екипа во општинска лига од тој дел е ФК Победа од Долно Лисиче. За рекреативно, најдобро е таму да се обратите. Играат во општинска лига на Кисела Вода.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Неколку дечки од друштво сакаме да се запишеме во некој клуб за фудбал, во близина на Аеродром/Лисиче/Ново Лисиче.
Никакви сериозни цели, чисто за забава и колку толку да се подобриме за маалски фудбал.
Има некој препорака? Не можам на интернет ништо да најдам.
Види ФК Слободен, по социјални мрежи лесно ќе ги пронајдеш.
Мислам и дека тренираа на терени по Аеродром.
Примаат секого со две нозе и желба, мислам.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Види ФК Слободен, по социјални мрежи лесно ќе ги пронајдеш.
Мислам и дека тренираа на терени по Аеродром.
Примаат секого со две нозе и желба, мислам.
@Harry Potter игра таму, он може подетално да го информира.
Инаку, не играат во Аеродром, туку на Јурија во Усје. Не сум сигурен каде тренираат, ако воопшто тренираат :D
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
Тренинзите на Слободен есенва беа на Железара и на Јурија оти се чека дозвола од Муцунски за на Реонски Центар. не би знаел каде ќе бидат од пролет, се надевам во Аеродром, од каде и што е клубот.

сега зимава секако никои екипи од пониските лиги не тренираат. ама нека контактираат, ќе се почне од февруари.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom