Фудбалски вести

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Дапаче да се замијетити- дочекот на хрватските ногометаши во Загреб и прослава на освоениот бронзен медал на Светското Првенство:

https://www.youtube.com/watch?v=swJrUEwH79o

Со една од тие песни што ја пеат, Хрватска отиде на Евровизија. Ја да видам Македонија кога ќе ја претставуваат на Евровизија со патриотска песна, наместо денешниве бугараши и мизантропи.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Синиша Михајловиќ денес погребан на гробиштата во Рим. Неколку чудни работи кои не можеа а да не се забележат:
- присуство на високи официјални личности, а Миха е... бивш фудбалер и тренер, нема освоено светско првенство со репрезентација, неговото име за глобалната јавност е мистерија, точно е дека е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалската игра но тоа им е познато само на доста поупатени во фудбалот како и на навивачите на клубовите за кои Миха играше. На неговото опело високи полициски чинови. Сообраќајот низ Рим стопиран каде требало да помине погребната кола со ковчегот во кој почива Миха. Се работеше за простување од некого што значеше повеќе од фудбалер и тренер во Италија.
- погреб на ден Св. Никола... а православен погреб, го опеа православен поп.
- погреб во Рим а не во неговото родно Борово Насеље или на пр. во Белград, каде како играч го почна походот кон ѕвездите и незаборавната слава.
- освен соиграчи, тренери и клупски челници од италијанските клубови каде Миха играше или им беше тренер немаше никого од белградска Црвена Sвезда, со исклучок на неговиот следбеник, соиграч од Интер и ако не се лажам, кумашин Дејан Станковиќ кој во дадениов момент се најде во Италија како тренер на Сампдорија. Иако и Станковиќ и Миха се бивши Sвездини играчи, Дејан дојде на погребот без клупски обележја на Sвезда, само како член на семејството. На опелото на Миха врз неговиот ковчег ставаа дресови од Лацио и од Рома. Немаше никој да стави дрес од Sвезда. Повторно, знејќи дека во Sвезда Миха се вивна во ѕвездите и заработи култен статус. Иако Црвена Sвезда има отворено книга на жалост за Миха на стадинот “Рајко Митиќ“ во Белград, никого од тој клуб на погребот.
Многу, многу сакав да ја видам собрана старата гарда Sвездини шампиони како го носат ковчегот на нивниот соборец/соиграч Миха кон вечното почивалиште. Панчев, Белодедиќ, Биниќ, Просинечки, Стојановиќ, Савичевиќ на пр., со кои Миха го освои покривот на фудбалскиот свет. Наместо нив, го носеа Тоти, Манчини, Станковиќ...
Го фатија потоа Драган Стојковиќ-Пикси (за помладиов свет, сегашниот селектор на Србија и легенда на Црвена Sвезда) за интервју на погребот, меѓутоа колку паметам Пикси веќе го продадоа во Франција кога Миха потпиша за Sвезда.

Снимка од погребот на Миха
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.390
освен соиграчи, тренери и клупски челници од италијанските клубови каде Миха играше или им беше тренер немаше никого од белградска Црвена Sвезда, со исклучок на неговиот следбеник, соиграч од Интер и ако не се лажам, кумашин Дејан Станковиќ кој во дадениов момент се најде во Италија како тренер на Сампдорија. Иако и Станковиќ и Миха се бивши Sвездини играчи, Дејан дојде на погребот без клупски обележја на Sвезда, само како член на семејството. На опелото на Миха врз неговиот ковчег ставаа дресови од Лацио и од Рома. Немаше никој да стави дрес од Sвезда. Повторно, знејќи дека во Sвезда Миха се вивна во ѕвездите и заработи култен статус. Иако Црвена Sвезда има отворено книга на жалост за Миха на стадинот “Рајко Митиќ“ во Белград, никого од тој клуб на погребот.
Имаше делегација од ЦЗВ бе, претседателот на Ѕвезда заедно со Терзиќ беа присутни. Има и дрес од Ѕвезда на ковчегот истотака.
Од неговата генерација на играчи, Владимир Југовиќ истотака присуствуваше. Просинечки и Бобан испратиле венец од Хрватска. Од Партизановците, Славиша Јокановиќ, Бата Мирковиќ и Гордан Петриќ присуствуваа.
Тоти иначе вечерта после финалето у Катар пушташе сториња, сабајлето со Де Роси бил присутен на погребот.
Чиро Имобиле, Маурицио Сари, Сергеј од Лацио.

Манчини, Станковиќ и Атилио Ломбардо го носеа ковчегот ко што забележав на видеата.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.518
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763
Гледам Оксер-Монако и Eliesse Ben Seghir со 17 години штотуку постигна два гола за 45 минути.
Мислам дека штотуку пред моите очи го видов "раѓањето" на новиот Мбапе кој Монако за краток период ќе го продаде за вртоглава сума.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
Отиде и Пеле во легендите. Вечна слава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom