Објаснив поназад некоја страна
Значи според тебе Меси заслужува за календарска 2021 година само заради 1 добро првенство (Копа Америка) и 1 добра полусезона во Барселона со освоено Копа Дел Реј.
Почни од Жоржињо
Машина во Челзи, од кога дојде Тухел како тотален аутсајдер Челзи освои ЛШ - Најпрестижниот трофеј во клубскиот фудбал. И сама си свесна во каква конкуренција.
Европско Првенство
Жоржињо беше еден од најдобрите поединци кај Италија, одлично изиграно првенство. И на крај како јагода на шлагот Италија освои Европско на сред Вембли против Англија - Притоа не заборавај колкав Хајп имаше за Англија само и каков тим на хартија имаа, плус што ова им беше првото Финале после долги години.
Е сеа околу тежина секогаш ЕП > Копа. Едноставно Копа ти е трка помеѓу 2 коња кој се тука некаде со квалитет.
Од друга страна, оваа Аргентина е прејака. Види само каков состав имаат.
Левандовски,
Лева ти доминира низ Европа веќе 2 сезони. Годинава изгази братот. Еве бројки нема да ти споредувам, само ќе ти кажам вака,
Календарски, на клубски план и на индивидуален план Левандовски е подобар од Меси. Значи гледано календарски 2021ва година.
За репрезентации ептен е глупо да споредуваме.
Лева игра во Полска, тим со 3-4 полуиграчи и Левандовски што буквално ги носи на грб, заради кладилница ги имам неколку пати гледано, очај се, особено без Лева во тим.
Меси игра во Аргентина за споредба, пак ќе ти кажам, спореди ги тимовите само на Аргентина и Полска и потоа спореди ја конкуренцијата.
Или пак да влеземе со „глупи“ примери којшто според мене барем не би требало да освојат.
Киелини - Маестрално Европско Првенство и освоена титула, освоено Куп во Италија.
Барела - Освоено Европско Првенство и освона Серија А после 10 години со Интер, каде што веќе 2 цели сезони е главен везњак во тим.
Лаутаро Мартинез - Освоено Копа, освоена Серија А со Интер после 10 години.
Лукаку - Освоено Скудето и освоена награда најдобар играч во Серија А.
итн. итн.
Ме сфаќаш што сакам да ти кажам со споредбиве.
Меси има 1 голем трофеј освоено - КА.
Моментално над 10 играчи со 1 голем трофеј освоено можам да ти набројам, а во ниту еден случај не мислам дека тие играчи треба да земат Златна Топка за 2021ва година.
Меси од кога стигна во ПСЖ како да не постои на мапа. А тоа ти е пола календарска година скоро. Дур играчи како Левандовски буквално решетаат 2 календарски години по ред, едноставно се на високо ниво. Дел од нив ја немале таа среќа да освојат куп во шпанија и/или Копа со Аргентина каде што главна конкуренција ти е Бразил, којшто не е ко тој пред едно 15тина години. Ниту пак имале среќа да освојат некоја битна титула на клубски план.
Глупо е да лупаме 200 имиња и да пишуваме лектири, реално Левандовски и Жоржињо според мене требаше да бидат главни фавороти. Едниот пошто е буквално машина веќе со години, другиот пошто имаше предобра сезона и освои и ЛШ и ЕП со тимови кој што не беа фаворити во тие натпреварувања.
Аргентина беше фаворит за освојување на Копа уште пред да почне, Барселона беше топ 3 тим во Шпанија и беше фаворит за титула таа година, на крај само Куп освоија.
Тоа е таа разлика која што повеќето не сакаат да ја воочат.