Фудбалски вести

Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.656
Денеска Торес го одигра последниот професионален натпревар.

Играше дома неговата екипа, а противник му беше екипата на Иниеста, Давид Виља, Подолски... Висел Кобе (не стефан)

Утакмицата заврши со пораз за Торес од 1-6 :)

Торес во Саган Тосу одигра 34 лигашки мечеви а даде само 5 погодоци :)

Чисто за споредба колку јак скор е ова - Дарко Панчев, еден од најлошите трансфери на Интер во 19 лигашки меча постигна 3 гола.

И кога сме кај останативе "европејци" да им ја спомнам и нивната статистика во Ј1 лигата:

Давид Виља - 18 меча - 10 гола

Подолски - 47 меча - 12 гола

Иниеста (што не е напаѓач) 31 меч - 8 гола

И чисто пошто сакам статистика:

Лигашки погодоци на Торес.

Во првите 214 меча - 82 гола (сезоните во Атлетико Мадрид)

А во сезоните откако го направи трансферот во Челзи:

261 меч - 53 гола

Прегледај го приврзокот 215773

Со среќа пензија (y)

Не верувам дека би имал огромен успех како тренер, ама се надевам ќе пронајде нешто во што ќе го бива после кариерава.

Играчиште :cuc:
Го гледав, не можев да го пропуштам последниот натпревар на Ел Нињо.
Ова денеска беше чисто формално, за мене Фернандо се пензионира тука Бев во Мадрид тие денови, бев и на Нептуно кога ја славеа титулата ЛЕ, бев и на последниот тренинг со Атлетико и се разбира на Метрополитано кога го одигра последниот натпревар со Атлетико, од тоа шо го видов и осетив можам да кажам дека Торес е еден од најголемите кои заиграл во Ла Лига, икона на клубот, не постои човек шо не го почитува таму, старите го почитуваат, жените го обожаваат :) малите го идолизираат, едноставно легенда е човекот.
Кога гледаме наназад скоро и да имаше совршена кариера, освои се шо можеше да се освои, да не беа повредите можеше и статистички уште подобар да биди али и вака е добро, се изнаигра фудбал, Атлетико, Ливерпул, Челзи, Милан па и Саган Тосу, кај и да одел секаде бил миленик. Со ниту една црна дамка во животот, играчиште на терен а Господин надвор од него, секогаш близок со навивачите, на таа слава и пари е реткост тоа.
Слушнав дека ќе полага за тренер, нека му е со среќа ама мислам дека неговото место е во управата al palco шо би рекле Шпанците :)
Во Атлетико секогаш ќе има место за него, шо и да одлучи со неговата иднина, таму го чекаат со раширени раце секогаш.
Со среќа нека му е :love:
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Еден од најпреценетите напаѓачи ever.

*не губете време на јутјуб, да го барате голот против Барса во ЛШ, затоа што ќе испаднеа и без тој гол во последна минута :icon_mrgr:
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.310
Кариерата на Торес се дели на пред Челзи и со/по Челзи.
Пред Челзи се изнадава голови стекна статус на врвен напаѓач. Со/после Челзи не даваше голови, но освојуваше титули :D

Кога стигна во Челзи мислам дека 10-15 натпревари немаше постигнато гол и многу го реметеа.

По YT имаше и видеа "сите голови на Торес во Челзи" и 10 минути црна слика :D
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.656
Еден од најпреценетите напаѓачи ever.

*не губете време на јутјуб, да го барате голот против Барса во ЛШ, затоа што ќе испаднеа и без тој гол во последна минута :icon_mrgr:
А
Еден од најпреценетите напаѓачи ever.

*не губете време на јутјуб, да го барате голот против Барса во ЛШ, затоа што ќе испаднеа и без тој гол во последна минута :icon_mrgr:
Голот ? :ROFLMAO: Да е еден против Барса лесно прајме ама вака ќе ни одземи повеќе време на Јутјуб ако ги бараме сите 11 гола, нејсе ги има сите во едно видео, држ :P
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.897
Поени од реакции
84.269
Еден од најпреценетите напаѓачи ever.

*не губете време на јутјуб, да го барате голот против Барса во ЛШ, затоа што ќе испаднеа и без тој гол во последна минута :icon_mrgr:
Златна копачка на ЕП, Златна копачка на куп на конфедерации

Точно 200 дадени голови во лигашки натпреварувања.

Освоено ЛШ, ЕП, СП.

Трет најдобар стрелец за репрезентација на Шпанија.

109 погодоци во Ла Лига, 85 во Премиер Лига.

Со оглед на тоа што го паметат многумина како играч што е флоп и утињал зицери..

Може слободно да се каже дека е еден од најпотценетите.

На прсти се бројат луѓе што имаат освоено и ЛШ и ЕП и СП. Ама ајде, тоа не е битно.

Не постојат многу играчи што имаат дадено 100+ гола во ЕПЛ и 80+ во Ла Лига. (или обратно, како и да е )

Играч што растура и за екипа и за репрезентација и има освоено се и сешто... а притоа има дадено 200 гола... у ниту еден универзум не може да биде сметан за преценет.
 
Остај го, се гледа дека не провоцира нас торес фанс :)
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Играч со пола кариера во заборав, нешто налик Милер, Роналдињо, Бекам.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.656
Играч со пола кариера во заборав, нешто налик Милер, Роналдињо, Бекам.
Немој со Милер да не дојди еден лик тука да ни извади статистика и споредби да падни форумот во секунда :)
Автоматски споено мислење:

Не си прајте филмој бе, факт е дека последниве години Торес не беше ни бледа сенка од порано, уствари имаше и некои блесоци и во Челзи и во Атлетико, ( кога се врати) даде битни гола и во двете екипи, не е дека до толку бил лош, ама да речиш дека бил преценет, пффф, нема смисла муабетот, бројките и титулите говорат за неговата кариера не мора ние од кајгана да судиме ништо.
Во Атлетико беше одличен, на 19 години капитен пред Габи и Симеоне. Кога клубот минуваше низ најтежок период успеа да ги однеси во Примера, оган од играч беше во Атлетико, не за џабе го бараа Барса и Реал тоа време.
Потпиша за Ливерпул и мислам дека таму го достигна врвот, еден од најдобрите напаѓачи во тоа време, Челзи и Јунајтед ден денес имаат кошмари од него :)
Ама повредите си го зедоја својот данок, потпиша за Челзи и знаеме шо се случи понатаму.
Иако мислам дека и не беше лош потегот, бараше титули а во Челзи тоа го оствари.
Кај Торес проблемот покрај повредите беше и кај неговата глава, пропадна психички во Челзи а медиумите го докусурија.

Како и да е респектабилна кариера има и срамота е да му се деградира успехот на таков играч.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не е ни преценет ни потценет Торес. Ќе се паметат и добрите години а ќе се памети и дека кариерата одеднаш му отиде надоле. Во Атлетико и Ливерпул беше гром играч, во Челзи пропадна како кауч, па нормално е нивните навивачи да го сметаат за флоп. Сепак има бројки за респект и беше дел од најдобрата генерација на Шпанија, така да сигурно ќе остане запаметен. За фановите на Атлетико и Шпанија секогаш ќе биде легенда.
 
Точно така, Торес не само шо беше дел од таа генерација која освои се и сешто туку и придонесе многу за тие титули. Не многумина тука се запознаени дека Торес на свој ризик го изигра светското првенство со повреда, тој ризик можеше да го кошта многу а и го кошташе до некаде.
Играч кој има изиграно над 100 натпревари со репрезентација и е втор најдобар стрелец зад Давид Виља.
Играч кој има освоено свашта во кариерата и на клубско и на национално ниво, и притоа има придонесено за истите трофеи, постигнувајќи клучни гола, едноставно не можи да е преценет.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не беше флоп во Челзи.
Тој дојде во Челзи како еден од најдобрите напаѓачи во светот така да очекувањата од него сигурно беа десеткратно поголеми од тоа што го одигра. Така да за играч од тој калибар јас би рекол дека беше флоп. Е сега ти како навивач на Челзи секако може имаш друго мислење. Освои ЛШ со вас ама освен голот против Барса (без кој секако ќе поминевте) не се сеќавам да имаше нешто поголем придонес во таа титула.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Како не бил флоп во Челзи, сем голот против Барселона ништо поконкретно не направи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom