Челзи стана првата екипа пласирана за последното Светско Клупско Првенство по овој систем што го знаеме.
Од следната сезона, освојување на ова натпреварување ќе биде ептен потешко. Планот е СКП да се игра во лето со 24 екипи од кои 8 од УЕФА зоната.
Ќе има 8 групи со 3 екипи, а победниците од секоја група ќе одат во 1/4 финале и така се по ред.
Требаше ова лето да се игра по овој принцип ама ете, КОВИД заеба(/помогна) работа
Последен пат кога ФИФА експериментираше со концептов пред сегашниот беше во 2001 каде имаше 12 екипи - три од УЕФА (Реал Мадрид, Галатасарај и Депортиво Ла Коруња)
На крај тој турнир беше одложен.
Пред тоа, се играше играше Интерконтиненталниот куп меѓу победникот од Јужна Америка и Европа. Ова траеше од 1980 до 2004 (со смена во 2000, 2001 не се играше како што реков новиот принцип, и пар останати дешавки низ годините here and there)
Светското Клупско Првенство како концепт започна во 2005, а имаше и неколку промени во истиот.
Оваа година СКП ќе се игра во Јапонија, а се очекува да се случи турниров во Декември, освен ако пак не излезат некои срања.
Во 2022 би требало новиот турнир да се игра во Кина, ама отом потом.
Стандардно оваа година:
Во 1/2 финале ќе играат:
Челзи и победникот од Копа Либертадорес
Во 1/4 финале ќе играт победниците од ЛШ на Азија, Африка и КОНКАКАФ
А во првата рунда ќе играат победниците од Океанија и Јапонската прва лига (како домаќини....ако победник во Азијската ЛШ е од Јапонија тогаш местото наменето за домаќинот ќе оди за поразениот во финалето на Азијската ЛШ)