Улсан се новите шампиони во АФЦ откако ги победија Персеполис 2-1 во финалето
Тигрес се новите шампиони во КОНКАКАФ откако ги победија ЛА 2-1 во финалето
Сите голови паднаа во второ полувреме и Тигрес направија пресврт. Жињак (еден од најпотценетите играчи заедно со Џовинко, on an unrelated note) го даде решавачкиот гол.
Мусовски го стартуваше мечот и беше заменет на полувреме, ако не се лажам ова е прв пат после Пандев со Интер да видиме македонски репрезентативец (технички е, само не доби дозвола на време поради коронава) во финале на ЛШ
Полека се оформува и Светското Клупско Првенство кое треба да се стартува догодина во Февруари.
Останува уште да се пронајде шампионот во КОМНЕБОЛ т.е. Јужна Америка каде до сега знаеме дека ќе има две аргентинско-бразлиски полуфиналиња
Ривер Плата ќе игра против Палмеирас, а Сантос ќе игра против подобриот од Расинг-Бока Јуниорс
Постои пак реална шанса Ривер-Бока финале
Финалето таму ќе се игра на 30 Јануари на Маракана во Бразил, а само една недела подоцна на 7 или 8 Февруари, победникот ќе игра на Светското Клупско Првенство
За потсетување ова се сите патници на СКП до сега:
Баерн Минхен - УЕФА
Ал Ахли - ЦАФ
Улсан - АФЦ
Тигрес - КОНКАКАФ
Оукленд Сити - ОФЦ
Ал Духаил - Домаќини, шампиони на Катар