Фудбалски вести

Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.005
Ова беше уствари насловот на статијата. :pos: Ја се журкав, ама они повеќе.

Јас ја силував, ама они повеќе. :facepalm:

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Следна одбрана треба да му биде "Не се смета за силување ако не свршиш!"
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
коgа излезат со некои банални статистики за некој играч....
као у стилот, имал највише успешни изведувања на аут проследено со ... more than any other player in the top-5 European Leagues.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Срамна држава!

МТВ: Спортклуб нѐ прегази, понуди двојно повеќе од сите телевизии од СФРЈ – заедно!

Квалификациските средби на Македонија за пласман на ЕП 2020 и СП 2022 како и дуелите на „рисовите“ од новоформираната Лига на нации (2018 -2021) за првпат во историјата нема да бидат пренесувани во домашна телевизија со национална концесија, што е резултат на глобализацијата во овој бизнис и појавата на регионални играчи кои имаат – многу пари.

ИГОР КРСТЕВСКИ

Добитник на ТВ-правата за средбите на македонската селекција, но и на националните тимови на сите други држави произлезени од поранешна СФР Југославија е спортската телевизија Спортклуб. За ова, таа, неофицијално, платила двојно повеќе од тоа што понудиле заинтересираните од Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и од Словенија – заедно.

Учествувавме на тендерот на УЕФА на кој загубивме исто како и кандидатите од сите останати јавни сервиси од просторот на СФРЈ. Спортклуб едноставно нѐ прегази, понуди сума која беше недостижна за сите нас. Ова е само продолжување на трендот за отсуство на спортските настани од неспортските телевизии, нешто што веќе подолг период е присутно во клупскиот фудбал“, ни изјави Тони Стојановски, новинар од спортската редакција во МТВ.

Поголем проблем од тоа што странец ги доби правата за пренос на нашата национална гордост е фактот што тоа најверојатно води кон следење на овие натпревари со коментар на српски односно хрватски јазик. Спортклуб иако долги години се реемитува во нашата држава, сѐ уште не е обврзан својата програма да ја продуцира на македонски јазик, нешто пред што државата повеќе пати има замижано.

Ние како спортски новинари повеќе пати сме го актуелизирале овој проблем, но тоа секогаш завршувало се префрлања од типот дека сме барале 'леб преку погача“ односно дена сме го збореле тоа само за да си најдеме некои 'тезги'. Нашите барања беа и се многу едноставни – Спортклуб и Арена да емитуваат на македонски јазик. Во тој случај воопшто не би било страшно ако некој од нив ги купи правата за наша репрезентација. Државата требаше и треба да каже: Повелете, емитирајте во Македонија, но на јазикот на оваа држава. Но, како и сѐ друго и оваа регулатива доцни. Но, ова со фудбалскиот национален тим ќе биде капак на сѐ ако мајсториите на Пандев, Елмас, Барди, Алиоски и останатите бисери се следат со коментар на туѓ јазик“, дополнува Стојановски.

Ова, сепак, не е дефинитивен крај на надежите дека средбите на Македонија ќе бидат следени и од тие што немаат кабелска телевизија односно не се претплатени на Спортклуб.

Оставам простор дека во следниот период може да се дојде до интерен договор со носителот на правата да ја пренесе можноста за директен пренос за просторот на нашата држава. Тие ќе мора да најдат начин во исто време да продуцираат сигнал од средбите на сите селекции од поранешна СФРЈ што воопшто не е мала работа, што ни дава надеж дека може да влезе во таа игра и да добиеме можност да им овозможиме на нашите гледачи преку нашата фрекфенција да ги следат мајсториите на македонските фудбалски репрезентативци. Но, тоа засега е сѐ во доменот што би било кога би било“, завршува нашиот соговорник од МТВ.

Во минатото квалификациските средби на фудбалската репрезентација биле пренесувани на МТВ, но и на други ТВ-куќи со национална концесија како поранешна А1 и Сител.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.794
Поени од реакции
15.819
Ако не отворат студио во Скопје(како што е пример во Загреб), или не „вработат“ коментатори од кај нас (немаме.. или хонорарно овие од МРТ да коментираат кај нив, други и нема), sport klub најверојатно ќе им понудат на МТВ или некоја друга приватна наша телевизија нашите утакмици да ги пренесуваат, со тоа што ќе мора овие убаво да платат за да го добијат тоа.

Може и посебна тема да се отвори за оваа тематика, или мислењата да се префрлат во оваа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom