Викаат дека е возможно да се формира Европска лига. Реал и Барселона се ЗА. Нормално, сите лиги се против. Мене лично ич не ми се допаѓа оваа идеја. Веќе има ЛШ, а од 2018/19 со по четири екипи од Италија, Германија, Шпанија и Англија(што исто не ми се допаѓа).
Мое мислење е дека ќе се загуби шмекот на фудбалот но, парите го вртат светот, моментално ТВ-правата од ЛШ вредат 1.5 милјарди евра, додека од НФЛ 7 милијарди. Од друга страна од 2 милијарди спортски фанови 1.6 милијарди гледаат фудбал, а само 150 милиони американски фудбал.
Исто така тука е и Кина, која доколку продолжи со вртоглавите трансфери ќе почне да им краде се подобри и подобри играчи на европските гиганти.