По турската федерација и Галатасарај го избриша Хакан Шукур од историјата
Турскиот фудбалски сојуз ги отстранил сите документи поврзани со поранешниот фудбалски репрезентативец Хакан Шукур, за кого е распишана потерница и е издаден налог за апсење.
Oтстранети се сите фотографии на Шукур во фудбалската федерација и комплекстот за тренинг. Во музејот исто така нема повеќе нема фотографии од познатиот турски фудбалер.
Поранешниот турски фудбалер во налогот за апсење се товари за „членство во вооружена терористичка организација“. Шукур ја напуштил Турција минатата година, а за време на фудбалската кариера играше во Турција, Италија и Англија.
Галатасарај, за кој Шукур одигра 392 натпревари и постигна 228 голови, покрена постапка за остранување на податоците за Шукур од клубот.
Сорс - Gol.mk
Е ова ме изненади.. од каде каде.. легенда на Турскиот фудбал... го избришале.. терористичка организација ? Уат да фак... не ми се верува ама ич.. има некој повеќе детали околу оваа сторија ?