Некои од поинтересните нови правила во фудбалот
Пенал: Во иднина ќе биде казнет со жолт картон фудбалерот кој кога изведува пенал, при залетот целосно ќе застане за да го наведе голманот предвреме да скокне кон еден агол – како што тоа често го прави Лионел Меси од Барселона. Покрај тоа, играта ќе продолжи со слободен удар за противничкиот тим.
Ова никогаш нема да се случи, џабе го донеле
Тројно казнување: При фаул или играње со рака во казнениот простор досега на играчот му беше покажуван црвен картон – со тоа и исклучуван од натпреварот и му следува принудна пауза на наредниот, а неговиот тим беше казнуван со пенал. Во иднина судијата ќе има поголем маневарски простор: тој ќе мора да даде црвен картон само ако постои недвосмислена намера кај играчот што прави фаул; ако тој се обидувал да ја погоди топката (одел на топката, а не на противничкиот играч), доволен е и само жолт картон.
Ова дефинитивно фалеше. Ептен се осакатува тимот чиј играч направил старт за пенал.
Долго време беше во мода зад одбранбениот жив ѕид да се прави и ѕид од играчи на тимот што напаѓа, за да му се попречи видикот на голманот. Сега веќе тоа не е дозволено.
Ептен без врска измена.
Ако лекарите успеат да го оспособат повредениот играч на самиот терен во рок од 20 секунди, тој не ќе мора да излезе од теренот, туку смее директно да продолжи да игра. Досега, независно од должината на укажувањето помош, повредениот играч мораше да го напушти теренот и смееше да се врати во игра само откако ќе му се јави на судијата.
извор:
http://www.dw.com/mk/95-нови-правила-во-фудбалот/a-19297091