Фудбалските стадиони во Македонија

Толку од Градски, му треба обнова, или пак нов стадион?


  • Вкупно гласачи
    100
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
Кочани има добар стадион.. 8.000 собира да се стават столчиња може ке се намали капацитетот ама сепак ке добие на лик и стандарди... и исто покрив фали на источната трибина.. има Паркинг за доволен број на коли.
Стадионот во поттрибинскиот простор има Ресторан, Хотел, Деловни простории, 4 Соблекувални, Канцеларии...

Теренот во моментот е добар му треба само редовно валирање и косење а не само пред натпревар...




 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.552
Поени од реакции
840
Стадионот у Тетово може да се напрае топ, ако се има памет и пари.
Прво треба да се тргнат тие сервисерите, кафанчињата и пералните што се под стадионот, после да се среди просторот околу стадионот. На пример, да се напрае паркинг кај што е тревата. После, може да се покрие и прошири трибината, карши главната (северна или источна, појма неам), да се стават нови столчиња. Нормално, треба да се смени и тревата. Не е сменета откога е поставена, таму негде 81/82. Обавезно мора да се напрае и еден прес-центар и да се средат соблекувалните. И на крај, рефлектори. Стадионот би изгледал одлично тогаш.

Ама, како што течат работиве, стадионот нема да се среди у блиска иднина, затоа што на никого не му е гајле за тоа :(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: B92

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Кочанскиот е добар тревникот,али подтрибинските простории и соблекувалните се за никаде. Искрено да правиме муабет му треба средување и тоа како. :)
 

B92

Член од
14 октомври 2011
Мислења
331
Поени од реакции
129
Градскиот Стадион во Тетово после натпреварот ШКЕНДИЈА-МЕТАЛУРГ ( лани )

 
П

Паспарту

Гостин
Овој стадионов во Тетово е права руина, исто како бугарите да го заборавиле кога бегале од државава... На се личи само на стадион не!
 

B92

Член од
14 октомври 2011
Мислења
331
Поени од реакции
129
Овој стадионов во Тетово е права руина, исто како бугарите да го заборавиле кога бегале од државава... На се личи само на стадион не!
До некаде имаш право !

Во тој стадион цели 3 години немаме ПОРАЗ , и ГАЗИМЕ се ( а и твојот Вардар лесно паднаше во нашето кале ( 3-1 , 2-0 ,,, лани ) :)
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.018
Поени од реакции
2.053
До некаде имаш право !

Во тој стадион цели 3 години немаме ПОРАЗ , и ГАЗИМЕ се ( а и твојот Вардар лесно паднаше во нашето кале ( 3-1 , 2-0 ,,, лани ) :)
Немате пораз? oд тетекс?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Арената „Филип Втори“ прогласена за најубав стадион на Балканот! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

11
ФЕВ 2012
00:00

Националната арена „Филип Втори“ доби големо признание од најпрестижниот европски спортски магазин „Гуерин спортиво“, кој во својот избор на стоте најубави стадиони на светот, ја прогласи за најубав стадион на Балканот.


Популарниот „Градски“, според списанието, најубаво сјае во Југоисточна Европа, откако во изминатите три години доби комплетно нов лик и заличи на вистински репрезентативен фудбалски и спортски храм во земјава и во регионот. За своето архитектонско решение според магазинот, „Филип Втори“ е на 70. место на светската листа на најубави фудбалски објекти.
„Нема никаква врска со оригиналната верзија, особено сега, откако реновирањето и доградбата се завршени. Дури и во мали земји може да добиете луксуз. Во вечерните часови, кога ќе се запали, „Филип Втори“ е најзабележливо здание во Скопје“, пишува во објаснувањето на магазинот за нашата национална арена.
„Филип Втори“ во рангирањето остави дел од попознатите стадиони зад себе, како домовите на европските бивши шампиони, „Велодром“ (Олимпик Марсеј), „Жозе Алваладе“ (Бенфика) и белградска „Маракана“ (Црвена Звезда), потоа „Луј втори“ во Монте Карло, каде што традиционално се игра Суперкупот на Европа, како и најголемиот и најимпозантен светски стадион – во Пјонгјанг, кој има капацитет од 150.000 гледачи.
Два турски стадиони се најдоа на рангирањето – иако поголем дел од Турција е на друг континент, географски таа се смета за балканска држава. Но, со оглед дека и двата стадиони се сместени во азискиот дел од Турција, му даваат највисоко место на „Филип Втори“ во нашиот регион. Стадионот во Кајзери, „Кадир хас сити“ е на 38. место, а „Шукру Сарачоглу“ на Фенербахче е 49-ти. Изненадувачки е фактот што на рангирањето го нема сплитски „Пољуд“, домот на Хајдук, кој важеше за најубав југословенски стадион низ годините.

Арената Филип Втори моментно го реконструира теренот, со што ќе заврши втората фаза од комплетната реконструкција, која почна некаде пред крајот на 2007 година со изградбата на северната трибина. По спектаклот за 100-годишнината од фудбалот во Македонија против Шпанија на 12 август 2009 година, кога беше и пуштена во употреба северната трибина, започна изградбата на страничните трибини на Арената. Комплетниот лик на Арената беше заокружен и пуштен во употреба на Велигден 2011 година, а првиот меч се одигра пред преполни трибини на 4 јуни лани со мечот Македонија – Република Ирска во рамките од квалификациите за Евро 2012. Крајната трета фаза е осветлувањето на стадионот и застаклувањето однадвор, со што Филип Втори ќе го потврди признанието на Гуерин спортиво дека е еден од најубавите стадиони во Југоисточна Европа.
Италијанскиот магазин, кој на 4 јануари годинава прослави сто години постоење, нема некој посебен критериум за рангирањето на стадионите во својот избор, туку во објаснувањето стои дека секој стадион е рангиран според некој посебен критериум, и тоа: според спомените и историјата, архитектурата, привлечноста или според прифатливоста за удобноста од навивачите… На листата има и стадиони што веќе не постојат, односно се урнати, но носталгијата и емоциите од минатото се неповратни, па и затоа се нашле во рангирањето, пред сè како стариот Вембли, Олимпискиот стадион во Минхен…
Најубав светски стадион е лондонскиот „Вембли“, чија вредност беше над една милијарда евра, а во топ десетте се и Бомбоњера на Бока јуниорс, Ацтека во Мексико, стариот Вембли, Маракана во Рио де Жанеиро, стадионот на Далас Каубојс, Монументал во Буенос Аирес, Сан Сиро во Милано, Ноу Камп во Барселона и Алијанц Арена во Минхен.
Најубавите десет фудбалски храмови погледнете ги во фотогалеријата.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Започнаа работите на стадионот
„Никола Мантов“ во Кочани
Валирањето на теренот е веќе завршено, а се очекува набргу да бидат заменети старите стативи со нови, согласно пропозициите досегашните железни стативи ќе бидат заменети со нови изработени од алуминиум.
Реновирањето на стадионот опфаќа замена на сите прозорци и врати, како и уредување по сите критериуми на соблекувалните за играчите и соблекувалната на судиите, уредувањето на туш кабините, санитарниот чвор и опремување на просторија за допинг контрола.
Сето ова навреме ќе биде завршено и стадионот „Никола Мантов“ во Кочани конечно ќе биде оспособен за одигрување на меѓународни натпревари.
Со реновираниот стадион и соблекувалните, со добивање на лиценца за одигрување на меѓународни натрпевари ќе бидат причина повеќе Кочани, да ги добие организациите на натпреварите помеѓу женските репрезентации на Македонија и на Шпанија кој треба да се одигра кон средината на месец Април, и натпреварот Македонија- Италија кој ќе биде на 8 Мај.
13759_200144540059_5994979_n.jpg
 
Член од
10 април 2015
Мислења
257
Поени од реакции
164
prilep_delcev.jpg
Jug:
100.jpg
Sever:
4950-nov-izgled-na-fudbalskiot-teren-na-gradskiot-stadion-goce-delcev-960x600-7.jpg
Zapad:
2011_08_14_Prilep_Euromilk_26.jpg

Prilep zasluzuva sovremen stadion od 12 do 15 000 sedista bidejki e najfudbalski grad, narodot e bolen za fudbal. Vo treta liga ponekogas ima nad 3 000 gledaci! Pr. Pobeda-Vardar Negotino pred okolu mesec 4 000 gledaci!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Вратени во функција рефлекторите во Струмица.

Беласица - Академија Пандев 0:0
 

Kajgana Shop

На врв Bottom