Фудбалската инфраструктура во Македонија

Член од
27 октомври 2018
Мислења
2
Поени од реакции
3
Вашето мислење за инфраструктурата во футбалот.
Што мислите за стадионите?
Дали се доволни овие услови?
Условите за младите?
Медиумите во стадионите?
Кој се главните фактори за инфраструктурата?
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.476
Поени од реакции
16.088
Имам едно непопуларно мислење за сите стадиони, освен за националната арена Филип Втори. На се личат, само на стадиони не. Па во една Африка имаат помодерни стадиони за разлика од овдешнине ниви кои ги нарекуваат стадиони...
 
Ф

Флеш

Гостин
Најголема грешка воопшто, е што не се користи исклучиво само вештачка трева или барем мих во Македонија,како во Скандинавија,Русија итн ... .... Најскап е теренот ако се земе сметка ..... Трибини,соблекувални,тоа еднаш на 10/20/30 години одржаваш .... Ама теренот бара постојано нега на годишно ниво . Најголем лош потег на Илчо и Ффм беа природните терени со трева.Одма пропаднаа .Иста цена со вештачки терен беа,можда поефтино нијанса е,ама многу долг има и не треба одржавање . Имаме јаки лета до +40с,имаме зими до -30с.Терените со природна се или изгорени,поплавени. Вештачката е многу отпорна.Овој муабет пуно го имам зборувано. Клубовите немаат пари,лоша организација ..... Треба тотално подобра логистика на функционирање,менталитет во Македонија . Имаш во Македонија,2 клуба со милионски буџет,а аматерска организација . Морало да се фура големи плати на играчи на почеток . Прво финансиски води . Вардар плаќа високи пенали,промашени играчи .Премести се во Маџари на својот тренинг комплекс и играј таму,земи младинци,оформи скаут служба,ВАРДАР ГО НЕМА ОВА ! Зборував со еден во Вардар,се играчи преку препорака :confused: Или поврзи се со странски клуб.Шалке ?!Динамо?!
Шкендија...... Искриве се фалат со свој стадион,а ни пара вложено ... Ффм спонзоруша .... Ни академија ни комплекс.Важно се пимплаат со Хамерите наредени .Вардар во овој сегмент е подобар.Има комплекс,академија. Ама тотални лузери во know-how фудбал бизнисот ....
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.804
Поени од реакции
15.878
Филип 2 (национален) стадион доволен за репрезентација и нејзини утакмици, терените на ффм се океј за припреми за пред квалификации.
10 стадиони (Тетово, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип, Велес, Охрид, па еве и Куманово, макар што нема фудбал) од просек по пет илјади гледачи, убаво средени трибини и други работи, по можност пола да се со вештачка трева, прибидејќи пауза во првенство имаме најголема од сите можни лиги во светот..

Помошни терени за тренинг на млади екипи.

Моментално со ова што го имаме, а повеќе немаме од што имаме, добро е и што излегува по некој фудбалер добар што може да игра на страна во некој клуб.

Сето ова што го набројав може да го погледнат како се работи во Унгарија, цела стратегија имаат за спорт, посебно за фудбал и пливање моментално. На големо се градат стадиони и базени..


 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.054
Поени од реакции
4.025
Јас не знам зошто имаме толкава пауза, а се случува да имаат екипиве во 20 дена 7 утакмици. Место да имаат таков напор може да се намали паузата и да играат нормално на една недела.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
Јас не знам зошто имаме толкава пауза, а се случува да имаат екипиве во 20 дена 7 утакмици. Место да имаат таков напор може да се намали паузата и да играат нормално на една недела.
големата пауза е заради временските неприлики. остра ни е зимата, мразови и минусни температури. само ради тоа.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Веројатно меѓу најлошите во Европа, ако не и најлоша, со Косово и слични.
Не е нешто подобро ниту во останатите екс-Ју држави, една Хрватска нема стадион, Словенија има пар малечки стадиончиња, насекаде е мизерија само што кај нас е мизерија од најниско до највисоко ниво, каде би тренирале да кажеме млади таленти во некое место како Кичево или Крива Паланка? На ливада, со аут линии обележани со пилевина и крпењача-топка.
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
А и тревата на Филип Втори е како на нива. Последната утакмица со тие отепаните што игравме, Лихтенштајн мислам беа, едвај се тркалаше топката. После пуштија демек прскалки измеѓу полувремиња, па се отепаа од лизгање и нашите и нивните, среќа што не се повреди некој.
Тоа ти е македонска работа, фрлија грдна пара за Север, Запад и Исток, за на крајот најосновното да го забаталат.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Додека во Прилеп и Битола скапуваат стадионите, важно ќе се реновира во Скопје.
https://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/ganiu-stadionot-na-shkupi-za-brzo-vreme-dobiva-nova-tribina-foto
ФФМафија!!
Се дур не почниме да блокираме вака ќе ни прават.
Не се тие во надлежност на соодветната локална управа?
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Додека во Прилеп и Битола скапуваат стадионите, важно ќе се реновира во Скопје.
https://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/ganiu-stadionot-na-shkupi-za-brzo-vreme-dobiva-nova-tribina-foto
ФФМафија!!
Се дур не почниме да блокираме вака ќе ни прават.
Каква ФФМ Мафија бе..државата ни страда од криминалци и локални бандити..тоа е најголем проблем..ФФМ колку што има вложено во стадионите толку самата држава нема направено за стадионите сите 27 години..што да прават ФФМ кога стадионите се во надлежност на општините кои се полни со арамии?..едноставно е..му префрлаат пари да се изгради односно да се направи нешто,овие општините со триста малверзации ги крадат парите преку приватни фирми на некој нивни чоек..и се се заташкува како ништо да не било без никаква одговорност.....ти лично да си претседател на ФФМ си немоќен и ништо нема да можиш да направиш кога не е нешто во твоја сопственост..видоа не видоа неможат да се разберат со Битола(100 пати) и Прилеп па нормално дека ќе ги вложат парите на други места каде би имале некаков позитивен импакт на долгорочен план..реално и повеќе му се исплаќа да ги направат стадионите во Скопје отколку да се пентерат по провинциите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom