Француска лига 1 - Ligue 1 2021/22

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.356
Поени од реакции
3.130
З'ш француското е најдобро...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.505
Поени од реакции
62.325
Каква утакмица Лион - Лил. Лил со победава се враќа на прво место пред ПСЖ, на Лион им требаше да победат во трката за ЛШ.

Лион водеше 2-0. 2-3 за Лил. Ако Лил им го земат првенството на ПСЖ, :cuc:

Хосе Фонте од Саутемптон главен во одбраната на Лил.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
15.132
Поени од реакции
16.640
Каква утакмица Лион - Лил. Лил со победава се враќа на прво место пред ПСЖ, на Лион им требаше да победат во трката за ЛШ.

Лион водеше 2-0. 2-3 за Лил. Ако Лил им го земат првенството на ПСЖ, :cuc:

Хосе Фонте од Саутемптон главен во одбраната на Лил.
И Бурак Јилмаз главен коловоџа напред :oleee:
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.240
Поени од реакции
22.438
И Бурак Јилмаз главен коловоџа напред :oleee:
Не само Бурак и останатите играчи им се паметно бирани млади и потенцијални таленти како Пепе и Осимхен (убаво ги заклаа Арсенал и Наполи). Кај овој е исклучокот што е на крај на кариера па може да им послужи како водач на новите генерации напаѓачи.
Иначе и Јусф Јазиџи и Зеки Челик покрај Бурак се селктирани за репрезентацијата на Турција, Брадариќ за Хрватска, Карнезис за Грција, Санчез можеби за Португалија и можеби Давид и Веа за Канада и САД.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.597
Поени од реакции
7.177
Каква луда утакмица Монако-Олимпик Лион.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.132
Поени од реакции
16.640
Аууу утакмичиште, како само успеаа Лион со црвен два пати да дојдат до водство тие си знаат. Оваа сезона лигата е лудница,свашта се дешава. Монако со победа ќе беа и тие во трка за титула, Лион им пресуди.
Депај :cuc:Како ги измеша за голот алал вера.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Монако ќе имаа шанса за титула некаква со чудо ако победеа..ама тоа е..
Лил и Лион ќе се борат до крај.

Распоред:

ПСЖ:
(4 мај: гостување против Сити)
9 мај: Дома со Рен (7 место, во борба за Конференциска лига)
12 мај: На гости против Монпеље - 1/2 финале во францускиот Куп
16 мај: Дома со Рем (11 место, нема за што да играат)
(19 мај: датум за финале во купот ако се пласираат)
23 мај - на гости со Брест (14 место, нема за што да играат)

Значи, едиствен противник на ПСЖ е заморот, инаку апсолутни фаворити се во сите мечеви (освен со Сити)
Ќе играат по два меча неделно, тоа е единствена шанса за кикс..

од друга страна:

Лил:
на гости со Ленс (5 место, во борба за Конференциска лига)
дома со Сент Етјен (12 место, нема за што да играат)
гости со Ангер (ваљда во тој меч ќе бидат сигурно останати во лига и ќе нема за што да играат)

Не е се така црно за Лил, ама ќе треба да се испотат, башка притисокот е тука, на нивна страна..
Ама нема ни прв битен меч да е тоа.
Со Монпеље извадија некако реми..
И пред се..ги тепаа Лион на гости во напнат меч

Така да, веќе поминаа напет период, сега до крај секоја недела со сите сили можат да одат.

И ова ќе го кажам на крај ако се случи чудо ама..

За целосен срам е тоа што Покетино е второ место на три кола во француска лига.
Мурињо до сега ќе имаше 32 победи од 1-0 и 2-0 и три 0-0 ремиња.
Автоматски споено мислење:

Аууу 8 порази имаат ПСЖ до сега!!

ОСУМ ПОРАЗИ!!!!

ПСЖ со доминација почнаа од 2012/13 сезоната и од тогаш само Монако им ја прекина серијата.

Еве до сега како е:

2012/13: 5 порази
2013/14: 3 порази
2014/15: 3 порази
2015/16: 2 порази
2016/17: 5 порази......................во сезона кога Монако ја освои титулата
2017/18: 3 порази
2018/19: 5 порази
2019/20: 3 порази
2020/21: 8 порази...до сега

Треба на ФМ да направат "Покетино ачивмент" играј со најдобри играчи и стигни до 8 порази во лига со ПСЖ, мислам дека е невозможно.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Не се негови овие 8 порази.
:facepalm:

Нема везе, мала грешка, се дешава, мозокот ми е хаос, велигден ова она хехе

Еве сеа видов 4-4 се поделени поразиве
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
На Лил ова им е последна шанса за титула во наредни 10-15 години со оглед дека имаат ново раководство што не се нафташи, а богами им го нема главниот архитект - Луис Кампос. Да не спомнувам дека летоска одат играчите на распродажба заради политика + стари долгови.
Дојден е моментот, maintenant ou jamais! Allez Lille! :uzi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom