Фото натпревар #181 Зајдисонце

Член од
15 јануари 2011
Мислења
3.175
Поени од реакции
5.915
Дозволата од @коцка за нова тема ја имам, а таа и повеќе од јасна.
Сите имаме фотнато по некое зајдисонце и сите имаме можност деновиве бидејќи времето е супер, а и зајдисонцата одлични.
Сакав да биде темата храна, но реално мислам дека нема да видиме нешто специјално, а тема зајдисонце како што можев да видам одамна немало, извртев доволно страни и не најдов.
Се пријавувам со фотка од Охрид кон крајот на минатиот месец, имам многу зајдисонца, но од скоро оваа ми е една од омилените.
IMG_20200913_103744.jpg
На дива плажа, ме примети рибаров дека сликам и ми вика да не ти сметам, да се тргнам.
Му викам немај гајле уживај ти само, отидов да му ги покажам сликите, кога ги виде моментот беше priceless :ROFLMAO: пристар човек шо по реакцијата не му се веруваше дека баш него некој може да му направи ваква фотка...
Остави одма трска и ме замоли да му ја пратам да ја кажувал на деца и внуци..
Ќејфови и он и јас :love:
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
4.930
Поени од реакции
8.766
Туристичка атракција во Задар за следење на зајдисонце.
Овие се полнат на сонце преку ден и навечер светат.
Ааааааа!!!! Вака е навечер???? Бев преку ден таму па не го видов ноќе :)
 
На врв Bottom