Фото натпревар #173 Мостови ГЛАСАЊЕ

мост...


  • Вкупно гласачи
    43
  • Гласањето е завршено на .

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.551
се потрудив да ве анализирам по мостовите што сте ги пратиле, ама решив да не ви ги кажувам вака јавно слабостите, па секој член си доби порака :P

Гласаме за ТРИ моста, нема прво за еден па да размислам за кои други попосле, сега или никогаш!!!!






@Dani
Вие сте личност на која ѝ треба многу простор и сакате слобода за да ги правите работите на свој начин. Преферирате животни патишта кои самите сте ги изградиле, и секогаш имате повеќе опции и можности. Никогаш не сакате да се чувствувате загушено и ограничено. Прилично сте независни, понекогаш и бунтовни, но не сакате да се конфронтирате со другите. Попрво би се откажале пасивно и мирно од некого или од нешто. Не сакате кога сте во брзање, сакате да одвојувате време за уживање во животот. Понекогаш дури сте премногу зафатени со уживање.
343434.jpg





@SuBZerO
Социјални сте и знаете како да реагирате во секоја ситуација. Иако, некои луѓе ќе кажат дека да се биде „чудак“ е благослов, сепак многу почесто тоа носи болка и несфатеност, па имате среќа што нема да го искусите тоа.
20200613_113932.jpg






@pozdrav eden topol
Вие сте оригинална и креативна личност. Главните адути ви се интуицијата, мудроста, радоста, задоволството и љубобопитноста. Светот за вас е место исполнето со мистерија, составено од толку многу различни нешта, ситуации и луѓе кои постојано ја стимулираат вашата фантазија.
Вашиот живот е насликан со многу убави, живи бои и секогаш го гледате низ призмата на креативноста. Сè што ви се случува умеете да го трансформирате во нешто позитивно и никогаш не барате едноставни одговори на животните прашања.
DSC_0558.JPG





@Violetova
Вие го живеете животот со полна пареа, постојано чекајќи да доживеете нешто ново и прекрасно. Сепак, во моментов чувствувате голема агресија во себе. Можеби неодамна сте искусиле силни негативни емоции и имате желба конечно да решите нешто што ве измачува подолг временски период.
Треба да се смирите и да се опуштите. Време е да направите нешто ново. Вие може да извлечете огромна сила од вас, а сепак сте нежна и романтична личност.
DSC05714.JPG





@Forza Milan!!!
Сакате да патувате сами, да размислувате, да анализирате, да носите заклучоци, да си ги средувате сопствените мисли. Тежнеете кон комфорен животен пат на кој има место само за еден. Секако, отворени сте и за други луѓе, но вам на прво место ви е посветеноста на себе и на своите цели. Оригинални сте и проникливи, светот го гледате на уникатен начин. Често и другите имаат корист од вашите совети и размислувања. Може да се рече дека сте осаменик, но кога тоа го сакате многу добро сте поврзани со луѓето и имате полно разбирање на другите.
forza.jpg






@TrendS
Вие сте неверојатно оптимистична личност! Можете да се адаптирате на новите ситуации со впечатлива леснотија. Може да најдете заеднички јазик со луѓето и ретко кога се чувствувате осамено. Силно ги цените сите изрази на љубов, без разлика дали е романтична и пријателска.
Обидете се да не ги судите луѓето според нивниот надворешен изглед и секогаш обидувајте се да ги запознаете подобро.
HPIM1776.JPG






@gjoko-mkd
Ја цените самотијата во сите аспекти на животот. Може да помине долго време, а вие да не ни почувствувате дека сте биле сами. Сакате мир и тишина во животот. Сакате да го впиете сето убаво од природата и животот, и барате значење во сѐ што ве опкружува. Ви не сакате гужви, но ги сакате луѓето. Ги цените автентичните односи и длабоките, смислени разговори.
IMAG0668.jpg





@Комита Ултрас
Може да се изнервирате многу лесно, но кога станува збор за вашиот личен живот знаете точно како да ја решите сложувалката за да го добиете сето она што ви треба.
Вие сте и многу силна личност. Доколку ви се случи нешто лошо или наидете на некои пречки, не ја губите главата ниту смиреноста, туку ќе сторите сè за да дојдете до коренот на проблемот и неговото решение. Вашата чаша е секогаш половина полна и тоа е навистина одлично. Помалце ананас во пица!!!!
IMG_3546crop-01.jpeg




@bijons
Вие сте многу чувствителна личност и искреноста и лојалноста се на прво место во вашата врска. Знаете да простувате и да ги заборавите навредите ако не станува збор за предавство, но не прифаќате лаги и лицемерие. Вие вредите затоа што можете да бидете вистински пријател кој е искрен и секогаш подготвен да помогне. Особено ве ценат поради можноста да добијат корисни совети од вас, што се навистина многу ефикасни.
IMG_6821_tonemapped.jpg





@Human
Нема сомнеж дека сте личност со силна енергија, спонтана и активна. Сакате да го живеете животот на максимум. Лесно ве возбудуваат новите доживувања и познанства. Многу време поминувате фантазирајќи за иднината. Една одлика по која луѓето ве препознаваат е вашата силна интуиција. Знаете да препознаете добри шанси, како на работното место, така и во љубовта, па лесно постигнувате успех.
IMG_20181118_145528.jpg





@Донев
Нема сомнеж дека сте мирна личност и стресот нема влијание врз вас. Радост ви носат едноставните уживања во животот. Емотивно сте стабилни и лесно се поврзувате со луѓето.
Сите пријатели имаат доверба во вас и веруваат дека нема да ги разочарате. Единствена маана ви е што некогаш сте наивни. Главен предизвик во животот ви е да кажете „не.“ Мразите кога ги разочарувате другите.
IMG_20181212_110736.jpg





@Klin
Вие секогаш оставате добар впечаток кај другите поради вашиот фасцинантен ум. За вас мислат дека сте топла, паметна, пријатна личност и тоа е токму она што луѓето го чувствуваат додека разговараат со вас.
Многумина ѝ се восхитуваат на вашата едноставност. Луѓето се чувствуваат сигурно кога се во ваша близина. Но, тие ве сметаат за малку несериозна личност.
IMG_20190220_104300917.jpg





@shutrak
Вие сте лидер, можете брзо да најдете решение во која било ситуација, дури и во најтешката. Ниту еден животен тест не ве заплашува. Вие сте многу комуникативни, но понекогаш зборувате премногу. Имате добро развиена интуиција.
Луѓето за вас мислат дека сте арогантна личност, но тоа не е вистина. Вие едноставно сте горди на себе и ги почитувате сопствените интереси.
IMG_20190501_114347734_2.jpg





@EmilijaS
Вие сте вечни трагачи по мир, и не барате премногу. Многу содржајна личност сте, но едноставно понекогаш не сакате да се трудите. За вас, идеалниот живот е без големи промени и оптоварувања, сигурен и пријатен. Сакате да знаете во што се впуштате, и кога е можно, правите полесни избори. Животот е доволно тежок за да би се занимавале со тешки одлуки и ситуации. Стабилни сте и знаете да ја поддржите околината. Познати сте по својата доследност.
IMG_20200713_171116_1.jpg





срамежливиот
Вашата чувствителност ве прави многу љубезен, дарежлив и сакан член на општеството. Имате желба да ги задоволите потребите на другите. Можеби нема да имате доволно за себе, но ако видите дека некој е гладен, тогаш ќе го жртвувате вашиот оброк за другата личност да не биде гладна. Вашата несебичност е најважната карактеристика што луѓето ја користат за да ве опишат.
IMG_20200717_222604.jpg





@Toto.toto
Овој лик се карактеризира со тоа што поседува најмалку два различни идентитети кои наизменично го контролираат неговото однесување, но не се поврзани еден со друг. Личноста може да поседува и над 50 идентитети и повеќе, а лечењето на оваа болест најчесто е хипноза.
Вие сте зависни и сакате да се грижат луѓето за вас. Иако слободата ви е важна, сепак сакате да бидете подготвени за секаква ситуација
IMG_20200719_193141-02.jpg





@fennel
Она што можеби го игнорирате е фактот што имате свои желби, потреби, чувства, таленти и живот. Ако сте постојано фокусирани на другите, можете да го изгубите тоа што сте бидејќи не се трудите да напредувате, па дури и може да станете зависни да живеете под влијание на тие што им помагате. Одвојте време за себе и не зaбoравајте ги вашите уникатни вредности, истражете ги и искористете ги вашите таленти за да изградите ваше сопствено опкружување.
most quebec.jpg




@abrako
Вие сте многу привлечна и ангажирана личност, космополит, сакате сѐ да пробате. Вашиот сон е животот да ви биде исполнет со бои, возбуда и убавина. За вас, магијата на животот е патот, а не дестинацијата. Љубопитни сте и секогаш сакате да дознаете што повеќе. Секогаш први го започнувате разговорот и имате многу прашања. Духовити сте и имате изразена интелигенција. Луѓето се секогаш насмеани во ваше друштво.
MVIMG_20200626_112748.jpg




@Agda Beata
Секогаш одите напред во животот, дури и ако влегувате во непознато. Не се грижите за последиците, со нив се занимавате подоцна. Вие тежнеете кон непредвидливост во животот, можеби дури и за работи кои другите би ги застрашувале. Ве привлекува сѐ што е непознато, сакате да им пркосите на правилата и често знаете да бидете немарни. Делувате без многу размислување, но воглавно ве прати среќа. Спонтани сте и постојано трагате по нови возбуди, сакате да го искористите времето кое ви е дадено на оваа планета.
агда.jpg




@gurman2
Вие сте смирена и кул личност и имате голема доверба во луѓето. Имате јасна цел во животот и се стремите да ја постигнете, без да обрнувате внимание на другите работи наоколу. Не сакате да се оптоварувате со непотребни грижи и го гледате светот низ розови очила.
гурман.jpg
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.551
@Invader
Вие имате натпреварувачки дух и не сакате ништо повеќе од тоа сите очи да бидат вперени во вас кога ќе ја освоите највисоката планина или најниската длабочина на океанот.
Вие сте вистински авантуристи и сакате да бидете првите луѓе што направиле нешто што сите други се плашат да го направат. Вие сакаат предизвици.
инвадер.jpg



@Matthias
Овој стил на мост укажува на софистицирана личност со многу квалитети. Вие сте добро организирани и ефикасни. Блескате со вашиот амбициозен став и се фокусирате на продуктивност.
Не трошите време на мали работи и внимателноста и сигурноста на секој начин ви е на прво место.
маттхиас.jpg




@Acid
Мостот покажува дека сте личност со индивидуалистички склоности и дека сакате да бидете центарот на вашето постоење. Сакате да им помагате на другите и можете да сочувствувате со сите околу вас, но кога станува збор за изборот, вие верувате само во вашиот личен избор. Не ги слушате туѓите совети и тој избор ќе биде насочен само во ваша корист.
8958729080_0ae90c7bc7_k.jpg



@коцка
Вие сте модератор без сите модераторски опции
IMG_20200717_214346.jpg
Автоматски споено мислење:

те обожавам женооооо....најмногу вредиш на форумов..:):backa:
:smirce:
уште еднаш ако ме наречеш жена, ќе идам цицки ќе си ставам!!!!!
Автоматски споено мислење:

@Let 3 знам дека не гледаш и се крстиш, жал ми е ако ја пореметив малку темава опрости ми
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.694
Поени од реакции
9.530
Аххх..да можеше барем пет гласа...уште Абрако и Коцка ќе ги гласав..вака ги оствив за другпат:(
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Многу јак натпревар,штета што касно видов да се пријавам.
Брао @коцка ептен фино средено.Само се плашам што си ли нагадала мене судејки,по пицата ))))))
Гласав за @pozdrav eden topol @bijons и @EmilijaS .
Емилија а каде се наоѓа овој мост?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.034
Поени од реакции
57.162
Абе кај ми е пораката мене?

Прво си гласам за фотката на другарчето @Matthias ...Тауер Бриџ, еден од најубавите во Европа, па лоша слика од него не може да испадне (со исклучок на мојата).
Второ гласам за фотката на другарот @коцка ...ноќна фотографија, долга експозиција, поштувам!
И за третиот глас се мислев меѓу 10тина фотки, па на крај одлуката падна на фотката на @Human
 
T

Torchyrus

Гостин
@chef_cook ако не се лажам село Зовиќ накај Битола, во последно време доста актуелно место. Има некоја кафана/комплекс или неам поим како да гo речам кај што пред тебе ти спремаат традиционална македонска храна и слично, мислам може и ти да учестуваш во спремањето...
Не знам како e и што е конкретно, сакам да одам да видам.
Нека потврди @EmilijaS
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.551
Многу јак натпревар,штета што касно видов да се пријавам.
Брао @коцка ептен фино средено.Само се плашам што си ли нагадала мене судејки,по пицата ))))))
Гласав за @pozdrav eden topol @bijons и @EmilijaS .
Емилија а каде се наоѓа овој мост?
те чекам тебе на следниот натпревар, да видиш што анализа ќе ти ставам

 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
@chef_cook ако не се лажам село Зовиќ накај Битола, во последно време доста актуелно место. Има некоја кафана/комплекс или неам поим како да гo речам кај што пред тебе ти спремаат традиционална македонска храна и слично, мислам може и ти да учестуваш во спремањето...
Не знам како e и што е конкретно, сакам да одам да видам.
Нека потврди @EmilijaS
Прашувам,точно кај е,зашто сакам да одам,на форумов си испланирав раунд трип ноз Македонија.Мора да си ја запознаам татковината...
те чекам тебе на следниот натпревар, да видиш што анализа ќе ти ставам

само на време да видам,да се пријавам ))))
 
T

Torchyrus

Гостин
Прашувам,точно кај е,зашто сакам да одам,на форумов си испланирав раунд трип ноз Македонија.Мора да си ја запознаам татковината...

само на време да видам,да се пријавам ))))
Google.... Пиши село Зовиќ... и да не е тоа од сликата стави го на агендата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
Прашувам,точно кај е,зашто сакам да одам,на форумов си испланирав раунд трип ноз Македонија.Мора да си ја запознаам татковината...
само на време да видам,да се пријавам ))))
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
:ROFLMAO:
Емилија а каде се наоѓа овој мост?
@chef_cook ако не се лажам село Зовиќ накај Битола, во последно време доста актуелно место. Има некоја кафана/комплекс или неам поим како да гo речам кај што пред тебе ти спремаат традиционална македонска храна и слично, мислам може и ти да учестуваш во спремањето...
Не знам како e и што е конкретно, сакам да одам да видам.
Нека потврди @EmilijaS
Да, село Зовиќ, Мариовско. Ова е над мостот, низ селото и стрелки има така да нема да утниш да стигниш тука.

Имам и други слики да ги намалам оти не се ставаат на форумов и ќе ставам во темата за слики од телефон.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.694
Поени од реакции
9.530
ќе те тагнам, следниот натпревар ќе има еротско толкување на фотките

ја и еротика:pos::pos::pos::pos::pos:...ама сега ке му дадам на некој да ми ги улепша сликите, да ги дотера...ахахххаа..ке видите после:lolzz:..а не само тетке, тетке овде ме викаат:(:(
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
... ова сега како на избор на МИС или Мистер, прво еден глас за убавината на фотографијата, втор глас за текстот на дотичната фотографија и трет глас за симпатијата! :love:
П.С.
...не можам денес да се одлучам, навистина убави фотографии, интересен агол на приод на самиот мост што секоја си има своја приказна и убавина!

:bravobe:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom