Фото натпревар бр. 205: фото за "National Geographic"

Статус
Затворена за нови мислења.

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
National Geographic скоро секоја недела избираат најдобра фотографија на одредени теми или без тема меѓутоа во склад со тоа што го промовираат: географија, природа, луѓе, култури. Ние на овој натпревар би можеле да учествуваме со наши слики кои би сакале да ги презентираме во едно вакво престижно списание :) би било супер да дадете и краток опис под фотката :)
Автоматски споено мислење:

За инспирација. Јас ќе ставам покасно.. Вака без кафе напиена неможам да одлучам.
 
Член од
20 јануари 2021
Мислења
401
Поени од реакции
4.411
Манастир Св. Архангел Михаил, село Чичево
IMG_20210315_084521.jpg
Опис...
Покрај најдобрата традиционална храна, ова ме асоцира на Македонија.
Кога тема за National Geographic би била Македонија, а да не е Охридско Езеро и многу други по комерцијални места, за мене ова е тоа.
А доле, покрај манастирот, права оаза, прекрасно место за релаксација и уживање, со неверојатна енергија.
Секогаш кога одам сум со чувство како прв пат да стапнувам таму. :love:
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297

Лош менаџмент на шумите? Во Чешка во последните неколку години шумите се масовно нападнати од bark beetle. Како стратегија е избрано масовно сечење на шумите и прскање против овие инсекти. Некои од научниците сметаат дека ваквиот менаџмент е лош и дека е потребно регенерацијата на природата да се случи по природен пат. Во меѓувреме слика од шума која постепено се ликвидира.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
...супер идеја за фотонатпревар, како и малку објаснување во две три реченици за фотката зошто би била фотката на „National Geographic“ што би ја преставила Македонија со било која нејзина карактеристика, браво @Петра П. !(y)

Page1.jpg

...од охридска пастрмка до Милениумски Крст, од Осоговскиот манастир до слаткото од незрелите дојрански смокви, од штипска пастрмајлија до тиквешко вино, се решив, за најубавото и најспецифичното во Македонија, нашиот најдобар пријател кучето, но не обично туку негово Височество- Шарпланинец!
...колаж фотка со победникот, спомен за добиеното прво место на кинолошки натпревар со меѓународно учество „Cacib Show“ во Маврово, 2018 год, морав да му честитам на прекрасното куче и да ја почуствувам неговата убавина и моќ!
П.С.
а и тој ја почувствува мојата моќ, иако на почеток беше недоверлив кон мене! :D
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.976
Поени од реакции
14.744
Па со оглед на специфичноста на темава.....дали можи да се договорименаместо една слика да биде колаж лепени слики како Бијонсе????
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Па со оглед на специфичноста на темава.....дали можи да се договорименаместо една слика да биде колаж лепени слики како Бијонсе????
...па според висината на задачата, ејј National Geographic не е шала, мислам дека ќе може, ама ете коцкич нека каже, ако не ја менувам веднаш колаж фотката! :)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063

Црква Св. Јован Канео | Охрид
Една од најпознатите цркви во Охрид се извишува на карпест рид над кристалното езеро. Според иконографските одлики се поврзува со традициите од уметноста на Комнините, Византиска фамилија од Константинопол. Денес важи за еден од најпрепознатливите белези на Македонија, кој плени со неговата едноставност и ненаметливост.
Ама оваа фотографија не е твоја?
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Не, од flickr е има линк под неа од авторот. Треба со наша слика да учествуваме? Нов сум и сеуште скролам низ форум со цел подобро да се запознаам. Ако не исклучете ме од гласањто, сликата нека си стои сепак е убава.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Не, од flickr е има линк под неа од авторот. Треба со наша слика да учествуваме? Нов сум и сеуште скролам низ форум со цел подобро да се запознаам. Ако не исклучете ме од гласањто, сликата нека си стои сепак е убава.
Potrudi se da stavis fotka sto si ja napravil ti. Veruvam deka imas :D
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Да :)
Смени ја со некоја твоја, и тоа е :)
А да во почетниот пост стои дека треба да е наша, јас мислев под наша се подразбира од Македонија хахха. :icon_mrgr:
Имам тон слики од Охрид ама ни одблиску не ја доловуваат неговата убавина ко оваа. Ок е, не гласајте за неа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom