Фото курсеви

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Ја отвораам оваа општа тема за фото курсеви, со цел да споделуваме информации за тоа кој, каде, кога држи курс за фотографија.

Јован претходно имаше отворено тема за фото курс кај Марко Георгиев, меѓутоа покрај неговиот во градов се одржуваа уште неколку курсеви.
Денес на Фејсбук една девојка ме праша за инфо во врска со курс, вчера во живо една другарка... за да го намалиме времето и енергијата потрошени на барање информации за курсеви, предлагам тука да споделуваме вакви информации.

Секако доколку некој посетува некој курс да сподели кратко инфо, импресии, некое дело направено на таков курс (смалени димензии на фотографиите се подразбираат, нели).

Од она што гледам дека уште трае, и претпоставувам ќе трае и понатаму бидејќи цело време се повторува на Офлајн календарот на Он.нет е овој курс.
Дата: 7 октомври – 4 ноември 2008 (вторник и четврток)
Време: 18:00 – 21:00 (20 часа распоредени во 8 сесии)
Место: Македонски центар за фотографија, Мала станица, Скопје
Обучувач: Иван Блажев
Цена: 2000 денари (во цената се вклучени 20 работни часа и трошоци за работа во лабораторија)

Рок за пријава: до 6 октомври 2008 (понеделник)
Контакт: Јасмина Гиева, тел. 071 30 99 94

Курсот има за цел да ги воведе учесниците во основите на фотографија преку обработка на следниве содржини: ракување со аналогна камера, принципи на експозиција, објективи, развивање на филм и изработка на фотографија. Курсот опфаќа предавања, демонстрации и практични вежби преку кои учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за изработка на фотографии. Се препорачува учесниците да поседуваат сопствена аналогна камера. На крајот од курсот ќе се одржи изложба на најуспешните фотографии.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Овој курс не е за фотографирање, туку е за обработка на фотографии.
Adobe Photoshop CS4 за ДИГИТАЛНА ФОТОГРАФИЈА

...тајната на добрата фотографија



НОВИНА во Семос Едукација!
Со новиот курс Adobe Photoshop CS4 за дигитална фотографија:

+ Ќе ги интегрирате моќните алатки на Adobe Photoshop CS4 во процесот на
обработка на вашите дигитални фотографии

+ Ќе се запознаете со чекор по чекор техниките кои денес ги користат
врвните дигитални фотографи и ретушери

+ Ќе се здобиете со јасна претстава кои алатки и подесувања да ги
користите, кога и [cid:image008.jpg@01CA526E.E1422890] зошто
Овој курс содржи голем број на совети и трикови кои ги користат
професионалците за едитирање, изострување, ретуширање и презентација на
фотографии дури и пред најпребирливите клиенти.



* Содржина на курсот:


+ основни и напредни техники во Adobe Bridge

+ основни и напредни техники во Camera Raw

+ алатки за отсекување и промена на димензии

+ Tips & Tricks

+ корекција на бои

+ техники за изострување и отстранување шум


+ техники за маскирање

+ ретуширање портрети

+ корекции на тело

+ специјални ефекти

+ црно-бели фотографии

+ презентации



Потребни предзнаења:


За посетителите на овој курс се подразбира дека имаат основни познавања на
работа со компјутери и следните основни вештини во Adobe Photoshop CS3 како
што се:

+ добро познавање на работната површина на Adobe Photoshop (алатки, палети
и менија)

+ изработка на селекции

+ креирање и работа со layers

+ изработка на маски



Времетраење: 30 часа

Цена: 8.000,00 денари

Контакт: Ангелина Канчевска
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Готово отвараме Учичиште за фотографија и фотошоп таму лежела парата , не ја овде си ја тупам главата со бази од податоци :)

И да не бегаме од темата многу.
Јас знам едно време Андон Давчев држеше курсови во скопје.
 
Член од
16 ноември 2009
Мислења
41
Поени од реакции
4
Знае ли некој дали во блиска иднина ќе започне некој курс, пошто досега што видов се е започнато ако не и завршено ?:nesum::nesum::nesum:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Летна Фото Школа @ Маврово, Хотел Алпина - 16 до 22.07.2010

Летната школа е дел од проектот Поинаков поглед кој е поддржан од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан

Летната школа е наменета эа сите љубители на фотографијата кои самостојно користат фотографска камера. Во рамките на летната школа ќе бидат организирани работилници кои предвидуваат тематски предавања эа пејзажна фотографија и эа техники на снимање, како и практична работа. Практичната работа ќе биде поделена на два дела: снимање (иэбор на мотив, светло, компоэиција) и обработка и аналиэа на снимениот материјал. Заради иэбор на повеќе мотиви при снимањето, во рамките на школата ќе се органиэираат екскурэии во околните места. На крајот на школата ќе биде организирана изложба на најуспешните фотографии. Напоменуваме дека секој слушател треба да поседува сопствен дигитален фотоапарат.

Цена: 15 500,00 денари.
Во цената е вклучено: шест полни пансиони во х. Алпина (www.hotel_alpina@yahoo.com), тематска обука, фото материјали и опрема за обработка на фотографии, иэработка на фотографии эа иэложба и работни екскурэии. Во цената не се вклучени трошоците эа транспорт од местото на живеење до Маврово.
Рокот эа пријавување е 09.07.2009 (петок). За пријавување и подетални информации јавете се на тел. 071 309 993 или 070 231 055

Во продолжение Ви доставуваме кратка информација за секој од обучувачите.
Румен Ќамилов е еден од најафирмираните македонски фотографи, кој професионално се эанимава со фотографија повеќе од 35 години. Потребата да ги прикаже убавините на Македонија и студиоэноста со која приоѓа при снимање на пејсажите, направиле да биде поэнат и надвор од Македонија. Особено е интересно неговото искуство како фотограф на македонската алпинистучка експедиција на Хималаите. Бил долгогодишен предавач по предметот фотографија на Факултетот эа ликовни уметности во Скопје. Автор е на многу фотографски проекти од кои ги иэдвојуваме само оние посветени на пејзажната фотографија: Франција (Париэ 1999 Fenetre ouvert sur Macedonie), Лисабон (1998 EXPO), Проект "Magic lights of Macedonia", Проекти эа Скопје "City of seven gates", "City to be discovered".

Роберт Јанкулоски е фотограф и директор на Македонскиот центар эа фотографија. Предава фотографија на неколку програми во Република Македонија. Има одржано 18 самостојни иэложби во Македонија, Бугарија, Австрија и Србија. Учествувал на многу групни иэложби вклучувајќи ги Манифеста 1 - Европско биенале на современи уметности во Ротердам 1996, Context Europe (Импулс од Балкан) во Лион, 2003. Добитник е на повеќе награди эа фотографија. Има работено како фотограф на долгометражни филмови и има снимено неколку документарни филмови.


П Р О Г Р А М А

16.07.2010 (петок)

12:00 – 13:00 Пристигнување и сместување на учесниците
14:00 – 15:00 Ручек
18:00 – 19:00 Воведно предавање
19:00 – 20:00 Вечера
20:00 – 22:00 Визуелна презентација

17.07.2010 (сабота)

08:00 – 09:00 Појадок
09:00 – 13:00 Предавања и практична работа
14:00 – 15:00 Ручек
17:00 – 20:00 Практична работа
20:00 – 21:00 Вечера
21:00 – 22:00 Визуелна презентација

18.07.2010 (недела)

05:00 – 09:00 Практична работа – фотографирање
09:00 – 10:00 Појадок
10:00 – 13:00 Обработка на фотографии
14:00 – 15:00 Ручек
17:00 – 20:00 Предавања и практична работа
20:00 – 21:00 Вечера
21:00 – 22:00 Визуелна презентација

19.07.2010 (понеделник)

05:00 – 09:00 Практична работа – фотографирање
09:00 – 10:00 Појадок
10:00 – 14:00 Обработка на фотографии
14:00 – 15:00 Ручек
17:00 – 20:00 Практична работа – фотографирање
20:00 – 21:00 Вечера
21:00 – 22:00 Анализа и oбработка на фотографии

20.07.2010 (вторник)

08:00 – 09:00 Појадок
09:00 – 19:00 Студиски излет (фотографирање)
20:00 – 21:00 Вечера
21:00 – 22:00 Обработка на фотографи


21.07.2010 (среда)

08:00 – 09:00 Појадок
10:00 – 14:00 Подготовка на дигитална презентација
14:00 – 15:00 Ручек
17:00 – 19:00 Подготовка на дигитална презентација
19:00 – 20:00 Вечера
20:00 – 21:00 Дигитална презентација
21:00 - Забава

22.07.2010 (четврток)

08:00 – 09:00 Појадок
12:00 Заминување на учесниците
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Марко повторно го отвора студиото за нова група курсисти на курсот по фотографија.
Почнува на 30.09.2010 (четврток) и ќе чини 250 евра.

Повеќе инфо, тука.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
http://0.mk/kurs другото, горе-доле ко у горните постови, сепак повеќе инфо на линкот.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Има ли некои advanced фото курсеви тука, со рецимо признати сертификати? Пошо не ми се фрлаат пари за лепе очи. :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Dude, there is no such thing :)
Владимир А. Велјановски во своето школо држи курсеви поделени во три дела. Основен, среден и напреден курс. Секој чини по 9000 денари.
Марко Георгиев можеби ќе има напредна група на есен, ама он никогаш не прикажал сертификат кога барал работа (New York Times, Getty Images...) па затоа не печати сертификати за своите ученици :)

Бај д веј, што ќе ти е сертификат?
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Dude, there is no such thing :)
Владимир А. Велјановски во своето школо држи курсеви поделени во три дела. Основен, среден и напреден курс. Секој чини по 9000 денари.
Марко Георгиев можеби ќе има напредна група на есен, ама он никогаш не прикажал сертификат кога барал работа (New York Times, Getty Images...) па затоа не печати сертификати за своите ученици :)

Бај д веј, што ќе ти е сертификат?
Незнам онака :) Малце ми е смотано да отидам на курс, и тоа е тоа. Пошо ми се деси да ми побараат сертификати во една фирма, нема сеа да именувам, затоа реков :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
ЊТФ?! Дај кажи која фирма е, да знам да склепаме у фотошоп некој фалц сертификат :)
И онака у земјава има миљон луѓе кои имаат дипломи дека знаат англиски а знаат само да кажат хелоу мај нејм ис.... и фак ју.

Или прати им ги фотките згужвани у пауер поинт презентација и кажи им дека на изложбата имаше гоооооолема посетеност.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Од утре, понеделник, почнуваат уписите за курсот кај Марко Георгиев. Курсот започнува на 15ти септември. Цена, 150 еври.
ФБ пејџ.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Почитувани,
Овие денови се повеќе слушам дека се што сакам, можам да научам од ИНТЕРНЕТ. Така е !!!

Меѓутоа никогаш не сум слушнал : "дипломирав во класата на ИНТЕРНЕТ", "магистрирав во класата на ИНТЕРНЕТ".....

Исто така не сум слушнал некој да стане познат фотограф, лекар, адвокат и да каже "станав фотограф во класата на ИНТЕРНЕТ".

Да некој собере познавања употребливи и професионални, треба да направи напор, да жртвува време и пари, за да се здобие со знаења доволно вредни и употребливи - со еден збор ИСПЛАТЛИВИ до крајот на својот живот. Инвестирајќи во сопственото образование, Вие вложуваме не само во својата иднина, туку, во својата независност и сопствен интегритет.

Сето ова е сосема добра основа да се запрашаме :
- дали сакам да бидам комплетно визуелно писмен,
- дали објективно и компетентно да можам да ги оценам моите и фотографиите на моите колеги фотографи,
- дали сакам да знам што на филмот значи смена на планови по крупност,
- дали можам да изуживам во визуелните уметности,
- дали сакам да можам да направам комплетна концепција на фотографијата
ПРЕД да го кренам апаратот....

ДАЛИ САКАМ ДА БИДАМ ВИЗУЕЛНО ПИСМЕН ?

Нескромно, сметам дека доаѓањето во моето училиште Ви дава шанса да на светот, во визуелна смисла, гледате многу поинаку !!!
Знаењето руши многу бариери, а од друга страна Ви отворa и многу врати во животот.
ART PHOTO SCHOOL од 5-15 септември формира НОВИ ГРУПИ.
Школото се состои од 8 степени по еден месец, со по два часа неделно, составени од теорија и пракса.
Термините за часови ( ден и време ) се по договор на групата.
Секој степен чини 2700,оо ден.
Промотивни цени за групи.
Плаќањето се врши на фактура воспоставена од ПАТЕНТЕН ЦЕНТАР на авторско име.
Доколку сте заинтересирани можете да дојдете во студиото на ART PHOTO на консултации .

За договор контактирајте не на :

мail vaav2002 ет yahoo.com
телефон 075 59 37 59 Владимир А. Вељановски

Извор: http://www.artphoto.byethost11.com/
075 241 952 ; 070 530 222 Антова Искра
 

Kajgana Shop

На врв Bottom