Фото курсеви

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Хух... види го инфото на овој и овој линк. Јави се би требало да имаат нешто во план. Јас скоро година дена сум надвор од земјава па имам малку изгубено контакт со тие кругови.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372


Имаш фото апарат и желба да станеш одличен фотограф? Не го пропуштај Курсот за Дигитална фотографија со вклучени часови за теренска настава, Photoshop обработка и онлјан продажба по цена од само 9.900 денари! Почеток на 4 февруари 2013, понеделник и среда, од 17:30 до 20:00 часот. Ако немаш добар фото апарат можеш да користиш и наш. Резервирај го твоето место на 078 499 771, 3097 404 или julijana.acovska [at] seavus.com.

Курсот по дигитална фотографија го држи Тоше Огњанов. Повеќе за неговата работа на http://www.facebook.com/pages/Tosh-Photography/195671970466551?fref=ts

Курсот опфаќа 36 часа, распоредени во 6 недели, по два термина неделно. (1 час = 45 минути, отприлика).
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Нова група кај Џолев. Следи инфо:

Вистинските љубители на фотографијата по трети пат ќе имаат можност креативно да ги искористат вредностите на фотографијата од технички, ликовен и драматуршки карактер, каде по завршувањето на дванаесет неделниот курс, учесниците своите најдобри дела ќе ги промовираат на заедничка изложба.



„Паралелно се подготвуваме за изложбата „Портрети“ на групата во заминување и почетокот на новата група, каде уписите се во тек. Со задоволство секогаш нагласувам дека предавањата се поставени на еден нетрадиционален начин, полни со изненадувања, кои ги провоцира учесниците да создаваат со насмевка.“ Изјави Дејан Џолев, инструктор на курсот по фотографија.

Подетално за програмата на курсот.

„Изминатиот период 16 слушатели имаа можност да ги совладаат техничките можности на фотоапаратот, преку еден методолошки пристап од истражување, скицирање, запазувајќи ги основните вредности на фотографијата: естетиката, драматургијата и симболиката, сето тоа до финален производ преку постпродукција на фотографијата. Десет од нив: Ана Шумановска, Бојан Најденов, Гоце Матески, Ѓорѓи Лучков, Жаки Степаноска, Зафер Куртеси, Нора Николоска, Љупчо Деспотовски, Силвија Стојановска и Теона Манговска, ќе изложат дел од последните две работни задачи, и тоа вежбите од портретна и вежбите од модна фотографија.“ додаде Џолев.



Изложбата ќе биде отворена на 16-ти фебруари од 20:00ч. во Њу Орлеанс (Стара чатшија). Додека истиот ден од 13:00ч. ќе биде одржан првиот час, на новата група, која ќе биде во ограничен број од 10 слушатели.

Курсот го води мултимедијалниот артист Дејан Џолев во организација на ПСМ Фондација во соработка со предавачи (и модели) од најразлични уметнички дисциплини: Милан Стрезовски (фотоновинар), Васко Марковски (фотоновинар), Антонио Митриќески (филмски режисер), Теа Беговска (театарски режисер), Илчо Симовски (ликовен уметник), Мелани Димитровска (моден дизајнер), Јелена Јованова, Наташа Петровиќ, Нина Деан, Игор Стојчевски, Дениз Абдула, Борче Начев (актери), Ана Данчевска, Лидија Костадиновска, Јана Марковска, Сара Миленковска (модели).

Повеќе на фејсбук фан пејџ.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
944
дали ке има годинава вакво нешто организирано? Фала
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Центар за обука ЕВA
(Едукативна вокациска асистенција)
ул. „Мајка Тереза“ бр.13А, 1000 Скопје
Тел. 02 3256 262, 078 23 13 23
Email: eva.center@yahoo.com
Website: www.tc-eva.com
Facebook: fbl.me/eva


Создадете своја визуелна умeтност и изразете се креативно

Преку овој курс за фотографија ќе се обидеме да ве научиме како да го извадите максимумот од вашите фотоапарати и ефикасно да ги пренесете своите идеи во интересни фотографии, да се изразите креативно и да создадете своја визуелна уметност. Курсот е наменет за фотографи аматери, како и за почетници кои сега ги прават првите чекори во фотографијата или пак поискусни кои сакаат да ги усовршат и збогатат своите знаења. Целта е преку теориска и практична работа да научите како да ја цените фотографијата, и како со опремата што ви е на располагање да направите убави и интересни фотографии, Овој курс е за сите оние кои ја доживуваат фотографијата како јазик за изразување на сопствените идеи, ставови, забелешки, визии. Покрај теоретскиот дел курсот опфаќа и многу практична работа со примери, но и фотографирање на различни субјекти во реални ситуации и настани.

Часовите се одржуваат еднаш неделно, најчесто во сабота попладне, траат по 120 минути а целиот курс трае три месеци. Курсот чини 12.000 денари и има можност за плаќање на 3 рати. Наставата се одржува во Центар за обука ЕВА, како и во професионално фотографско студио и на терен, во природа.

Оние што ќе го посетуваат курсот ќе имаат можност да земат учество во некои проекти и фотографирања во студио и на терен и веднаш да стекнат вредно искуство и можности.

Центар за обука ЕВА досега има организирано 5 успешни курсеви по фотографија кои завршиле со изложба на фотографии и проекција на фотографии.



Предавач на курсот е еден од најдобрите и најдокажани фотографи кај нас Наке Батев, кој има дипломирано уметничка и применета фотографија на Националната академија за театар и филм во Софија, а моментално работи како уредник на фотографија во дневниот весник “Вечер” како и за германската фотографска агенција “ЕРА”, преку која негови фотографии се објавуваат низ целиот свет, во етаблирани весници, магазини и сајтови. Наке Батев важи за сестран фотограф кој е исклучително добар во повеќе типови фотографија: новинска, репортажна, пејзажна, астро, модна фотографија итн. Од почетокот на издавањето до крајот е официјален фотограф на македонското издание на “Плејбој”. Батев има одржано многубројни самостојни и групни изложби во земјава и странство, реализирано многу фотографии за рекламнин постери и театарски претстави, како и репродукции на истакнати уметници за изработка на каталози и монографии. Добитник е на многу престижни награди меѓу кои најдобра фотографија во Европската фото агенција, Гран При награда на едноминутен филм на 10-от филмски фестивал во Скопје, втора награда за фотографија по повод “Денот на Европа”, награда за студентиски филм на фимскиотфестивал “Браќа Манаки” во Битола итн.

Концепт на курсот:

Почетоци на фотографијата (запознавање со различите типови на фотоапарати)
Најинтересни фотографи од историјата, претставници на одредени жанрови
Основна фотографската опрема и вештини за нејзино правилно користење
Композиција, кадар, светло
Основи на работа со светло во студио и на терен
Пристапи на кадрирање
Основи на техники – бленда, експозиција, мерење, колор баланс итн.
Запознавање со различите типови на фотографија - портрет, пејзаж,
макро, концертна фотографија, новинска фотографија, астро фотографија, модна фотографија итн.



Курсот почнува на 12-ти октомври, кoга е закажана и првата средба. Пријавување до 8-ми октомври.Бројот на слушатели е ограничен поради ефикасност на курсот.

Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на нашите телефонски броеви 02 / 3256 262, 078 / 23 13 23 и нашата e-mail адреса contact@tc-eva.comи eva.center@yahoo.com или лично во Центар за обука ЕВА од 10:00 до 18:00 часот.

Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА 210-067122310140 - Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака : „За курсот за фотографија“.

За сите подетални информации можете да не’ конктатирате телефонски или на e-mail.

Посетете ја нашата веб страница www.tc-eva.com и
Facebook профил https://www.facebook.com/centarzaobuka.eva
Facebook Fan страница https://www.facebook.com/pages/Training-Center-EVA-Educational-Vocational-Assistance/254339434585021?ref=hl
Facebook група https://www.facebook.com/groups/207146506002420/
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ФОТОГРАФИЈА

Место: Македонски центар за фотографија
Времетраење: 25.10.2013 до 03.11.2013 година
Обучувач: Драги Неделчевски
Цена: 5800 денари (во цената се вклучени 20 работни часа
Рок за пријавување: 24.10.2013 (четврток)
Контакт: Лидија Пајевиќ, 071 309 993

Краток опис на курсот

Курсот има за цел да ги воведе учесниците во основите на дигиталната фотографија преку обработка на следниве содржини: појава на дигиталната фотографија; дигитални фото камери, мемориски картички, сензор и објектив; креативна употреба на експозицијата; боја и температура на боја; формати на эапис: RAW, TIFF, JPEG. Курсот опфаќа предавања, демонстрации и практични вежби преку кои учесниците ќе се стекнат со теоретски знаења и практични вештини за изработка на дигитални фотографии. На крајот од курсот ќе се одржи презентација на најуспешните фотографии.

Кратка биографија за обучувачот

Драги Неделчевски (роден 1958) е соработник на Македонскиот центар за фотографија. Во 1980 година го основал Фотокино Студиото во Тетово. Во 2003 година го основал Фотокино клубот „Тетово“, подоцна Фото групата „Чкрап!“ од Тетово. Има одржано 6 самостојни изложби во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина. Учествувал на многу групни изложби вклучувајќи ги Фотомедиа и Денови на македонската фотографија, како и на групните изложби на Фото групата „Чкрап!“. Добитник е на повеќе награди за фотографија. Носител е на звање Фотограф I класа. Има снимено неколку краткометражни документарни и експериментални филмови.

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА

25.10.2013 (петок) 19:00 – 21:00
Теоретски дел. Појава и развој на дигиталната фотографија. Сличности и разлики меѓу класичната и дигиталната фотографија. Најзначајни имиња во фотографијата. Основни елементи на дигиталните фото камери. Објективи, поделба и карактеристики. Предавањето е пропратено со визуелна презентација и демонстрации.

26.10.2013 (сабота) 11:00 – 15:00
Теоретски дел. Креативна употреба на објективите. Основи на светло и композиција. Начини на одредување експозиција. Боја и температура на боја. Формати на запис: RAW, TIFF, JPEG. Предавањето е пропратено со визуелна презентација и демонстрации.

27.10.2013 (недела) 11:00 – 15:00
Теоретски дел. Креативна употреба на светло и композиција.
Практичен дел. Креативна употреба на светло и композиција во пракса.
Заедничко фотографирање во екстериер на однапред договотена тема.
Во периодот од 28.10.2013 до 31.10.2013 слушателите фотографираат самостојно или во група врз основа на насоките од обучувачот.

01.11.2013 (петок) 19:00 – 21:00
Практичен дел. Пренос на снимените фотографии во компјутер. Анализа на фотографиите и обработка на снимениот материјал во Photoshop.

02.11.2013 (сабота) 11:00 – 15:00
Практичен дел. Анализа на фотографиите и обработка на снимениот материјал во Photoshop.
Во текот на викендот слушателите повторно сами фотографираат доколку, врз основа на предходната анализата, оценат дека имаат потреба

03.11.2013 (недела) 11:00 – 15:00
Практичен дел. Избор на најдобри фотографии за изложбата. Дигитална обработка на фотографиите. Подготовка на фотографиите за презентација.

FB event
 
Член од
12 август 2012
Мислења
317
Поени од реакции
100
Во Куманово, има бесплатен курс се дигитална фотографија,фотошоп бесплатно :)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
нешто апдејт, што курсеви има
основни напредни, специјални,..
освен тој во ЕВА
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.020
Поени од реакции
20.762
Некој почетнички курс за фотографија? Колку часа, цена, дали се исплати да одиш, добиваш ли сертификат нешто (ако ти е уопште потребен) или исто ти се фаќа онлајн да се едуцираш на таа тема?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372

Kajgana Shop

На врв Bottom